Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 30 Септември 2003  Избор

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Избор

Македонска работа

Македонија е клучна за стабилноста на Балканот и треба да биде повикана во НАТО што е можно поскоро, пишува неодамнешниот посетител на Македонија, Дејвид Камерон

10 септември, 2003, среда

„Да расчистиме една работа. Минатата недела, некојси, по име Чакала, детонирал две бомби пред зградата на вашата влада. Полицијата не сака да го фати, бидејќи меѓународната заедница им кажала да не ги разгоруваат етничките тензии. Тој е толку самоуверен поради немоќта на полицијата, што го објавува бројот на својот мобилен телефон во локалниот весник. И вие токму него тукушто го побаравте на телефон?“

„Да. Добредојде во Македонија.“

Признавам, ове не е типичен разговор кој го водам на вечера. Но е прилично точно резиме од еден разговор кој го водев минатата недела во една прекрасна вила на ридовите над Скопје, главниот град на Република Македонија. Згора на сe, и вистина е.

Секако, технички, мојот сосед требаше да рече: „Добредојде во Поранешната Југословенска Република Македонија“, бидејќи тоа е точното име на оваа мала, но прекрасна земја, ставена во сендвич помеѓу Грција, Албанија, Србија и Бугарија. „ПЈР Македонија“ ја изгласа својата независност  во 1991 за време на распадот на Југославија и уште оттогаш се обидува да си го пробие својот пат.

Не е лесно. Причината за долгото име е тоа што Грција жолчно се жалеше дека Македонија веќе постои како област  во Грција, така што не може да биде и посебна држава. Ова делува екстремно дрско. Грците имаат своја сопствена држава, сопствено име и огромна финансиска поддршка откако станаа дел од ЕУ. Овие луѓе - Македонците - неодамна се ослободија од комунизмот и немаат речиси ништо. Како грчката ситничавост да не е доволна - Албанците сонуваат да вклучат голем дел од ПЈР Македонија во Големата Албанија, додека Бугарите, пак, ја сметаат земјата какао дел од Голема Бугарија.

Сепак, според она што јас можев да го видам, земјата - која јас решително ја нарекувам Македонија - има совршено право да постои. Најголемиот број од населението се Македонци, со свој посебен јазик, култура и историја. Посиромашна е од некои други поранешни југословенски земји, но многу побогата од Албанија. Луѓето се цивилизирани, пријателски и високо образовани. Дури и мојот туристички водич имаше универзитетска диплома по економија.

Секогаш е тешко да умеете да дадете одговор на прашањето: Што ќе сторите за да ни помогнете? Но, во оваа прилика, јас го имав одговорот. Отсега па натаму, нашиот ценет европски пртнер ќе го викам „Поранешна отоманска сопственост - Грција“ (ПОСГ).

Во ред, признавам. Она што делумно ме донесе во Македонија беше можноста да го гледам важниот меѓународен натпревар помеѓу Англија и Македонија (и пред некој да извика „ѓубре“, да кажам дека јас си го платив авионскиот билет и ги доставив сите детали до регистарот на финансиските интереси на членовите на Парламентот.

Понатаму, ме возбуди и помислата на можноста да се сретнам со англиската репрезентација, да се дружам со нив. Бидејќи јас можам да именувам само околу три играчи од екипата за која навивам со пола срце (Астон Вила) и не ги разбирам многу правилата за офсајт, бог знае за што ќе разговаравме. Всушност, и покрај тоа што престојував во ист хотел со тимот на Англија, ми успеа речиси невозможното - не се запознав со никој, ниту пак видов некој од англиските играчи.

Но, бев на натпреварот. Притиснат помеѓу масите македонски навивачи, на натпреварот за кој фудбалската асоцијација рече дека обожавателите на англиската репрезентација треба да го избегнуваат, би сакал да мислам дека тивко си го одработував својот дел, покажувајќи им на нашите момци дека не сме ги заборавиле. На настанот на кој момчињата на Свен победија со 2:1 во една релативно неповрзана игра.

На илјадниците написи за Дејвид Бекам, јас едноставно би го додал  ова: надвор од теренот, очекувањата од неговата игра беа превисоки. На теренот тој беше  двојно чуван, агресивно се стартуваше на него и беше бурно исвиркуван од толпата секогаш кога ќе ја освоеше топката. Сепак, тој играше како бог, ја подаваше топката со милиметарска прецизност и го подигаше моралот на англиската репрезентација со приказ на брзина и храброст. Сите политичари знаат што се тоа превисоки очекувања. Но, да се има такви очекувања и тие да се надминат, е нешто за кое можеме само да сонуваме.

Можеби не го запознав Бекам, но запознав голем дел од македонската политичка елите. Во една толку малечка земја, можете за неколку минути да стигнете од канцеларијата на Претседателот до онаа на неговите поразени, а потоа до штабот на партијата, па до комисијата за антикорупција и до Врховниот суд. Добро, можеби не за толку кратко време, но сепак не ни толку далеку.
И, што научив од сето тоа. Дали сум јас само уште еден кој патува на државен трошок - или пак оваа мешавина од лош фудбал и висока политика, барем делумно едуцираа еден од вашите парламентарци? Јас би гласал за второто. 

Македонија можеби е само мала земја со нешто повеќе од 2 милиони жители, но е клучна за стабилност на Балканот. Исто како и во Босна и на Косово, постојата етнички тензии, во овој случај помеѓу мнозинството Македонци и малцинството Албанци. Но најголемиот конфликт во Македонија се избегна преку дијалог, меѓународно вклучување и здрав разум од страна на македонскиот народ кои ги поддржаа своите политичари кога го потпишуваа Охридскиот договор и им дадоа великодушни малцински права на Албанците.

Конфликтот можеше да биде крвав и можеше да се разлее, доколку Албанија ги поддржеше етничките Албанци,  Србија, православните христијани - Македонците, а Бугарија и Грција секогаш во опасност да бидат вовлечени во некакви територијални расправи.

Па кој е тогаш одговорот? Навистина едноставен. Дозволете им на Македонците да влезат во НАТО и гарантирајте им ги границите. Обезбедете една рамка за брз влез на поранешните југословенски републики во ЕУ, за да можат да имаат корист од слободната трговија и структурните фондови. Да го признаеме фактот дека Македонија плати доволна цена со тоа што се грижеше за албанските бегалци од Косово за време на војната - и да и дадема помош заради тоа. Над сe, да останеме вклучени и да му ја дадеме на регионот стабилност која толку многу му е потребна.

Ве молам, простете ми за моето кратко патување на државен трошок. Најпосле, можеби ми е и последно. Следната година, Олимпијадата ќе се одржи  во Поранешната отоманска сопственост - Грција. Некако ми се чини дека нема да бидам повикан.

Дејвид Камерон е член на британскиот парламентот - конзервативец и заменик-лидер во сенка на Долниот дом. Тој пишува двонеделна колумна за лондонскиот весник „Гардијан“  (www.politics.guardian.co.uk).

 

©MCMS - designed by KOMA