|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
60-то ЗАСЕДАНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН Кога политиката и човековите права ќе направат компромисиКога политиката и човековите права ќе направат компромиси
(Втор дел)
Шеесеттото јубилејно заседание на Комисијата за човекови права на ОН заврши на 23 април. Ако оваа година ќе си отиде како година на обележување важни годишнини за човековите права во историјата на ОН, тогаш 60-тото заседание дефинитивно нема да е меѓу нив. Големите очекувања и силниот притисок од страна на НВО не успеа да обезбеди ефикасна акција за најголемата загриженост за човековите права со која се соочуваме во моментов во постерата на 11 септември. | |
Работилница на МЦМС
| |
Промоција на третото издание на “Граѓански практики” Образованието на Ромите во МакедонијаЕден ден по Светскиот ден на Ромите 9 април, Македонскиот центар за меѓународна соработка во Скопје го промовираше третото издание на “Граѓански практики”, под наслов “Образованието на Ромите во Македонија”. Авторите, Елена Ташкова, Славко Саздовски, Благоја Трајковски, Тихомир Каранфилов и Анифа Демировска, дадоа скромен, но значаен осврт на искуствата на граѓанските организации и своевидни оценки на досегашните покажани резултати, а нивните ставови се сметаат за значаен придонес за квалитетно и сериозно разгледување на различните аспекти на образованието.
| |
Успешна граѓанска акција во Тетово “Кажи Македонија” привлече голем број луѓеВо рамките на граѓанската акција “Кажи Македонија”, почнувајќи од 29 март 2004, во почетокот на април во Тетово се организираше собирање на потписи за поддршка на отвореното протестно писмо до Советот на Европа, како и потпишување на картичките и испраќање на истите. Акцијата ја реализираа тетовските граѓански организации Младинска алијанса и Центарот за демократски и економски развој. | |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|