Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 31 Октомври 2003  Претставување

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

Претставување: Слободен софтвер - Македонија

За современ концепт во информативната технологија
 

Слободен софтвер Македонија е едно од ретките здруженија на граѓани во нашата држава кои работат во областа на информатичката технологија. Целта на ова здружение, формирано од група млади „компјутерџии“, е промоција на слободниот софтвер како научно-истражувачка дисциплина, како и негова јавност и слободен пристап во неговата изворна форма.

Слободниот софтвер е спротивност на неслободниот - оној кој го застапуваат големите светски дистрибутери како Мајкрософт. Денес, во светот на информативната технологија, слободниот софтвер претставува идеја и движење. Негов создавач е Американецот Ричард Стелман, кој во осумдесеттите години на минатиот (20-ти) век, го развил додека работел во Лабораторијата за вештачка интелигенција во Масачусетс, САД.

Слободниот софтвер, е како што кажува и неговото име, слободен: за користење, копирање, модифицирање, дистибуирање.

Здружението Слободен софтвер Македонија, спроведува различни активности за промоција на оваа современа технологија. Тука спаѓа кампањата „Сакам да знам“, што ја организира годинава, преку која ја информира јавноста за својата работа и за концептот што го застапува. Втората активност што ја спроведува е организирањето преведувачки маратони за масовна локализација на софтвери. Тие учествуваат и на саемите на информатичка технологија.

Една од последните активности, со кои здружението Слободен софтвер Македонија се претстави пред македонската јавност, е залагањето Република Македонија да не го потпише договорот за стратешко партнерство помеѓу нашата Влада и Мајкрософт, кој е еден од најголемите светски дистрибутери на неслободен софтвер. Здружението предупреди дека овој договор ќе & наштети на нашата држава, особено земајќи го предвид негативното искуство со неслободниот совтфер на повеќе држави. Поради различните ризици кои ги носи неслободниот софтвер (меѓу кои безбедносните проблеми и компјутерските вируси), ова здружение и натаму ќе се застапува за користење на слободниот софтвер во владините институции.                                                                    

 М.И.

 

©MCMS - designed by KOMA