Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 61 Јуни 2006

   

Меѓународен ден на бегалците-20 јуни

Бегалците и раселените чекаат да се вратат во огништата

                                                                                                                            албански

Седум години од косовската криза и пет од завршувањето на конфликтот во земјава, Македонија с$ уште се соочува со проблемот на внатрешно раселени и бегалци. Во земјава с$ уште има над 2.000 лица кои не се вратија во своите домови, потресени од воените случувања коишто ги принудија да ги напуштат огништата и да побараат нови, безбедни места за живеење.
Нивните маки продолжуваат и понатаму поради неизвесноста со решавањето на статусот на Косово за едни, а за други стравот и несигурноста да продолжат да живеат со своите соседи и да си простат за минатото. Годинава, на нивните проблеми повторно посочија невладините организации, а како повод го искористија 20-ти јуни, Меѓународниот ден на бегалците.

 

Како живеат внатрешно раселените?

Четирите семејства од Арачиново кои се сместени во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” годинава навршуваат пет години откако првпат зачекориле тука. Од 16 лица, колку што се регистрирани, осум се деца. Во изминативе пет години тука се родиле три бебиња, а тука и ги слават своите родендени. Оние поголемите с$ уште прашуваат за своите домови и се присеќаваат на нив, помалите пак, се навикнале на условите во Амбасадата и не би сакале повторно да го сменат домот.

Бети Ѓорѓевиќ од Арачиново живее во една од собите на Амбасадата, заедно со нејзиниот сопруг и двете ќерки. Од октомври минатата година тие не се водат како раселени лица и затоа не добиваат помош од Министерството за труд и социјална политика. Им објасниле дека се дерегистрирани под претпоставка дека ја продале куќата, иако Бети вели дека не е така. Поради добрата волја на првите луѓе од Амбасадата, тука ќе останат до септември, додека не ги завршат подготовките околу изградбата на новата куќа во скопската населба Белимбегово. Бети раскажува дека им обезбедиле градежни материјали од Европската агенција за реконструкција, но и тие им се украдени. Иако порано оделе за да ја проверат куќата, сега веќе не одат, бидејќи вели дека некои постојано ја оштетуваат или крадат работи од неа.  

„Од Арачиново излеговме на 8 јуни. Не сакаме да се вратиме назад поради тоа што не се чувствуваме сигурни, а најмногу поради децата. Кога заврши конфликтот, не се вративме поради експлозиите во Арачиново, а сега локалното население ни бара да ја продадеме куќата”, раскажува Бети. „Арачиново е за мене завршена приказна на којашто и не сакам да се потсетувам”, вели таа.

И таа, како и нејзините соседи во Амбасадата, се снаоѓа како знае и умее, бидејќи не се на списоците на раселени лица. За разлика од нејзиниот сопруг, Бети не работи. Нејзините две ќерки одат на училиште во најблиското училиште, осмолетката „Љубен Лапе”. Многу малку се присетуваат на доживувањата од конфликтот. „Јас им раскажувам понекогаш. Помалата ќерка не знае, но поголемата си спомнува за некои случки”, ни раскажува Бети.


Раселените се жалат на односот од државата

Бројот на внатрешно раселените лица во Македонија од кризните региони во Кумановско, во Тетовско и во Скопско од година на година се намалува. Од над 30.000 раселени лица регистрирани во 2001 година, денес тој број е намален на 726. Во 2002 година бројот на раселените лица бил над 8.000, во 2003 година се регистрирани

3.177, додека во 2004 година се евидентирани 2.372 внатрешно раселени, сместени во колективни центри и во приватно сместување. Високиот комесаријат за бегалци во 2001 година соопшти дека околу 70.000 луѓе од државава заминале во Косово, а 6.000 луѓе во Србија. Не се знае точно колку од нив се вратиле назад.

Во Министерството за труд и социјална политика регистрирале 726 внатрешно раселени лица, од кои 501 се сместени во колективни центри, а 225 во приватни домови.

