Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 39 Јуни 2004

   

[shqip]

МЦМС по четврти пат ги додели наградите за граѓанско општество и демократија и за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”

Наградените извор на инспирација за сите

На 8 јуни 2004 година МЦМС по четврти пат ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”. Плакетите и чековите на наградение им беа врачени на пригодната свеченост организирана во хотелот Холидеј ин во Скопје.

„Четири години по ред има доволно храбри луѓе кои се извонреден пример и инспирација за сите нас“, рече Сашо Кле­ковски, извршен дирек­тор на МЦМС, обраќајќи им се на присутните на све­ченоста. „Секој на своето ниво, без разлика дали тоа е во својата гру­па, дали е локално или на­цио­нално, направил нешто со што може да се гордее. Тие можат да бидат пример за сите нас“, додаде Клековски.

Признание за актерите на граѓанскиот сектор

На­градата за гра­ѓанско оп­­­штество и де­мократија ја добија: Аце Коцевски, за долгогодишен придонес; Европското движење на Ре­пу­блика Ма­ке­донија, за придонес во прет­ходната година и Организацијата на же­ните “Радика” за јавност и информирање/или соработка.

“Оваа награда колку што ми припаѓа мене, толку им припаѓа и на моите соработници  и на сите активни актери во многуте иницијативи”, изјави Аце Коцевски, актуелен градоначалник на Велес и добитник на Наградата. “Заедно со невладините организации успеавме да го актуелизираме проблемот со загадувањето во Велес. Во иднина ни останува да продолжиме со ангажманот околу лечењето на младите дечиња”, додаде Коцевски.

Од името на Европското движење на Република Македонија се заблагодари Лидија Неделковска. “Последните години нашата работа е свртена кон ширењето на европскиот дух во Македонија, да станеме што побргу дел од големото европско семејство”, потенцира таа.

Во името на Организацијата на жените “Радика” наградата ја прими Азиза Асаноска, претседателка на организацијата. “И жените Македонки со исламска религија се фактор во македонското општество. ОЖ “Радика” во своето постоење и дејствување перманентно гради мостови на соработка во граѓанскиот сектор, без разлика на етничката и политичката припадност”, рече Асановска.

Во чест на Херт Јан ван Апелдорн

Наградата ја одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” оваа година ја добија Виолета Томовска и Михаил Токарев за долгогодишен придонес и Специјалната олимпијада на Македонија за придонес во претходната година. Наградата за граѓанско општество и демократија МЦМС ја воспостави инспирирана од Наградата за граѓанско општество и демократија што му беше доделена од страна на САД и ЕУ во 1998 година. Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” е воспоставена во чест на големиот поддржувач на МЦМС, Херт Јан ван Апелдорн,  по кого и  е именувана оваа награда. Во ова име се крие ликот и делото на човекот со непресушен ентузијазам, Холанѓанец кој со првиот тим на МЦМС го сподели знаењето и искуството спечалено на многубројните мисии во белиот свет и придонесе МЦМС да стане ова што е денес.

 “Се сеќавам на ликот на Херт Јан кога престојуваше во Македонија”, рече Виолета Томовска, добитник на Наградата. “Првиот голем проект за борба против малигните заболувања ние, од “Животна искра”, го спроведовме благодарение на МЦМС. Сите овие години се обидуваме да ги информираме и болните и здравите жени затоа што не би сакале здравите жени да го поминат тоа што го поминавме ние. Се надевам дека можеме да сметаме на вашата подадена рака”, рече таа, обраќајќи им се на присутните.

“Оваа Награда претставува признание за сите оние кои работеа заедно со мене во последните години за развојот на граѓанската свест и за заштитата на животната средина и културното наследство”, рече Михаил Токарев. “Таа е доказ дека кога нешто се работи со љубов, тоа вродува со резултати”. На присутните им се обрати и Огнен Стаматовски, во името на Специјалната олимпијада на Македонија. “Само што се вративме од Луксембург каде што станавме европски прваци во фудбал. Светската организација ни овозможи спортска интеграција, градење современо општество во кое лицата со посебни потреби можат да бидат горди што се дел од него”, додаде тој, заблагодарувајќи се за признанието.

Работата на развојот на демократијата и граѓанското општество, како и прифаќањето и уште повеќе имплементирањето на концептот на одржлив развој, не е завршена, таа тукушто започна. Сепак, важно е да се каже дека тие процеси во Македонија се започнати и дека граѓанскиот сектор и неговите претставници се дел од тој процес. Соочувањето со сите проблеми и тешкотии во текот на тој процес се нормални и затоа е потребно да си оддадеме и признанија кои МЦМС ги преточи во Награда за граѓанско општество и демократија и Награда за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”.


Награда за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес

Аце Коцевски во својата долгогодишна активност како пратеник, јавен службеник и градоначалник, дава посебен придонес во вклучувањето на граѓаните во одлучувањето. Заедно со “Друштвото на родителите за грижа за здраво поколение”, “Здружението на родителите на децата заболени од церебрална парализа” и “Порака” учествуваат во разрешување на најголемиот еколошки проблем во Велес (и Македонија). Преземаат иницијативи до највисоките владини институции и на меѓународно ниво, како и конкретни активности за подобрување на квалитетот на животната средина во Велес.


Награда за граѓанско општество и демократија за придонес во претходната година

Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во 2003 даде посебен придонес во афирмацијата на европската идеја и евроинтеграциите преку активностите:  „Европа - нашата иднина” и Европска недела во средните училишта - „Знаејќи повеќе за Европа и Европската Унија, знаеме повеќе за нас”. Во јуни 2003 година ЕДРМ беше иницијатор и организатор на меѓународен настан на претседателите на европските движења на земјите од Југоисточна Европа за соработката во процесот на евроинтегрирањето на која беше усвоена заедничка резолуција во пресрет на Самитот на ЕУ што се одржа во Солун. 


Награда за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” за постигнувања во претходната година

“Специјална олимпијада” - Македонија во текот на 2003 година “Специјална олимпијада” иницира кампања за вклучување на лицата со ментален хендикеп во секојдневните текови на живеење преку нивно активирање на разни спортски активности. Досега активно се вклучени повеќе од 600 лица.


Награда за граѓанско општество за соработка

ОЖ “Радика” придонесе за градење мрежи, размени, комуникација со месните заедници (12 ограноци) и општина Ростуше и Македонското женско лоби. ОЖ “Радика” работи во исклучително пасивно подрачје (реканскиот крај).


Награда за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн” за долгогодишен придонес

Виолета Томовска како претседател на “Животна искра” и во соработка со низа други граѓански организации, како и поради личното искуство, активно е вклучена во поддршката на жените заболени од рак на дојката, насочени во борбата за превенција и намалување на заболувањата.

Д-р арх. Михаил Токарев од 1989 година па наваму, Михаил Токарев се залага за спроведување на одржливиот развој во РМ, како во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, така и во заштитата и ревитализацијата на градителското, културно-историското и природното наследство. Тој е главен иницијатор и прв претседател на ДЕМ, кога во рок од една година Движењето беше омасовено (од 10+3 на 20+6 членки) и кога беа организирани меѓународни активности за заштита на Дојранското и на Охридското Езеро, а по неколку години и на Преспанското Езеро.

 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA