|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
репортажа: МАЛОВИШТА - ТРАДИЦИЈА ШТО ТРАЕ
Старите занаети повторно носат бериќетАко с$ уште не сте го посетиле Маловишта, веќе овој викенд “фатете” го патот кон Пелистер. Ќе се соочите со вистинско откритие. Маловишта ќе ве пречека со бескрајната свежина и спокој на зелените планински падини и ќе ве заплисне со зачудувачката културна традиција. Не само со традиционалното занаетчиштво, туку и специфичната архитектура, галеријата на мошне вредни икони и чудесниот иконостас во селската црква, од рангот на оние во Свети Спас и Свети Јован Бигорски. |  |
интервју: м-р Драги Змијанац, извршен директор и соосновач на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”
Се навлеков на граѓанскиот секторДраги Змијанац е извршен директор и соосновач на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”. Пред да се впушти во водите на граѓанскиот сектор, магистрирал на предметот одбрана и од 1983 до 1991 година работел како асистент по предметот теорија на војната на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1992 година до денес Змијанац е дел од Детска амбасада “Меѓаши”. Семејно, тој е татко на три деца и сопруг на својот најдобар соработник, Гордана Пирковска-Змијанац. |  |
погледи
Оружјето е дизајнирано да убиваОружјето е дизајнирано да убива. И - тоа сигурно ќе го стори во даден миг! Тоа е една од водечките идејни поставки на предавањето за ризиците од оружјето кое го одржа полковник Франк Одендал, а во организација на Цивил, Пакс Кристи Холандија и УНДП/САЦИМ 2 – “Сафер Цоммунитѕ Буилдинг”. |  |
МЦМС по четврти пат ги додели наградите за граѓанско општество и демократија и за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”
Наградените извор на инспирација за ситеНа 8 јуни 2004 година МЦМС по четврти пат ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”. Плакетите и чековите на наградение им беа врачени на пригодната свеченост организирана во хотелот Холидеј ин во Скопје. |  |
Најнова оценка на Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон
Анализата на војната во Ирак остава мрачна сликаНајновата оценка на прогресивниот екпертски тим, Институтот за политички студии (ИПС) од Вашингтон, е дека војната во Ирак претставува навистина лоша ивестиција, како за човечките животи, така и за даночните обврзници. Се разбира, освен ако не поседувате голем број акции во Халибартон или некоја друга компанија која се занимава со одбрана, безбедност или градежништво. |  |
Граѓанска иницијатива на жените - ГИЖ, Свети Николе
Економско и политичко јакнење на женитеГраѓанската иницијатива на жени од Свети Николе започнала да работи во 2001 година како неформална група составена од шест претставнички на локалната самоуправа, синдикатот, бизнис секторот, медиумите и граѓанскиот сектор. Првичната идеја, како што ни рече претседателката на ГИЖ, г-ѓа Ирина Поцкова, била да се иницираат активности на полето на економското јакнење на жената. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|