Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 57

   

Промовирана книга со исповеди на луѓе од поранешна СФРЈ

„Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо“

Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо”, е насловот на книгата којашто содржи потресни сведоштва на луѓе кои ги преживеале војните на просторите на поранешна Југославија. Во книгата се пренесени над четириесетина “директни” интервјуа со луѓе од сите краеви на поранешна СФРЈ кои зборуваат за војната и можностите за изградба на мир на овие простори. Луѓе на возраст од 19 до 81 година, со различни професии, години, пол и вероисповест, зборуваат за тоа како гледале и гледаат на војните, кои, во деведесеттите години ги потресоа народите од поранешните ју-републики.

Книгата е промовирана во организација на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши” и центрите за ненасилна акција од Белград и од Сараево. Ви пренесуваме дел од исповедите на луѓето кои беа интервјуирани:

Методија (78 години), Скопје, пензионер, радиоаматер

За време на војната во поранешна Југославија ти беше многу активен како радиоаматер. Потоа се случи конфликтот во Македонија. Како сето тоа се одрази во твојот живот?

- Во Македонија се наѕираше, да речам, ептен лош човечки однос. Некако омразата, барем според мене, ја внесоа политичките партии. А тие, водителите на тие партии, го донесоа конфликтот меѓу луѓето. Многу се згреши што тогашните на власт дозволија да се направат националистички партии и тоа придонесе омразата да се зголеми. Јас сум живеел во Гостивар меѓу Албанци, Турци и разни нации. Бев спортист, го делевме, што се вика, залакот. И никогаш не сум се надевал дека ќе дојде до тоа, до конфликт.

Треба ли да се заборави и зошто?

- Тешко на оние семејства кои изгубија најблиски, и албански и македонски, таму каде настрадаа невини деца... Сигурно, на пример, семејството на детето што загина играјќи кошарка, нема да заборави. Нема да заборават и многу Албанци. Кој Егеец ќе се пофали од Грција? Избркани, огништето им го спалиле, им го зеле селото и ги избркале. Тие нема да заборават. Тој што не го преживеал тоа, брзо ќе заборави.

Сеад, (21 година), Г.Вакуф-Ускопље, студент

Дали чувствуваш некои последици од војната и на кој начин?

- Во нашиот град силно се чувствуваат последиците од војната, градот е поделен на два дела, хрватски и босански дел. На пример, основните училишта се целосно раздвоени. Здравствениот дом работи одвоено, средните училишта работат според принципот две училишта под еден покрив, постои невидлива линија што го дели градот на два дела и тоа се чувствува кога се шеташ по градот, точно се знае до каде се оди.

Како живееш со тоа? Дали некогаш тоа ти е посебно тешко?

- Беше тешко можеби дури по војната. Не знаевме дали смееме да одиме во другиот дел од градот, немавме комуникација со луѓето од таму. Дури откако почнаа со работа некои организации, на пример Младинскиот центар “Горен Вакуф-Ускопље#, имавме можност да дојдеме во контакт со луѓето од другиот дел на градот. Подоцна се споија и средните училишта, па имаше можност за поголем контакт меѓу нас.

М. (32 години) Вуковар, новинар

Дали с$ уште ги чувствуваш последиците од војната?

- Секако дека ги чувствувам последиците од војната, како и поголемиот дел од од оние 22,4 милиони жители на распаднатата Југославија. За секој од нас, а особено за оние од подрачјата зафатени со војна, животот драматично се измени и тргна по поинаков тек.

Што би требало да се случи за да се измени тоа?

- Самиот и не можам поинаку да дејствувам, освен она што секојдевно го правам во мојот дом, надвор од него, во дружења со луѓе, на работното место. Таму каде што работам укажувам на девијантните појави коишто настанале како последица на воените ужаси. Во опкружувањето во коешто живеам, “соседите# и понатаму ги поздравувам со “Бог”, а “комшиите” со “Здраво”, разговарам со секој од нив, го почитувам тоа што се, би им помогнал и очекувам дека и тие би ми помогнале. Што се однесува до моето опкружување, уште многу вода низ Дунав ќе мора да протече за да се воспостави нормален живот.

Есма (58 години) Сараево, пензионерка

Кога ќе се вратите во периодот од почетокот на деведесеттите и тие години пред војната, што паметите?

- Најчесто се сеќавам на тие воени години, на оние гранати, што велат, кога викаа да бегаме, кога се криевме во подрумите или во соседството, јас со децата, или долу кај автомобилите или долу кај покојниот сосед Бранко - таму најмногу бевме, ноќевавме. Целото соседство, сите заедно.

Мислите ли дека денес треба да зборуваме за тие работи што се случуваа во војната?

- Па, не треба да се затајува, треба да бидеме реални. Треба да се каже, нека се знае! Нека се знае, нека излезе вистината на виделина. Што можам да ти затаам јас, ако ти го убиле или ти го заклале твојот најблизок? Не можам! 

Мевљудин, (43 години), Гњилане, машински инженер

Како гледате на своето минато?

- Минатото го гледам како лош сон, но како едно искуство коешто не се “купува”, ниту пак се “продава” , туку се добива со тежок напор, а од друга страна, со желба никој да не го проживее нашето минато.

Може ли да дојде до помирување на Косово?

- До помирување не може, туку мора да дојде. Што се однесува до самосвестувањето, стигнавме до тоа ниво, т.е. сфативме дека додека бевме во конфликт едните со другите, му овозможивме на лошотилакот да се збогати.  Целосното помирување ќе се случи тогаш кога ќе сфатиме колку ни била лоша реалноста.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA