|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Што работат граѓанските организации? Кои се нивните резултати?
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Во Македонија, слично како и во другите држави, граѓаните очекуваат од јавните институции, вклучително и од граѓанските организации, одговорност за доверениот јавен мандат. Одговорноста ја оценуваат преку резултатите и транспарентноста.
Публикацијата “Проекти на граѓанските организации во Македонија” треба да придонесе кон тоа. Таа нуди одговори на прашањата: колку проекти се реализираат, кому се наменети проектите, каде се лоцирани проектите, какви инструменти се употребени, кој ги спроведувал и секако колкава е приближната вредност на спроведените проекти.
Колку проекти се реализирани? СПРОВЕДЕНИ 658 ПРОЕКТИ
Дали е тоа реално? Дали е соодветно ниво на активности? Во Македонија се регистрирани околу 5.300 организации. МЦМС во Адресарот на граѓански организации има собрано податоци за околу 1,700 организации од кои околу половината биле од спорт, рекреација и хоби, а другата половина (858) биле граѓански организации во потесна смисла. 658 проекти ги спровеле околу 340 организации. Ако се спореди фактот дека 658 проекти ги спровеле 340 организации од евидентирани 858 организации, можеме ад говориме за голем број неактивни организации. Каде се разликите? Најголема разлика има кај општи целни групи (396 организации за 219 проекти), лица со посебни потреби и стари лица од две различни причини. Во искуство организациите кои се со општа целна група или се некои од најголемите организации или пак се најмалите организации кои доколку имаат активности не се организирани во проекти. Лицата со посебни потреби и стари лица имаат активнсти, но тие не се водат како проекти. Значи, постои проблем на нерегистрација. Сепак може да се тврди дека ова ниво на активности (или на општествена активност – социјална одговорност) не е на потребното ниво.
Кому му биле наменети проектите? ДЕЦА И МЛАДИ, ЖЕНИТЕ СТАБИЛНО АКТИВНИ, СЕЛАНИТЕ И КУЛТУРНИТЕ РАЗЛИЧНОСТИ ВО ТРЕНД НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ
Проектите најчесто биле наменети на општа целна група. Во пракса, најчесто ваквите проекти се проекти за обуки, информации и слични активности.
Традиционалните групи, и тоа децата (3%), младите (8%), жените (10%) и лицата со посебни потреби (4%) учествуваат со 25% во вкупниот број. Во однос на 2001 година има намалување на учеството, но бројот на проекти е на слично ниво (2003 се регистрирани повеќе проекти кои биле со други намени).
Големо зголемување има кај селаните и тоа од 2 на 14%. Тоа делумно е одраз на подобрената регистрација, но и на реално зголемените активности.
Исто така, големо зголемување има кај културните различности од 4 на 12%, што е поврзано со постконфликтниот период во Македонија. Со тој период беа поврзани и проектите за бегалците кои имаат тренд на намалувањето од 6 на 2%, поврзано со намалување на бројот на внатрешно раселени лица.
Каде се спроведувале проектите? ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ПРОЕКТИТЕ НА ЛОКАЛНО И РЕГИОНАЛНО НИВО, НАЈЧЕСТО ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ И СКОПСКИОТ, НАЈРЕТКО ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН
Најзначителен е порастот на проекти што се спроведувале локално (од 35% на 40%). Тој може да укаже на зголемена активност на локалните граѓански организации. Поглемиот број регионално спроведени проекти може да укаже на поглема соработка помеѓу граѓанските организации во регионот. Имено, 355 проекти се спроведени во соработка со други организации.
Локалните и регионалните проекти (вкупно 403) немаат еднаква географска дострибуција. Региони со најголем број проекти се брегалничкиот и скопскиот. Во регионите со голем број проекти се полошкиот и пелагонсикиот, а со умерен број се кумановско-кратовскиот и повардарскиот. Регионите со мал број проекти се езерските (Охрид, Преспа) и струмичкиот.
Ваквата регионална дистрибуција и големите регионални разлики се неповолни и треба да се истражува понатаму на што се должи тоа. Неповолната географска дистрибуција веројатно постои помеѓу поголемите и помалите центри во самите региони.
Според Митко Николов, локален координатор во Центарот за поддршка на НВО во Струмица, постојат повеќе причини: интерес на донаторите за меѓуетничките односи и со тоа за западниот дел од Македонија, немање информации за донатори, донаторите се незаинтересирани за земјоделки организации и проекти (а Струмица е доминатно земјоделски крај) и голем интерес на граѓаните за деловниот (бизнис) сектор и прекуграничната трговија.
Но, од податоците може да се види дека само 14% од проектите се за културна различност (најчесто меѓуетнички проекти) и дека од локалните и регионалните проекти во полошкиот регион се околу 13%. Може да тврдиме дека кога се говори за “интерес на донаторите за меѓуетничките односи и со тоа за западниот дел од Македонија” повеќе е стереотип отколку вистина. Слично е и тоа дека интересот на донаторите за земјоделски организации и проекти е мал, ако се земе дека за селани се наменети 14% од проектите.
Слично на Струмица, е состојбата со Гевгелија. Може да се тврди дека во овие две места е висок степенот на ангажман на граѓаните во деловни активности, односно деловно претприемништво (земјоделие и прекуграничен промет), а низок во социјално (општествено) претприемништво.
Какви инструменти се употребени? ИНФОРМАЦИИ И ЗАСТАПУВАЊЕ/ЛОБИРАЊЕ ВО ТРЕНД НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ, ДОДЕКА ОБУКАТА ОПАЃА
Проектите се реализираат како грантови (воглавно за инфраструкура и сл.), обука и совети, информации и застапување/лобирање.
Во табела 4 е даден прегледот. Збирот е поголем од вкупниот број на проекти поради можноста за избор на повеќе од еден инструмент.
Може да се забележи значителен пораст на бројот на проекти кои се спроведуваат како информации и лобирање (од 13% на 67%), а значително опаѓање на обука и совети (38 на 17%).
Ова може да е знак на созревање на граѓанскиот сектор и вклучување во застапување, по претходните активности за развој на капацитетот (обуки и совети).
Кој ги спроведувал проектите? ВКЛУЧЕНИ 340 ОРГАНИЗАЦИИ И ОКОЛУ 6.000 ВОЛОНТЕРИ
Според собраните информации во спроведувањето на проектите биле вклучени 340 организации и 5.868 волонтери.
Како соработуваат граѓанските организации? НАД ПОЛОВИНА ОД ПРОЕКТИТЕ ПАРТНЕРСКИ
Во 355 проекти остварена е соработка или со други граѓански организации, или со единиците на локалната самоуправа или со владините институции. На пример, во 241 проект граѓанските организации соработувале меѓу себе, во 87 соработувале и со единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), а во 85 случаи е остварена соработка со владнините институции.
Значајното ниво на соработка повторно укажуваат на созревање на граѓанскиот сектор. Зголемената самодоверба е основа и на подобрување на соработката, пред с$ со ЕЛС, но и со владините институции. Останува предизвикот на подобрување на соработката со деловниот сектор.
Колку чинат проектите? ИНВЕСТИРАНИ ОКОЛУ 13 МИЛИОНИ ЕВРА
Од 658 проекти во 597 се наведени вредностите на проектите (или буџети). За тие проекти вкупната вредност изнесува 798.896.353 МКД или 12.990.185 евра.
Оваа бројка треба да се провери од аспект на можно повторување или финансирање во ланец. Пример, МЦМС финансира проект на граѓанска организација и двете го еведентираат проектот.
Граѓанската платформа на Македонија каде се вклучени водечките триесетина организации го проценува вкупниот годишен буџет на околу 700 милиони МКД. Во тоа, ФИООМ, МЦМС и МРФП учествуваат околу 70%. Дел од проектите не се наменети за граѓанското општество. Од друга страна, тука не се вклучени дел од проектите финансирани од американски владини извори, ниту некои домашни извори (државен буџет и лотарија) за организациите за лица со посебни потреби.
Според тоа, може да смета дека податокот од 13 милиони евра е употреблив за ориентација.
Што понатаму? ПРЕПОРАКИ ЗА ИДНИНА
Граѓанските организации треба да продолжат со јакнење на одговорноста пред македонската јавност. Неколку препораки за тоа.
За подобрување на резултатите и транспарентноста треба да се подобри документирањето и евиденцијата на проектите. Треба да се воспостави регистар на проекти. Ажурноста може да се поттикне доколку одредени даночни олеснувања бидат поврзани со задолжителна регистрација.
Веројатно мал број од регистрираните организации се активни организации. Треба да се подобри и ажураноста на судскиот регистар на здруженија на граѓани и фондации преку воведување мерки за бришење на неактивните организации.
Треба да се истражува општествената активност или социјална одговорност (социјално претприемништво) во Македонија. Треба да се обмислат активности за зголемување на општествената активност или социјална одговорност (социјално претприемништво), посебно наменети за одредени целни групи (пр. невработени) и за одредени посебно пасивни подрачја (струмички, езерски регион).
И покрај задоволството од успехот во застапувањето, потребно е да се задржи едно ниво на развојни и социјални проекти.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|