Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 36 Март 2004

   

Реализирана знаЧајна иницијатива на група граЃански организации

Македонија доби Граѓанска платформа

Грамоз Шабани и Катерина Богоева

На 16 март 2004 година во Скопје беше основана Граѓанска платформа на Маке­донија, иницирана од група граѓански организации посветени на градење на граѓанското општество во земјава. Идејата за основање, во основа се темели на поврзу­вање на граѓанските организации во демо­крат­ска расправа на идеи, фор­мулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција насочена кон постигнување вид­ливи резултати во општеството. Платформата има плуралистички, разновиден, нерелигиозен, невла­дин и непартиски контекст, што на децентрализиран начин ќе ги поврзува граѓанските орга­ни­зации вклучени во конкретни активности, од локално, преку национално, до меѓународно ниво. Легитимноста на Граѓан­ската платформа на Македонија ќе биде резултат на нејзината способност да го зајакне граѓан­ското општество (граѓанскиот сектор), добро да го вкорени и да обезбеди организираност и постојаност. Таа ги собира и меѓусебно ги поврзува граѓанските орга­низации (и другите чинители на граѓан­ското општество во Македонија), но нема намера да биде тело што ексклузивно ќе го прет­ставува македонското граѓанско општество.

Како неформална организација платформата е отворена за сите граѓански организации во земјава.

Нејзините иницијатори на  самиот старт од реализирање на идејата, подготвувана повеќе месеци, ги искажаа авоите согледувања но и визии за иднина. Келменд Зајази - ЛГРП- УСАИД, ја смета  иницијативата за критична точка на созревање на самосвеста на граѓан­скиот сектор. “Ќе се постигне едно друго ниво на меѓусебна соработка и координација. Јас воопшто не се сомневам дека ќе има покоординирано поставување на цели и приоритети при работата”.

Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка Сашо Клековски кој на денот на основањето ја презентира повелбата на принципите, навраќајќи се на одредени моменти во минатото, потсети дека во 1991 година Македонија се соочи со големиот предизвик на одење по патот на независноста и изградба на демократско општество.

„Тогаш тој пат беше значително поддржан и полесно изоден благодарение на огромната соработка и поддршка што на тие активности им ги дадоа невладините организации. Одборот за мировни граѓански иницијативи, неформлна група на тогашните организации, даваше значителна поддршка. Кога тој процес се приближи кон крајот, иницијативата престана. Десет години потоа, се наоѓаме пред нов значаен момент за Македонија: постигнување на европски стандарди во демократска, политичка, културна, и соци­јална смисла. Ова е момент кога целта нема да може да се постигне со изолирани активности на еден или друг чинител, туку  е потребно сите заедно да најдеме можности да придонесме кон тие цели. Свеста за потреба на мобилизација на граѓанското општество, созреваше кај сите нас. И таа свест за потребата не беше, условно да кажам, предизвикана или проблематизирана. На ниво на визија какво општество сакаме во Македонија, постои голема согласност. Многу тешко одеше усогласувањето како заедно да придонесеме кон мобилизација на таа визија. Дилемите околу тоа се должат на претходните искуства, на присилната коорди­нација за време на социјализмот, условно да кажам на едноумието, меѓутоа и на фактот дека во последните десет години развојот на граѓанскиот сектор во Македонија беше заснован на странската финансиска под­дршка, која многу често не доведуваше во конкурентска а не во кооперативна позиција. Така што и покрај согласноста за спо­делување на визијата за Македонија ни престои главниот предизвик за промена на нашите односи од конкурентски во коопера­тивни. Ние само заедно можеме да постиг­неме еден степен на мобилизација на граѓанското општество и да придонесеме за ви­зијата за Македонија. Доста време дебатиравме што не сакаме да ста­неме, не сакаме да гра­диме задолжителни ча­до­ри кои ќе имаат ек­склу­­зивни позиции и нас­­­тап. Значи, центра­ли­заци­јата и ексклу­зив­носта беа двете ра­боти кои во дискусиите на првите две средби беа означени како работи кои не се дел на гра­ѓанското општество. Гра­ѓан­ската платфрома на Македонија треба да би­де отворен простор каде ќе размислуваме, расправаме, дебатираме, формулираме предлози, ќе разменуваме искуства и со тоа ќе придонесеме кон градењето на гра­ѓанското општество. Тој простор е отворен за сите. Платформата е плурална, невладина, нерелигиозна, непартиска, ги поврзува граѓанските организации на децен­тра­лизиран начин, на локално, национално и  меѓународно ниво. Легитимитетот и кре­дибилитетот на граѓанскиот сектор се гради на резултати а не на масовоност, членство или гласање,  односно избори. Не можеме да ги прифатиме принципите на организација кои се карактеристични за државниот сектор. Само врз основа на резултатите ќе го стекнеме кредибилитетот”. 

Говорејќи за потребата од формирање на граѓанска платформа во овој период од развој на граѓанското општество, Јасминка Фришчиќ,  раководителка на програма Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, меѓу другото, потен­цира: “Со изминување на една и навлегување во втората декада од посто­ењето на граѓанските организации во Македонија, повеќе од евидентна беше потребата од градење една ваква платформа. Повеќе фактори налагаа и придонесоа кон градење на платформата, но пред с$, из­градената свест за неопходната соработка и поддршка и неизвесните времиња кои н$ очекуваат сите нас во иднина. Имено, години наназад граѓанските организации во Маке­донија беа етикетирани како организации кои, влезени во кругот на меѓусебната конкуренција и престиж често пати не ги согледуваа потребите за координација и меѓусебна поддршка. Токму овој факт беше и најчесто опишуваната слабост и пречка како од страна на владините институции, кои требаше да бидат наши сојузници на патот кон подобрување на положбата на граѓаните во државата и менување на сеопштата состојба, така и од страна на граѓаните за чија добробит сите работевме. Позитивно е што од овој период од развој на сите нас излеговме со една поука која е главна премиса за формирање на оваа платформа, а тоа е дека меѓусебната координација и поддршка може да не направи поефикасни и поцелисходни во нашите идни напори. Од друга страна, во блиска иднина за сите нас претстои период на искушение во кој одделувајќи се од меѓународните извори на финансирање “мора” да се изнајдат модуси како да се опстане и понатаму да се опстои. Граѓанската платформа на Македонија може да придонесе кон градење на толку неоп­ходниот заеднички идентитет на граѓанските организации, кој пред останатите релевантни актери ќе покаже  цврстина и единственост во своето дејствување. На овој начин досега преземените деј­ствија од стра­на на гра­ѓанските орга­низации поеди­нечно, ќе бидат уште поде­ло­твор­ни и ќе при­донесат кон уште позна­чај­ни оп­штес­твени про­мени”.

И Центарот за граѓанска ини­цијатива од При­­леп е дел од Граѓанската плат­­форма, а не­­го­виот прет­ставник Игор Тасевски - смета дека плат­фор­мата во својата првична за­мис­ла е посветена на уна­преду­ва­ње на гло­бал­ните прашања и интереси за граѓаните на Република Ма­кедонија. “Верувам, вели тој, дека сите тие, со заживување и работа на оваа платформа, ќе се продлабочуваат и насочуваат кон реалните потреби на гра­ѓаните. Судејќи според впечатоците од формирањето на оваа платформа, а тоа се издржаноста на оваа инцијатива, принципите на кои таа се заснова, начинот на кој е изградена и ќе опстојува, нема двојба дека ќе прерасне во Платформа која ќе опстои и ќе не поддржува во визијата и целите кои одамна сме ги поставиле пред нас. Останува на нас, тука мислам на нејзините членови и на оние кои допрва ќе ни се приклучат, со заеднички сили и залагање да придонесеме таа да опстои. Во време кога општеството и општественото живеење се најде во криза, кога постои недостаток на идеи и ини­цијативи, а мисле­њето за невладините организации, без разлика на нивниот профил, во очите на граѓаните почна да опаѓа, се почувствува потреба за јакнење на секторот. Јакнењето и влијанието на граѓанскиот сектор и неговите актери беше основа, за група граѓански организации и инди­ви­дуалци во јули 2003 да иницираат воспос­тавување Платформа на граѓански орга­низации во Македонија, која се наметна како неопходна. Идејата беше таа да тежнее, да го зголеми капацитетот на граѓанскиот сектор и спо­собноста за негова мобилизација, базирајќи се на принципите на отвореност, расправа и акција, плурализам и непри­страсност. Центарот за граѓанска ини­цијатива, согле­дувајќи ја реално потребата од поврзу­вање на граѓанските организации во Македонија во една заедничка акција за постигнување на видливи резултати во општеството, застана зад оваа идеја и работеше на нејзино екипирање и про­мовирање. Гледајќи од дистанца кога оваа идеја беше во зародиш, моменталната состојба со Платформата само може да н$ охрабри, бидејќи истата е поставена на здрави темели. Едноставно, идејата еволуира и сега имаме платформа  која почива на повелба на принципи кои ја дефинираат како отворено место за размис­лување, без намера да биде ексклу­зивно тело кое ќе го прет­ставува македонското гра­ѓанско општество, туку да го зголеми капацитетот на граѓан­скиот сектор и способ­носта за моби­лизација на граѓанското општество. Платформата има светла иднина ако сите кои ќе пристапуваат во неа, тоа да го направат за развој на граѓанското општество, а не само да бидат членови на уште една платформа, мрежа, коалиција и слично”. 

 

 

 

 

Граѓанската платформа на Македонија има свои постојани и повремени тела. Постојани тела се: Советот, Комитетот и Секретаријатот. Советот е постојано тело коешто има водечка улога во процесот на дефинирање на принципите, стратешките правци и основните начела. Сите организации кои учествуваа на основачкиот состанок и ја изразија својата волја за вклученост во Граѓанската платформа, се членки на Советот. Комитетот го сочинуваат 11 организации и три индивидуални членови, кои имаат извршна улога во организацијата на Граѓанската платформа. Како поддршка на Граѓанската платформа на Македонија и нејзините постојани и повремени тела, воспоставен е Секретаријат, кој до следниот состанок на Советот ќе биде лоциран во Македонскиот центар за меѓународна соработка. И покрај основните критериуми за членство (форма на организација, резултати, ресурси, внатрешна организација, односи со другите актери, отчетност и транспарентност), механизмот на прием е преку пополнување пријава и доставување потребна документација до Комитетот. По препорака на Комитетот, Советот одлучува за прием на новите членки.

Минимумот финансиски средства за функционирање на Граѓанската платформа на Македонија ќе бидат обезбедени од страна на членките преку плаќање годишна членарина. 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA