Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 64

   

Коментар

УШТЕ КОЛКУ ОДГОВОРИ ЗА ПАУШАЛНИ КРИТИКИ!

„А, бе парче ве направија овие во медиумите!” Ова беше нај­честиот коментар на (не)добронамерните поврзан со напи­сите во дневниот и неделниот печат (поретко во електронските медиуми) во деновите на екстремно висок интерес за работата на граѓанските организации во Македонија. Ваков интерес за граѓанските организации немало уште од изборите за претседател на ССУКМ во 2002 година кога организацијата (за жал, поради негативните вести) стигна на насловните страници на печатените медиуми и во ударните термини за вести на електронските медиуми.

Но, што добивме од екстремно високиот интерес за нас? Главно, паушали! Да не ти се верува, кој се фатил за бројка, се з…. затоа повеќето си се дружеле со паушалите, посигурно е! Во Македонија на секој чекор имало граѓанска организација, а во Хрватска, со пет милиони жители, замислете, ги има само 270!!! Е, штета за сите обиди за заживување на истражувачкото новинарството, си велам. Но, за да се дојде до бројката на хрватските граѓански организации и не треба некое истражу­вање, можете да прашате некоја граѓанска организација од Македонија или, пак, да одите на „гоогле” и да побарате „удруге” што ќе ве однесе на веб-страницата на владиниот сектор за граѓански организации, а потоа анализирајте колку сакате! Да, тоа можете да го направите, освен, ако намерата не ви е друга?! Патем, во Хрватска има 30.416 регистрирани граѓански организации што е двапати повеќе од бројката во Македонија кога се има предвид бројот на жители на земјата.

Следната уште „поболна” тема се парите. „Никој не знае кол­ку пари тие вртат”! Па што не прашате? Фала му на Бога, с$ поголем е бројот на граѓански организации коишто ги објавуваат своите годишни извештаи, барабар со финансиските извештаи. А таму бројки, колку ти душа сака. Некои од нив ги објавуваат и независните ревизорски мислења за тие финансиски извештаи. МЦМС во 2002 и во 2004 година ги издаде Проектите на граѓанските организации во Македонија. Во Граѓански свет бр. 42 се презентирани резултатите од второто издание на оваа публикација, меѓу другото и финансиските средства што се употребени за спроведување на 658 проекти во текот на 2002-2003 година. Речиси 13 милиони евра чинеле овие проекти. Ете бројка! Ете пари! И тоа објавени, јавно на њњњ.граганскисвет.орг.мк. Ама некој треба да праша. Да пробу­ричка. Па како инаку! А, да, во истата публикација ќе најдете информации и за тоа „кој им ги дал парите” и колку луѓе биле вклучени во нивното спроведување.

Што се однесува до влијанието, би сакала да ве поканам на промоцијата на Проценката на граѓанското општество во Македонија „По 15 години транзиција” – од стабилизација кон граѓанско учество. Таму ќе слушнете повеќе за влијанието, вредностите, структурата и околината на граѓанското општество во Македонија. Анализи, што се потпираат на факти, на податоци собирани и анализирани од многу луѓе, р­ечиси две години. Ама анализи, и факти, не паушали!

Гонце Јаковлевска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA