СЕЕД
Развој на малите и средните претпријатија
Развој на претпријатијата во Југоисточна Европа (Southeast Europe Enterprise Development - SEED) е петгодишна иницијатива на повеќе донатори со вкупен буџет од 25 милиони американски долари, управувана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC) од Групацијата на Светската банка со цел зајакнување на малите и средни претпријатија во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и Црна Гора.
Една од главните цели на СЕЕД е подобрување и задоволување на потребата од висококвалитетни консултантски услуги и обуки кои се достапни во секторот на мали и средни претпријатија. Мисијата на СЕЕД е: „Подобрување на животот во нашиот регион преку развој на мали и средни претпријатија и мобилизација на интегрирани услуги за консалтинг и обука кои треба да ги покријат сите аспекти на секторската конкурентност“ Стратешките цели на СЕЕД се: зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија во регионот; развој на пазарите на консултантски и развојни услуги; и подобрување на деловното окружување.
Со главно седиште во Сараево СЕЕД има канцеларии во Скопје, Тирана, Белград и Бања Лука, и вработува повеќе од 80 лица. Работата на СЕЕД е финансирана од Австрија, Канада, Грција, Холандија, Норвешка, Словенија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија и „IFC“.
Во Македонија, СЕЕД успешно спроведе неколку проекти.Проектот Стандардизација ХАЦЦП опфати теоретска и практична обука за имплементација на стандардот ХАЦЦП за 7 домашни консултанти што им овозможи вештини и знаење за подготовка на македонските претпријатија за имплементација на овој стандард. Понатаму, СЕЕД му помогна на едно домашно претпријатие да го имплементира процесот за квалитет и безбедност на преработката на храна кое всушност е првото македонско претпријатие со сертификат ХАЦЦП.
Можностите за финансирање на малите бизниси во Македонија значително се подобија со новиот Закон за лизинг кој е донесен со поддршка од СЕЕД. Законот што македонскиот парламент го одобри на 31 јануари 2002 дозволува формирање нови независни лизинг-компании со минимален капитал од 100,000 евра. Истиот утврдува јасни и транспарентни стандарди за обезбедување опрема за локални компании по договор.
СЕЕД обезбеди техничка помош за подготвување на Националната стратегија за мали и средни претпријатија која беше прифатена од македонската влада на 30 јули 2002 и претставува основа за имплементација на програмите на Одделот за мали и средни претпријатија при Министерството за економија за поддршка на малите и средни претпријатија. Соработката со Министерството за економија и понатаму продолжува со подготовка и имплементација на пообемни проекти со уште поголеми резултати.
Покрај ова, СЕЕД разви и реализира бројни специјализирани обуки од областа на генерален, извршен и финански менаџмент, кои беа поосетени од повеќе од 400 мали и средни претпријатија. Сега СЕЕД располага со широк спектар од специфични програми за обука кои ги покриваат сите аспекти на работењето на малите и средните претпријатија. |