|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Шест години “Граѓански свет”
Приближување на концептот и суштината на граѓанското општество
Пред точно шест години, поточно во февруари 2001 година, излезе првиот број на „Граѓански свет”, по пилот-бројот, кој како „пробен балон” беше издаден еден месец порано, во јануари. Списанието сите овие шест години излегува непрекинато, со 11 броја годишно.
Зошто „Граѓански свет”? – прашува во воведникот на пилот-изданието директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Сашо Клековски, кој сите овие години е и главен и одговорен уредник на списанието. Ќе парафразираме дел од неговиот неколкуслоен одговор на тоа прашање, заедно со неговото цитирање на зборовите на Зоран Костов во написот „Зошто НВО-исти, а не материјалисти, надреалисти или дефетисти?”: списанието се понуди како одговор на неразбирањето, или понекогаш лошото разбирање за граѓанското општество кај дел од јавноста, вклучувајќи ја и т.н. општествена елита, па и државните органи.
Можеби, по шест години, некое истражување ќе потврди дека одредено ниво на разбирање на граѓанскиот сектор е сепак постигнато. Колкава притоа би била улогата на „Граѓански свет”, тоа хипотетичко истражување не би можело егзактно да се потврди (пред с$ поради недостиг на претходно нешто кое би служело како репер); сепак, и покрај опасноста да бидеме обвинети за пристрасност, веруваме дека списанието има свој удел во подоброто разбирање на суштината и на концептот, па и на важноста на граѓанското општество во македонската држава. Не само поради рубриките кои поимот „граѓанско општество” и неговите сегменти ги толкуваат теоретски (како на пример рубриката „Концепти”), туку и поради практичното приближување на активностите на тој храбар нов свет кој израсна во нашата држава; поради зафаќањето во проблемите кои се заеднички за сите „светови” – сиромаштијата, образованието, човековите права; поради сликовитото репортерско приближување на случувањата; поради можноста за размена на мислења и дебатирање; поради отворањето на прозорците кон странските искуства и практики – и поради многу други нешта, за чие набројување и елаборирање просторов е кус...
М.И.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|