Сепак, и покрај намалувањето на бројот на раселените, оние што остануваат во колективните центри не се задоволни од начинот на којшто се третирани од државата. Тие се жалат на игнорантскиот однос од државата поради насилната дерегистрација во колективните домови, како и недоволната оштета што ја добиле за куќите, за што поведоа судски спор. Раселените најавија дека се подготвени за својот проблем да се обратат и во Европскиот суд за човекови права. Според нив, Министерството за труд и социјална политика постапило некоректно поради тоа што ги дерегистрирало од списокот на раселени лица под изговор дека ги продале куќите иако тврдат дека тоа не е така. Раселените не се задоволни и од начинот на којшто се извршени проценките на оштетените куќи.


Каква е состојбата со бегалците

Од над 100 илјади бегалци кои за време на косовската криза пребегаа во државава, сега официјално се регистрирани 2.032. Најголем дел од нив се Роми, Ашкали и Египќани, сместени во приватни домови. За нив с$ уште се грижи Високиот комесаријат за бегалци - УНХЦР во соработка со македонските власти. Во УНХЦР се незадоволни поради односот на државата за којашто велат дека треба да ја преземе грижата за овие луѓе.  

„Ситуацијата не е сменета драматично. Бројот на бегалците од Косово е околу 2.000, со исклучок на еден бегалец од Авганистан. Сите бегалци се од Косово, од кои најмногу има Роми, Ашкали и Египќани. Приватно се сместени во Шуто Оризари, во Тетово и во Куманово”, вели претставничката на УНХЦР во земјава, Кетрин Вокер. Таа е уверена дека иднината на косовските бегалци ќе се расветли кон крајот на годинава кога се очекува да се реши статусот на Косово. „Статусот на Косово може да им овозможи на бегалците побрзо да се вратат дома. Во текот на 2005 година дури 120 од нив се вратија во своите домови, а мал број се вратија и во Србија. За последниве две години 150 се вратија на Косово”, појаснува Вокер.

Таа вели дека УНХЦР организира повремени посети за бегалците со што им помагаат да ги пребродат сеќавањата со цел да им го олеснат враќањето дома. „Ги земаме бегалците и ги носиме во нивните средини на Косово, им помагаме да разговараат со луѓето таму, да видат каква е ситуацијата, а да не се потпираат само на гласишта. Некои се вратија на овој начин, други се вратија откако нивните куќи беа реновирани”, вели таа.

Според неа, досега 28 бегалци го добиле статусот на признати бегалци, а 1.230 се водат како лица под хуманитарна заштита. Посебен проблем е, вели таа, тоа што до донесувањето на Законот за азил, косовоските бегалци се воделе како лица под хуманитарна заштита, а нивниот статус постојано бил ревидиран од Владата. Сега, со новиот закон, тие се водат како лица под хуманитарна заштита, но само за ограничен период од 12 месеци.

„Нашата помош не може да трае засекогаш. Секоја година очекуваме Владата да ги преземе одговорностите, а ние да ја намалиме помошта”, смета претставничката на УНХЦР.

Нивната помош се состои од парична помош за наем и тековни трошоци, 2.000 денари за храна од возрасен, 1.500 за малолетен член. Бегалците добиваат и три пакети годишно за хигиена, додека во зимските месеци им се доделуваат пари и за греење.


Околу 50 милиони луѓе во светот се жртви на присилно раселување

Околу 50 милиони луѓе во светот се жртви на присилно раселување, а 14 милиони се „бегалци” во конвенционална смисла на зборот - луѓе кои го напуштиле домот или својата земја за да избегаат од прогонување, вооружен конфликт или насилство, потсети со соопштение Првата детска амбасада во светот „Меѓаши”, потсетувајќи на Меѓународниот ден на бегалците - 20 јуни. Тие потенцираат дека повеќе од половина од официјалните бројки се однесуваат на деца, а кон оваа бројка може да се додаде и големиот број раселени кои не добиваат никаква форма на меѓународна помош.

„Речиси две третини од бегалците во светот се од Средниот Исток или од Африка. Половина од бегалците потекнуваат од три региони: Палестина, Авганистан или Ирак. Меѓу десетте водечки региони на бегалци се и Сиера Леоне, Сомалија, Судан, Србија и Црна Гора, Ангола, Хрватска и Еритреја”, нагласуваат од „Меѓаши”.

Во соопштението тие наведуваат дека во Првата детска амбасада „Меѓаши” с$ уште се згрижени четири семејства или вкупно 16 внатрешно раселени лица од Арачиново. Од нив, додаваат во Амбасадата, ниту едно семејство не сака да се врати во местото од каде биле протерани.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA