Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 67

   

Избор

Немирна вода!

Заврши Регионалниот проект за Дунав (РПД), иницијатива на УНДП-ГЕФ вредна 17 милиони долари. Филип Велер, извршен секретар на Меѓународната комисија за заштита на реката Дунав (МКЗРД), зборуваше за идните предизвици на ова речно подрачје.

Дали резултатите од проектот Дунав (ДРП) ги задоволија вашите очекувања?
Многу добри нешта се случија во околината на Дунав, но с$ уште не сме ја достигнале точката на неповратна позитивна промена. Чувствувам дека инвестициите од УНДП-ГЕФ (Програмата за развој на Обединетите нации – Глобална помош за животната средина) беа успешни. Имаше огромно подобрување во физичката средина, а што е уште поважно, во способноста на регионот да се справи со прашањата, да се соочи со механизмите на соработка и да ги зајакне истите. Секако, ИЦДПР не би била толку силна институција каква што е денес без ДРП. Заминувањето на ГЕФ не е лоша работа, бидејќи со тој чекор, одговорностите повторно се враќаат на државите. Во секој случај, поголемиот дел од финансиите за активностите што беа преземени беа од самите дунавски земји, додека парите од ГЕФ служеа како катализатор, кој помогна да се случи  промената.

Конечниот успех на овие активности беше мобилизацијата на заедничко разбирање на потребата за промена, за спремноста и волјата за промена и за каталитичко дејствување. Средствата од ГЕФ помогнаа во катализата и ги зајакнаа институциите и способноста на луѓето да ги прават оние работи за кои е јасно дека се способни да ги направат.

Што ќе треба подунавските земји да направат во иднина?
Ќе треба да се донесат одлуки за намалување на загадувањето. Ќе треба да инвестираат, како компаниите, така и владите. Ќе треба да се мобилизираат ресурси за изградба на отпадни станици во оние области каде тие не се достапни, или да се сменат политиките и акциите во поглед на земјоделството, а со цел помало загадување. Владите ќе треба да проверат дали проектите за навигација и изградба на централи ја земаат предвид заштитата на животната средина и дали неопходните инвестиции, како што се протоци за риби или слични компоненти, ќе бидат инкорпорирани во истите.

Најверојатно, ќе биде потребна и одредена надворешна помош за некои проекти во некои потсливови во подолниот тек на Дунав, како на пример кај реката Прут, Делта Дунав или сливот на реката Сава.

Она што сега ќе го изјавам (за владите во регионот) е дека лесната работа останува зад нас. Според Рамковната директива за води на ЕУ, анализиравме што треба да се случи во иднина, какви инвестиции треба да се направат и какви акции да се преземат. Се надевам дека тие се подеднакво ентузијасти и доволно посветени на инвестирање средства и дејствување во моменти кога тоа нема да биде најпопуларно.

Колку ќе чини сето тоа?
Се уште се обидуваме да ги прецизираме неопходните трошоци, но јасно е дека се потребни милијарди евра за целиот басен на реката Дунав. Но, секако, не е с$ во парите. Промената на политиките можеби не чини многу, но е тешко остварлива. Владите ќе треба да го сменат начинот на размислување кај луѓето, нивниот начин на однесување и начините на кои се преземаат одредени акции. Ќе биде потребна  примена на нов, поинаков пристап во областите како што се земјделството, користењето на концентрирани лесно разградливи детергенти во градовите, како и менаџирање на отпадните води.

Како би ги оцениле напорите на РЕЦ за учество на јавноста и грантовите за граѓанското општество?
Не постои друга организација која поседува капацитети во сите земји како РЕЦ. Компонентата „учество на јавноста”, раководена од страна на РЕЦ, произведе неколку одлични примери на национално ниво. Пилот-активностите, создадените производи и користените модели, беа извонредно корисни. Се случија голем број иновативни и интересни нешта со помош на мали грантови, управувани од страна на РЕЦ, но не сум сигурен дали и како би можеле да ги оцениме. Секако, постои потреба од постоечката експертиза, меѓутоа РЕЦ, онака како што беше оригинално замислен, се чини дека повеќе не е потребен во Централна и Источна Европа. Потребата од РЕЦ во почетниот процес на транзиција во централна и источна Европа беше огромна, особено во поглед на мобилизацијата на ресурси и канализирање на истите, особено во граѓанските групи, како и во поглед на помагање одредени луѓе во владата. Таа улога сега се смени. Сега повеќе не го гледам РЕЦ како советодавна институција. Важен е фактот што РЕЦ има јасна претстава за својата улога и на тој начин другите ГО или владините институции ќе знаат како да го искористат она што јасно претставува широка мрежа на експертиза.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA