|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
НВО И СОВЕТ НА ЕВРОПА
Правила за партиципативниот статус на меѓународните НВО во Советот на Европа II
Процедура за доделување партиципативен статус 10. Генералниот секретар ќе има листа на МНВО со партиципативен статус во Советот на Европа.
11. Секоја МНВО којашто сака да влезе на оваа листа треба до генералниот секретар на Советот на Европа да поднесе три примероци од апликацијата, на француски или на англиски јазик, по можност и на двата официјални јазици на Советот на Европа. Апликацијата треба да ги содржи следните документи: а. Статутот на МНВО; б. листа на организациите-членки со француски или англиски превод на името на овие оганизации, како и приближен број членовите на секоја од тие организации; ц. извештај за активностите во претходните две години; д. изјава дека ги прифаќа принципите изнесени во статутот и другите основни текстови на Советот на Европа; е. официјален формулар за аплицирање во којшто јасно ќе појасни: - зошто аплицира за партиципативен статус во Советот на Европа; - како смета дека ќе придонесе и ќе учествува во активностите на Советот на Европа (како што е изнесено во нејзините тековни програми на активности); - на кој начин смета дека може да даде таков придонес (студии, извештаи, претходна работа во засегнатите полиња, експертиза на членовите на организацијата во соодветните области, итн.); - каква практична соработка е веќе остварена со соодветните оддели на Советот на Европа; - со какви средства и пред каков аудиториум би ја претставила работата на Советот на Европа.
12. Одлуката да и се додели партиципативен статус на некоја МНВО ќе ја донесе генералниот секретар на Советот на Еропа и ќе се базира на гореспоменатите критериуми. Генералниот секретар исто така може да ги земе предвид главните приоритети на програмите на активностите на Советот на Европа, како и можното проширување на МНВО во дадениот сектор на дејствување.
13. Генералниот секретар ќе ја соопшти листата на МНВО на кои тој/ таа има намера да им додели партиципативен статус на Комитетот за врски на МНВО, којшто ќе мора да го даде своето мислење најдоцна два месеци по најавата на генералниот секретар
14. На истекот на тој временски рок, одлуката на генералниот секретар ќе подложи на премолчено одобрение од страна на Министерскиот комитет, Парламентарното собрание и Конгресот на локалните и регионалните власти. Оваа одлука ќе биде придружена со имињата на соодветните МНВО, со оние предмети од релевантните досиеја коишто се неопходни за оценувањето на секој случај, причините за предлозите на генералниот секретар ќе се додадат на листата, како и секој коментар добиен од Комитетот за врски. Во отсуство на каков било приговор заснован на условите изнесени во параграфот 15 подолу, споменатите МНВО ќе бидат додадени три месеци подоцна на листата на организации коишто уживаат партиципативен статус.
15. За време на тој тримесечен период, член на Министерскиот комитет или десет членови од Парламентарното собрание од пет различни национални делегации, или десет членови од Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа од пет различни национални делегации можат да бараат преглед на досието на секоја МНВО којашто аплицирала. Во претходниот случај, ќе се изврши прегледот и ќе се донесе одлука да се додаде името на листата, а неа ќе ја донесе Министерскиот комитет. Во вториот случај, Министерскиот комитет ќе ја одложи својата одлука с$ додека не добие препорака од Парламентарното собрание или од Конгресот на локалните и регионалните власт на Европа, постапувајќи согласно извештајот од нивните надлежни комитети.
Одземање на партиципативниот статус
16. Која било МНВО којашто е веќе на листата може да биде отстранета од неа од страна на генералниот секретар, доколку според негово/нејзино мислење: а. организацијата не постапувала во согласност со своите обврски според правилата изнесени во параграфите 2 и 9 погоре; б. таа е преставена два пати како резултат на здружување со поголема организација којашто работи во истото поле на дејствување и којашто е самата на листата; ц. повеќе не врши активност којашто е дел од работната програма на Советот на Европа; д. преземала активност којашто не е во рамките на нејзиниот статус, како МНВО.
За оваа цел, генералниот секретар периодично ќе ја прегледува листата на МНВО со партиципативен статус. Прегледот ќе се базира на извештајот којшто МНВО ќе го поднесуваат секои четири години.
Во секој случај, генералниот секретар прво ќе ги информира МНВО за неговата/нејзината одлука да им го одземе партиципативниот статус со цел да им даде можност да ги претстават своите забелешки во рок од два месеци.
17. Образложената одлуката да се отстрани организација од листата ќе ја донесе генералниот секретар на Советот на Европа во согласност со горенаведените правила.
18. Генералниот секретар ќе ја соопшти листата на оние МНВО на коишто тој/таа има намера да им го одземе партиципативниот стаус на Комитетот за врски за МНВО, којшто ќе го даде своето мислење. Комитетот за врски мора да го даде своето мислење најдоцна два месеци по соопштението на генаралниот секретар.
19. На истекот на тој временски рок, одлуката на генералниот секретар ќе подложи на премолчено одобрение од страна на Министерскиот комитет, Парламентарното собрание и Конгресот на локалните и регионалните власти. Оваа одлука ќе биде придружена со имињата на соодветните МНВО и неговите/нејзините причини за предлогот тие да бидат отстранети од листата на организации со партиципативен статус, како и сите забелешки добиени од Комитетот за врски. Во отсуство на каков било приговор заснован на условите опишани погоре во параграфот 15. Имињата на тие МНВО ќе бидат отстранети од листата по три месеци.
20. За време на тој тримесечен период, член на Министерскиот комитет или десет членови од Парламентарното собрание од пет различни национални делегации, или десет членови од Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа од пет различни национални делегации можат да бараат преглед на досието на на секоја МНВО чие име им било соопштено. Во претходниот случај ќе се изврши прегледот, а одлуката да се отстрани името од листата ќе ја донесе Министерскиот комитет. Во вториот случај, Министерскиот комитет ќе ја одложи својата одлука с$ додека не добие препорака од Парламентарното собрание или од Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, постапувајќи по извештајот од нивните надлежни комитети.
Различни препораки
21. Процедурите опишани погоре нема да го ограничат правото на телата на Советот на Европа да иницираат ации што се однесуваат на други МНВО за време на нивните процедурални правила.
Тие исто така не го спречуваат Секретаријатот на Советот на Европа да има предвид пректична ад хок соработка со други МНВО на секое поле од заеднички интерес.
22. МНВО чија апликација е одбиена или која била отстранета од листата на организации со партиципативен статус може да поднесе нова апликација по две години од датата кога била донесена одлуката.
23. Сегашните правила стапуваат на сила откако ќе бидат усвоени од Министерскиот комитет. Од таа дата, консултативниот статус на МНВО ќе биде заменет со партиципативен.
24.МНВО коишто уживаат партиципативен стаус ќе треба да го поднесат својот прв извештај четири години по стапувањето на сила на овие правила.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|