|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Елфаско
Информации за студентскиот живот и други нешта
Студентите на Електротехничкиот факултет во Скопје, покрај печатеното списание “Елфаско”, изготвуваат и веб-страница: www.elfasko.org.mk.
На оваа страница се пренесуваат информации за студентскиот живот, како и за новостите поврзани со студирањето, но многу повеќе од тоа – за културниот живот (музика, филм), како и некои „откачени“ теми. Веб-страницата е финансиски поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
|
|
|
|
Општина Центар
ФениксСкопската општина Центар го издава весникот „Феникс“, кој излегува периодично. Излегувањето на весникот е помогнато од германската фондација „Конрад Аденауер“, а во него се пренесуваат информации од интерес на граѓаните на оваа општина – проектите кои се спроведуваат, новините од областа на урбанизмот, соработката меѓу здруженијата на граѓани и локалната самоуправа и други. |  |
Организација на потрошувачите
Како ќе се грееме утре?Организацијата на потрошувачите на Македонија ја објави брошурата со наслов „Како ќе се грееме утре?“. Во неа, авторот на текстот, д-р Кирил Поповски, ја промовира можноста почвата да се користи како алтернативен извор на енергија за затоплување во иднина, преку користење на стабилната температура во нејзините подлабоки слоеви. |  |
|
|