Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

ПОГЛЕДИ: ЖАНЕТА ТРАЈКОСКА

ЗЕЛЕНИТЕ МРАВКИ, НВО И МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Навистина не знам дали некого го интересира мојот поглед за актуелните случувања во нашата мала држава, или мојот став за одредена проблематика која се однесува на НВО секторот и граѓанското општество, или пак, пу… пу… не дај боже, за политичката состојба, дневните препукувања и секојдневниот хаос на кои сите ние сме сведоци. Погледнато од друга страна, с# уште си мислам (и се надевам) дека сум дел од новинарската професија, па за моите ставови и погледи никогаш и не сум била навикната да пишувам – оти личниот став и коментарите се нешто што е забрането во дневното известување или новинарски кажано „покривање” на настаните.

Во невладиниот сектор западнав сосема случајно пред речиси 5 години, сакајќи да научам нешто за „односите со јавноста” и како да ја пренесеш информацијата на организација во која што работиш до медиумите, ама и да ги убедиш новинарите дека веста што ја имаш е важна и вредна за објавување. Одеднаш го сменив „таборот” и од другата страна почувствував како е да комуницираш со новинарите… Најчесто е тешко. Не дека сакам да генерализирам или да ги напаѓам новинарите и медиумите што не наоѓаат важност во вестите од НВО секторот, ама навистина, не сакам ниту да ги бранам невладините организации за информациите што ги пласираат до седмата сила.

Веројатно за секој проблем, како и најчесто за с# во животот потребни се најмалку двајца. Еден од едната, и, еден или повеќе, од другата/другите засегнати страни. Не/комуникацијата меѓу медиумите и невладините организации е проблем. Како некој што бил и од едната и од другата страна, и с# уште, се надева дека држи рамнотежа некаде на средината, може да наведам неколку причини и мои видувања, повторно оградувајќи се од ставањето во ист кош на сите НВО или на сите новинари. Но, како примери за размислување и дискусија може да послужат следниве неколку…


Во Македонија, погореспоменатата мала држава или како што некој милува да каже „државичка”, потенцирајќи со употребата на деминутивот дека овде, кај нас, с# е мало, постојат енормен број: политичари, политички партии, умни глави, сеирџии, навивачи (трибинаши), набљудувачи, цивилни иницијативи, невладини организации и медиуми. Бројките сами по себе говорат дека состојбата со и во Македонија и не е толку лоша, оти со толку луѓе инволвирани во такви или вакви сегменти од живеењето, работата мора да оди на подобро. Ама… Бројките се само бројки и во овој случај и не се толку добар репрезент на вистинската ситуација. Како што напишав на почетокот на текстот, од политиката и политичките ситуации и неситуации се дистанцирам што е можно подалеку и во најбрз временски период, па уште тука, на почеток ги елиминирам.


Ќе се задржам на невладините организации и медиумите, кои си парираат со бројноста. И кај едните и кај другите има по неколку вида: фантомски кои фугурираат како еден човек – една невладина организација или пак, еден човек и неколку касети – цел медиум; мали – кои с# уште се борат за опстанок користејќи ја подготвеноста на идеалистите за долгочасовна работа која и не е толку добро платена; и големите организации и медиуми кои веќе се завлезени во пазарниот начин на размислување и како да се опстои во услови на силна конкуренција.
Во ваква состојба тешко е да разликуваш кој е кој.


Кај некои од медумите владее мислење дека повеќето невладини организации се „пералници на пари”, а главната цел за нивното основање е брзо и ефективно збогатување на основачите и извршниот директор. Причина повеќе е фактот што некои од НВО се занимаваат со с# и сешто, па дури и со влијанието на зелените мравки во развојот на демократските процеси во Македонија. Згора на с#, за многу од невладините организации, една од најголемите тајни е планираниот годишен буџет за тековната или идната година, но и потрошените средства во изминатата. Транспарентноста на овој дел од работењето на НВО секторот во Македонија и не е на некое завидно ниво, со чест на исклучоци. Непрезентирањето на овие податоци е интересно само по себе за новинарите, но иницира и заклучоци од типот – „па тоа и не е толку важно за да биде објавено”. Тука го додавам и генерализирањето на сите невладини организации и етикетирањето на информациите што доаѓаат оттаму како НЕВАЖНИ за објавување, зашто не иницираат никакви промени во животот.


Нема да откријам ништо ново или суштинско ако кажам дека живееме со исполитизирано општество. Лидерите на политичките партии ги гледаме и ги слушаме по неколкупати на ден. Дури и децата од градинките знаат кој е Борис, Љубчо, Бранко, Арбен, Имер, Столе… итн… Листата е непрегледна, без крај. Вестите за кризи, штрајкови, убиства, ситен криминал, економски афери, затворање фабрики и политички „заврзлами” се наше секојдневие. Лоши вести. Тоа е тоа што се бара за почеток на централните информативни емисии. Дали се сеќавате кога последен пат првата, главна вест, била добра, говорела за позитивен пример од нашето секојдневие… Дури и новинарите, кои ги следат вестите како професионална деформација, нема да се сетат на вакво нешто. Во ова опкружување навистина е тешко за невладините организации кои макотрпно работат на некоја програма или проект, да разберат зошто нивната успешно завршена работа, важна барем за еден дел од граѓаните на оваа држава, не е слушната ниту пренесена од медиумите.

Можеби, едноставно затоа што е ДОБРА вест.

Таква е состојбата на теренот.
Дали е возможно нешто да се направи?
Се разбира.
Потребна е сериозна иницијатива од вистинските невладини организации и професионалните медиуми за создавање заеднички ФОРУМ на кој едните ќе ги запознаат другите, на кој другите ќе ги постават сите непријатни прашања, на кој ќе се срушат предрасудите и генерализирањата и од двете страни. Градењето цврста релација и канал за проток и пренесување информации во двете насоки треба да биде приоритет.

Зашто… и едните и другите работат за иста целна група - ГРАЃАНИТЕ.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 13 Февруари 2002
Број 13 Фебруари 2002
Вовед
Календар
Публикации
Тема
Интервју
Погледи
Настани
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA