|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
коментар
Напред со бројките!При едно анкетирање на граѓанските организации пред околу 6-7 години на прашањето на мојот колега: Колкав е вашиот буџет?, претседателот на анкетираната граѓанска организација благо навреден одговорил дека неговата организација е чесна и дека тие немаат “такви работи”!!!.
|  |
Погледи: д-р Исмаил Бардхи
Религиската вистина и дијалоготОд поодамна знаеме дека древниот метафизички поим на вистината е оној кој не го трпи товарот на реалноста, или пак го трпи истиот спротивставувајќи се себеси. Но, што $ всушност вистината, во егзистенцијална смисла, ако силата на лагата, приморувањето да се лаже, е вдлабен во неа? Дали е ова онаа вистина која легитимно и припаѓа на внатрешното искуство на мислата?
|  |
Институтот Исток-Запад гради мостови додека идната граница на ЕУ се заканува да го прошири јазот 2
Во трка со времето |  |
Граѓанско-советодавни центри
Покренати судски постапки за остварување на правата на маргинализираните групиХуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” од Гостивар е граѓанската организација каде што се наоѓа главната канцеларија и координаторот на програмата „Граѓанско-советодавни центри” (ГСЦ), Мухамед Точи. Програмата “Граѓанско-советодавни центри” се одвива на повеќе од 95% од територијата на Република Македонија, со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Советодавните центри се наоѓаат во Скопје, во Делчево, во Штип, во Прилеп, во Куманово, со главна канцеларија во Гостивар, а програмата се однесува на проблемите и остварувањето на човековите права кај маргинализираните групи, посебно кај ромската популација. |  |
Поврзување на религиите во Македонија
Семинар на тема “Меѓуверски дијалог”Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и во соработка со Богословскиот факултет ”Св. Климент Охридски” и Факултетот за исламски науки – Скопје на 13 септември 2004 година, се одржа еднодневен семинар на тема “Меѓуверски дијалог”. |  |
донатори
Меѓународна фондација Борис ТрајковскиМеѓународната фондација Борис Трајковски е формирана пролетта 2004 год., со цел да го продолжи делото што го остави во наследство покојниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Мисијата на фондацијата, во Македонија и пошироко, е да промовира „четири основни принципи: мир и помирување, квалитетно образование, принципи на слободна пазарна економија, граѓанско општество и добро владеење”. |  |
Интервју: Зоран Јачев, претседател на Транспарентност Македонија
Граѓаните тешко го остваруваат правото за пристап до информацииПретседателот на граѓанската организација Транспарентност Македонија Зоран Јачев, во средината на септември го привлече вниманието на јавноста со презентирањето на резултатите од истражувањето на јавното мислење за пристап до информациите. Во Македонија Законот за пристап до информации с$ уште е во фаза на подготовка, а во исто време дури 41% од испитаните граѓани с$ уште не знаат дека нивното право до информациите е загарантирано со Уставот. |  |
Одржливост на проекти
Институционалниот капацитет обезбедува фондовиВо Република Македонија, според некои проценки, се спроведуваат околу 1000 проекти годишно. Во изданието на МЦМС “Профил на проекти на граѓанските организации во Македонија” за 2003 година има опфатено 685 проекти на граѓанските организации. |  |
избор
Дали имате колонијален менталитет? 1Може да замислите колку се изненадив, а потоа и фасцинирав, кога првпат слушнав за синдромот на „колонијален менталитет“, во рамките на предметот за филипински јазик, во моето прво тромесечие на универзитетот Де ла Сел. Леле, таа фраза навистина ме погоди. Таа ми објасни многу од работите што како Филипинка ме зачудувале. Кога би биле родени во САД, или сте пораснале таму од раното детство како мене, веројатно никогаш не би чуле за поимот колонијален менталитет. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|