Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 44 Декември 2004

   

Анета Јовевска, виш научен соработник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања

Ниту најдемократските земји не се имуни на дискриминација на поединци или посебни групи!


Ви сакале ли најнапред да ги објасните термините специјални закони и посебни групи?
Станува збор за принципите на еднаквост и недискриминација кои се неспорно базични категории на современата демократија. Иако теоријата нуди одговори на дилемите што ги отвараат овие прашања, сепак во реалноста се јавуваат бројни недоречености и проблеми во нивната реализација. Впрочем, секојдневно сме сведоци дека ниту најдемократските земји не се имуни на проблемите врзани со дискриминацијата на одредени поединци или посебни групи. Значи, не е случајно тоа што токму овие прашања се во фокусот на интерес и на меѓународните институции и на меѓународната регулатива. Овие права посебно се фокусираат на заштитата на правата кај ранливите, маргинализираните, онеправданите и социјално исклучените индивидуи и групи и затоа се препорачува во секоја држава да се воспостави институционален механизам којшто ефикасно ќе ја реализира нивната заштита.

Во таа смисла се препорачува државата да усвои и имплементира посебен закон за антидискриминација. Овој закон генерално би ги регулирал прашањата врзани за дискриминацијата и треба да го забрани разликувањето, исклучувањето или ограничувањето врз база на пол, раса, боја на кожата, потекло, националност, етничко и социјално потекло, јазик, религија или вера, посебни потреби, возраст, сексуална ориентација и политичка определба или уверување, сопственост, раѓање или некој друг статус. Инаку, листата на субјектите кои можат да дискриминираат е широка. Тоа може да биде лице, група на лица, јавната власт, јавните и приватните, национални и локални организации во граѓанската, политичката, економската, општествената и културната сфера, во вработувањето, образованието, домувањето, како и пристапот до стоки, објекти и услуги. 

Која од таканаречените посебни групи е најзагрозена по која било основа и за која група под итно треба да се донесе законска регулатива поради заштита на групата? 
Одредбите на Законот за антидискриминација не претпоставуват ексклузивност само за некои поединци или некои посебни групи.  Но тоа не значи дека одделни прашања кои се поспецифични за посебни групи, односно претпоставуват посебен пристап или статус, дека не треба или не може да се регулират со посебни, или како што велите Вие, специјални закони. Значи тоа прашање е отворено и донесувањето на специјалните закони ќе зависи пред с$ од чувствителноста на потребите на секоја посебна група, но и нивната способност да го излобираат тоа.  Еве, на пример, како што сте запознаени, Женското лоби на РМ, со поддршка на други граѓански организации, успеа со својата заложба во владината програма, да го вгради и Законот за полова рамноправност, кој можеби ќе биде донесен и пред Законот за антидискриминација. Во таа смисла во идентификувањето на најранливите категории, како и нивните потреби, најмногу може да помогнат граѓанските организации, кои ќе бидат ефикасни во онаа мера, во која ќе успеат да ја анимираат пошироката јавност.

Во нашето законодавство досега немало  специјални закони за заштита на посебни групи ниту општ закон за антидискриминација. Како посебните групи ги остваруваат во оваа констелација на закони своите права и имаат ли моментно македонските институции капацитет да ги заштитат правата на посебните групи?
Република Македонија има ратификувано поголем дел од меѓународните законски инструменти кои ја регулираат оваа проблематика и кои согласно Уставот на РМ претставуваат дел од домашната легислатива и се директно применливи во домашното право. Во склад со оваа регулатива се и одредбите на Кривичниот закон на Република Македонија, од 1996 година. Во него дискриминацијата се третира како кривично дело за кое се предвидува казна затвор, а предвидени се и поостри санкции кога сторителот е службено лице. Исто така, во Собранието на Република Македонија во тек е процесот на ратификација на факултативните протоколи кон Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените. Во тој правец се прават напори за реформа и на Кривичниот закон и Законот за кривична постапка, како и усвојување законска регулатива во однос на малолетничките права согласно меѓународните стандарди. Може да се рече дека со оваа регулатива Македонија ги покрива основните потреби за заштита на граѓаните од дискриминација. Но, сепак, заради низа причини, во реалноста примената на постојните закони не функционира идеално. Тоа го потврдуваат и извештаите за остварувањето на човековите права кај нас, подготвени од домашни и од меѓународни организации и институции. Во најновиот извештај на ОН за Унапредување и заштита на човековите права што се однесува на земјава, се вели дека во услови на идната децентрализација, постои загриженост дека локалните власти нема да добијат доволно средства од централната власт за да ги исполнат ефикасно своите обврски, во поглед на човековите права и дека давањето поголема независност на локалните власти, вклучително на градоначалниците и полицијата, може да води кон зголемена злоупотреба на човековите права на локално ниво. Посебно беше забележано дека територијата на целата држава не е соодветно покриена со мрежа на бранители на човековите права, што секако би можело да се одрази негативно во следењето и заштитата на истите на локално ниво.

