Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Интервју

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Славица Шекуткоска, специјалист за социјална работа во здравствоТО и раководител на „СОС линијата за помоШ од дрога“

Дрога користат деца од 12 до 13 години!


Градската деликвенција е загрижувачка појава поради зголемениот број на малолетници, кои како дел од криминалните банди, се учесници во продажбата на дрога.

Славица Шекуткоска е специјалист за социјална работа во здравството, вработена во Дневната болница за превентива и лекување на лица зависни од дроги во Кисела Вода, Скопје, каде има можност поблиску да се запознае со проблемите поврзани со употребата на дрогата, за кои самата вели дека стануваат се’ позагрижувачки за македонското општество.

Нејзината актуелна функција е раководител на проектот „СОС линијата за помош од дрога“,Линијата нуди информации усмерени кон чување на здравјето и социјалната благосостојба на заинтересираните лица што се јавуваат по телефон, и го поддржува имплементирањето на специфични активности усмерени кон ранливите групи и групите со висок ризик. Информациите кои граѓаните на Македонија можат да ги добијат на линијата 0800 11 444 се бесплатни.

Г.С. - Кога е основано Здружението на социјалите работници на град Скопје и кои се неговите  активности?

С.Ш. -
Здружението на социјални работници на Скопје е огранок на Здружението на социјални работници на Република Македонија, членка на Меѓународната федерација на социјални работници (МФСР). Основано е во 1973 година и во него членуваат околу 350 вработени и невработени социјални работници, чиј број постојано расте. Целта на нашата работа е унапредување на професионалните способности на социјалните работници, преку различни форми на едукација и размена на искуства.
 
Г.С. - Какви се вашите искуства во врска со употребата и злоупотребата на дроги во Македонија.

С.Ш. -
Последниве години, македонското општество е длабоко загрижено поради обемот на локалните и регионалните проблеми во врска со илегалното производство, криумчарење, употреба и злоупотреба на дрога. Загриженоста е голема и поради можното ширење на епидемијата на ХИВ/СИДА, поради заканите по здравјето на нацијата и на политичкиот, економскиот и социјалниот развој на државата. Употребата на дрога негативно се одразува на здравјето: таа е главниот вектор за пренесувањето на заразните болести, а особено на СИДА-та, хепатитисот и туберкулозата. Податоците говорат дека интравенската употреба на дрога во 2002 година беше присутна во 136 земји, а во 96 земји беше известено за заразеност со вирусот на СИДА, кај лица што дрогите ги употребуваат на овој начин.

Вклучување во Европската фондација на телефонски линии за помош од дрога 

Формирањето на „СОС линијата за помош од  дрога“ ќе овозможи да се вклучиме во Европската фондација на телефонски линии за помош од дрога (ФЕСАТ), која е поддржана од Европската комисија. Вакви линии се формирани во сите членки на Европската Унија, како и во Литванија, во Русија, во Чешката Република и во Босна и Херцеговина. Акцискиот план на Европската Унија за борба против дрогата 2000 - 2004, одделно ја нагласува важноста на овие линии, како средство за превентива на употребата на дрога и за намалување на штетата од нејзина употреба. Формирањето ваква линија значи конкретен придонес во активностите на нашата земја за придружување кон Европската Унија.

Последниве години се бележи брз пораст на употреба на синтетските дроги, особено на амфетамините од синтетски тип (АТС). Употребата на кокаин е во умерен, но постојан пораст. Најзначајно е што возраста на започнувањето на употребата на дрогите кај младите рапидно се спушта. Денес таа се движи помеѓу 12 и 13 години. Во земјава јасно се согледани социјалните и здравствените аспекти на проблемите поврзани со дрогата, но тие продолжуваат да се закануваат и да создаваат нови предизвици. Освен употребата на синтетски дроги кај младите, спаѓа  и зголемениот број на малолетнички криминални групи, ангажирани во продажбата на незаконски дроги. Поврзаноста меѓу употребата на дрога и социјално негативните појави, како што се сиромаштија, невработеноста, бездомништвото, социјалното исклучување, како и поврзаноста меѓу употребата на дрога со деликвенцијата и криминалот, укажуваат на потребата да се обезбеди урамнотежен пристап меѓу активностите за намалување на побарувачката и активностите за намалување на достапноста на дрогите. Спроведувањето на вакви активности бара организиран пристап на сите структури во државата (образовни, социјални, медицински). Градската деликвенција преставува загрижувачка појава, поради зголемениот број на малолетници кои како дел од криминалните банди се учесници во продажбата на дрога. Присутни се и новите предизвици поврзани со зголемената привлечност на синтетските дроги кај младите во Скопје и другите градови во државата. Тука спаѓаат и предизвиците од областа на здравството, социјалната заштита и кривичната област, како што се едновремената употреба на повеќе дроги, хепатитот, исклучувањето од општеството, употребата на дроги во затворите, недоволната ангажираност на локалната заедница во превентивата на употребата на дрога, отсуството на алтернативи на казнувањето и отсуството на програми за социјална и работна реинтеграција на лицата зависни од дрога.

Г.С. - Како тече спроведувањето на проектот СОС линијата за дрога и услуги, што е нејговата функција, кои се целите  и задачите?

С.Ш. -
Проектот СОС линија за помош од дрога е партнерски проект помеѓу Македонскиот центар за меѓународна соработка, Здружението за социјални работници на град Скопје, како невладини организации, и Центарот за социјална работа од Штип, како владина институција. Ова е уште еден проект со кој се докажува надополнувањето на активностите и соработката помеѓу владините и невладините институции. Во рамките на овој проект е отворено советувалиште во просториите на Центарот за социјална работа во Штип, каде работат волонтери, едуцирани од областа на дрогите на семинарот кој беше одржан во Скопје од страна на странски и домашни експерти.

Реализиравме и обука на педагози од средните училишта во Штип, со предавачи од Здружението на социјални работници и вработени лица од Центарот за социјална работа во градот. Тие ќе работат во работилници со учениците од средните училишта, за превентива од употребата на дрога.  Здружението на социјални работници на град Скопје, благодарение на финансиската помош од програмата ФАРЕ за „Градење капацитети на институциите и развој на социјалната грижа и заштита“, поддржана од Министерството за труд и социјална политика, е носител на проектот „СОС линија за помош од дрога“, која пред се’ има превентивна функција. Таа нуди информации насочени кон чување на здравјето и социјалната благосостојба на заинтересираните лица што се јавуваат по телефон, и го поддржува имплементирањето специфични активности насочени кон ранливите групи и групите со висок ризик.

„СОС линијата за помош од дрога“ ги усмерува лицата што имаат здравствени и социјални проблеми, поврзани со употреба на дрога, кон здравствените, социјалните и другите служби. Нудиме информации за видовите дроги, нивните дејства, последиците од нивната употреба, како и за поврзаноста на дрогите и СИДА-та. Нив можат да ги добијат сите заинтересирани граѓани, а пред се’, родителите, воспитувачите, здравствените и социјалните работници, како и други професионалци. За реализација на оваа задача Здружението на социјалните работници едуцира 23 дипломирани, невработени социјални работници. Едукацијата беше помогната од предавачи од институтот Тримбос од Утрехт, Холандија, како и од предавачи од Македонија.  Информациите кои граѓаните на Македонија можат да ги добијат на линијата 0800 11 444 се бесплатни. 

Г.С.  Кои се вашите идни планови на ова поле?

С.Ш. -
Во иднина ќе сториме напори да обезбедиме достапност на информациите за дроги и на албански јазик, преку отворање линија, како и со издавање пропаганден материјал. Нашите идни активности за унапредување на „СОС линијата за помош од дрога“ се усмерени кон постојана едукација на операторите на линијата и воведување нови форми на активности: отворање веб-страница, приклучување на интернет и следење на најновите информации во областа на дрогите, со цел да им се помогне на граѓаните на Македонија на поедноставен начин да ги добијат саканите информации.  Поаѓајќи од сознанието дека лицата и семејствата кои се соочени со наведените проблеми многу често наоѓаат поддршка и помош од многу мал број институции и стручни лица, „СОС линијата за помош од дрога“ им нуди можност за навремено информирање со анонимност, доверливост и почитување на нивната личност. Досега на „СОС линијата за помош од дрога“ информации побарале граѓани од повеќе градови на Македонија (Тетово, Гостивар, Штип, Гевгелија, Свети Николе, Битола, Охрид, Струга). Се јавуваат родители, роднини, стручни лица, пријатели како и лица кои имаат проблем со употреба на дрога.

 

©MCMS - designed by KOMA