|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Поповод објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед и предизвиканите насилни реакции
Заедничка осуда
Истакнати религиозни лидери во Норвешка заеднички го осудија објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед како и насилните реакции кои беа предизвикани со тоа.
Членовите и водачите на Исламскиот совет на Норвешка, Христијанскиот совет на Норвешка и Црквата на Норвешка објавија заедничка изјава по средбата во Осло, одржана на 3 февруари 2006 година.
“Особено позитивно е што религиозните лидери во Норвешка заеднички го осудија објавувањето на контроверзните цртежи на пророкот Мухамед и го подвлекуваат фактот дека заеднички ги отфрлаат сите форми на насилство или закани за насилство. Исто така сум задоволен што ова е потврда на мандатот на Норвешката црковна помош како црковна организација што спроведува хуманитарни активности заедно со – и за – муслиманските организации во многу држави,” рече Зомерфелдт.
ДЛАБОКО ВОЗНЕМИРЕНИ
“Особено е важно што имаме заедничко гледиште за ова прашање. Повредата на една религија е повреда и на другите религии. Јас сум длабоко вознемирен што норвешкиот весник Магазинет, издание што себеси се нарекува “христијанско”, се одлучи да ги објави овие слики. Делото на Магазинет демонстрираше недостаток од расудување и разум. Неговиот уредувачки тим мораше да знае дека тие ќе ја навредат верата на другите и јас се извинувам за тоа,” вели Оле Кристијан Кварме, бискуп на Осло. Тој го посочи фактот дека Магазинет на ниту еден начин не е поврзан со Црквата на Норвешка.
АПЕЛ ОД КИРГИЗСТАНСКИТЕ НВО
Драги пријатели и колеги!
Со ова киргизстанските НВО – партнери на данските, холандските, германските, норвешките, англиските невладини организации повикуваат на голема загриженост околу насилството, кое произлезе како реакција на објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во данскиот весник „Јиландс-Постен” и другите европски масовни медиуми и нападите врз европските амбасади во муслиманските држави.
Споделувајќи го чувството на индигнација на многу Муслимани, чии религиозни чувства беа навредени, убедени сме дека тоа не треба да биде оправдување за насилството кон луѓето кои не се одговорни за ова објавување. Истовремено, сигурни сме дека слободата на мислење и изразување од Декларацијата за човекови права не го вклучува правото да се навредуваат религиозните чувства на верниците. Овој принцип важи за сите религии.
Апелираме до сите Муслимани да не подлегнуваат на влијанието на провокациите и да ја задржат вербата во високите културни вредности на Исламот. Тоа е неопходно за зачувување на интегритетот на нашата планета.
Изразуваме надеж дека во земјите во кои имаше и се уште има насилство ќе завладее мир, тишина, мудрост и толеранција.
ПОЗДРАВ ОД ДАНСКАТА ЦРКОВНА ПОМОШ!
Сигурно ја проследивте дебатата и настаните по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во данскиот весник Јиландс- Постен пред четири месеци. Веруваме дека слободата на изразување мора да биде третирана со одговорност и почит за чувствата на другите луѓе. Затоа ние од Данската црковна помош би сакале да го изразиме нашето длабоко жалење што Муслиманите од целиот свет беа повредени од карикатурите отпечатени во весникот. Сфаќаме зошто овие цртежи ги сметаат за навредливи и сметаме дека оригиналната идеја на весникот да ги објави е неразмуна и непотребна, што само може да придонесе за понатамошна поларизација во нашата држава и во светски рамки.
Но, како што сите знаете живееме во држава каде со закон се гарантира слободата на изразување и каде можното кршење на слободата на изразување може да заврши пред суд. Исто така и весникот Јиландс-Постен се извини за повредата на чувствата на толку многу Муслимани низ целиот свет. Се надеваме дека ова може да биде првиот чекор кон смирување на реакциите низ целиот свет, што се чини дека излегоа надвор од контрола.
Данската црковна помош од своето основање во 1922 година има отворен дијалог и соработка со партнерите во цела Европа – Христијани, Муслимани и граѓанското општество како целина. Според наше мислење, овој дијалог мора да продолжи, па дури и да биде зајакнат во овој момент. Се надеваме дека со таков придонес ќе ја дадеме нашата мала поддршка за обновување на довербата и дијалогот и се надеваме дека данската влада и другите дански организации ќе го сторат истото.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|