Дали во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања се вршени конкретни истражувања околу потребата за донесување специјални закони за посебни групи и доколку се вршени истражувања, до какви заклучоци дојдовте?
За жал, проектните активности на Институтот главно се детерминирани со финансиска под­дршка од надворешни нара­чатели. Во таа смисла досега не сме имале конкретно истра­жу­вање на оваа тема, но сепак од различни други проекти мо­же да се извлечат елементи кои говорат во прилог на потребата да се донесе ваква законска регулатива.  Во работа со одделни фокус-групи, како и од резултатите на некои анкетни истражувања, може да се увиди дека и покрај легално декларираниот позитивен статус и заштита на правата на Ромите, државата сепак не покажува доволна ажурност во реализација на истите и решавањето на случаите кои се појавиле во праксата. Што се однесува до облиците на директна дискриминација, се забележува де­ка заради чувствителноста на проблемот ваквите случаи теш­ко се докажуваат од легален аспект, дури и кога ваквата појава е евидентна. Исто така податоците од истражувањата говорат дека во Македонија информираноста за листата на човековите права кои се системски загарантирани, не е доволна и таа е достапна само за лица со повисок степен на образование. Ова предизвикува последици во практичната реализација на правата.

Каква е Вашата соработка со владините институции и дали се слуша и мислењето на луѓето од здруженијата коишто ги претставуваат посебните групи?
Секогаш има простор за поинтензивна соработката на граѓанските здруженија на посебните групи со владините институции. Овде би го спомнала своето искуство. Имено, во изготвувањето на Законот за избор на пратеници во 2002 година, како и за предлог-законот за локални избори од 2004 година, Женското лоби успеа да издејствува законска обврска на партиите на листите за националните и за локалните избори да истакнат 30% жени кандидати. Исто така, Минис­терството за труд и социјална политика со изготвувањето на нацрт-стратегијата за Ромите во Македонија направи обид со еден ваков документ да им излезе во пресрет на специфичните потреби и проблеми, со кои перманентно се соочува оваа етничка заедница. Секако, ова е само почеток и потребно е ангажирање на сите за да се артикулираат интересите, но и да се мобилизираат сите оние кои се релевантен фактор за изнаоѓање конечно решение.

Што треба да се направи по донесувањето на специјалните закони и законот за антидискриминација предвиденото да не остане само на хартија туку навистина да се спроведе во реалното општествено живеење? 
Секако, тоа не е едноставна работа. Пред с$, за да биде успешно имплементиран, овој закон треба да обезбеди ефикасни правни лекови во случаи на кршење на правото, било да се работи за индивидуално барање, барање на правно лице или барање по службена должност. Препорака е товарот на докажувањето за тоа дали постоела дискриминација или не, да падне на оној на кого се однесува обвинението. На крајот, треба да се предвиди праведен соодветен надоместок на секое лице на кое му е сторена таквата дискриминација. Покрај законските решенија, неопходно е и вклучување на граѓанскиот сектор, посебно во фазата на надгледување и оценка. Сите овие активности ќе покажат поголем ефект во заштитата на правата доколку се обезбеди информирање и обука на сите заинтересирани страни.

Марија Кука

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA