Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 51  Свет

Повик за предлози

Институтот за мир на САД (УСИП) дава непобарани грантови

Институтот за мир на САД (УСИП) го објави повикот за предлози за непо­барани грантови од кои повеќето се со времетраење од една до две години и изнесуваат од 25.000 до 45.000 американски дола­ри, а постои можност за доделување и повисоки грантови. Можат да аплицираат непрофитни организации, официјални јавни инсти­ту­ции, како и поединци од САД и од други земји. Од клучен (но не и единствен) интерес за институтот се следните области: решавање ме­ѓународни конфликти, дипломатија, теорија на преговарање, фун­кци­онализам и дипломатија “трацк тњо”, методи на решавање несо­­гласувања од страна на трето лице, меѓународно право, ме­ѓу­народни организации и колективна безбедност, одвраќање и ба­лан­си­рање на моќта, контрола на оружјето, психолошки теории во вр­ска со меѓународните конфликти, улогата на ненасилството и нена­сил­­ните мерки, морална и етичка мисла во врска со конфликтите и нивното разрешување и теории за односите помеѓу политичките институции, човековите права и конфликтот.

Институтот не поставува никакви дисциплинарни ограничувања. Добре дојдени се предлози од интердисциплинарна или мулти­дис­ци­плинарна природа. Краен рок за поднесување на апликациите е 1.10.2005 година. Повеќе информации на  http://www.usip.org/grants/unsolicited.html  или на: grants@usip.org.

Т.Х.А.

 


Повик за аплицирање

Глобален форум за Законот за граѓанско општество

Глобалниот форум за Законот за граѓанско општество, кој во ор­ганизација на Меѓународниот центар за Законот за не­про­фит, ќе се одржува од 17 до 19 ноември 2005 во Турција, каде до­ма­ќин ќе биде фондацијата Третиот сектор од Турција, треба на едно место да собере околу 100 водечки експерти што рабо­тат на полето на законот за граѓански организации.

Највено е учество на претставници на акционери, граѓански ор­га­­ни­зации, владини претставници, претставници од законо­дав­­ството, научници и претставници на донаторите. На Фору­мот ќе се разгледуваат  иновативни прашања организирани во пет тематски единици: реформа и застапништво, актуелните пра­шања и Законот за граѓанско општество, одржливоста на граѓанските организации и законот, одговорноста, тран­спа­рент­носта и регулативите на граѓанските организации и одно­си­те на граѓанските организации со владиниот сектор. Ќе би­дат одржани работилници на кои учесниците ќе можат да ги спо­делат своите искуства и да основаат мрежи на реформисти на Законот за граѓанско општество.

Местата се ограничени, а заинтересираните потенцијални учес­ни­ци мораат да аплицираат што поскоро на www.icnl.org/globalforum. Дополнителни информации може да се добијат и на адресата на Меѓународниот центар на globalforum@icnl.org.                                              

Т.Х.А.

 

Алманах

Нов том за Глобалното граѓанско општество

Лондонската школа за економија и политички науки го из­даде четвртиот том од Алманахот на граѓанското оп­штест­во. Во него се опишува природата и историјата на глобалното граѓанско општество, а истиот содржи и соодветни студии по тоа прашање, важни забелешки и податоци, како и статии по актуелни прашања.

Интернет-верзијата на алманахот е достапна на: http://www.lse.ac.uk/depts/global/searbook04chapters.htm          

Т.Х.А.

 

На Глобалната конференција на ОН

Старт на Глобалното партнерство за превенција од вооружени конфликти

 
Глобалната конференција од реакција до превенција под наслов “Граѓанското општество гради партнерство за спречување насил­ни конфликти и градење мир”, се одржа од 19 до 21 јули во се­ди­штето на Обединетите нации. Учествуваа повеќе од 1.000 акти­висти на граѓанското општество со цел да започнат меѓународно движење за спречување на вооружените кон­флик­ти, барајќи од владитте да соработуваат со граѓанското општество на меѓу­на­род­но, на регионално и на локално ниво. Глобалното партнер­ство за спречување вооружени конфликти (ГПСВК) се органи­зира во 15 региони во целиот свет, а секој од нив е предводен од една граѓанска организација која ја има улогата на регионален иницијатор. Во регионот на Југоисточна Европа, таа улога ја презеде Нансен дијалог центарот.

Балканската регионална конференција за спречување конфлик­ти е одржана од 4 до 6 ноември 2004 година во Игало, Црна Гора каде е усвоен Балкански регионален акциски план, достапен на њњњ.глобал-цонференце.нет. Во светот досега се одржани 15 реги­онални конференции на кои се усвоени 15 регионални акциски планови за превенција од конфликти. Извештајот е достапен на: www.gppac.net

Т.Х.А.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA