Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 44 Декември 2004

   

НВО саем – 4 форум на граѓанското општество во Македонија

ЗАЕДНО ЗА ЕДНО

Под слоганот “Заедно за едно”, од 3 до 5 декември 2004 година на Скопскиот саем се одржа четвртиот по ред НВО саем – форум на граѓанското општество во Македонија.

Четвртиот форум на граѓанското оп­штес­тво ќе биде свртен кон иднината, без непотребни ретроспективи и интроспекции на македонското општество. Фо­румот ќе биде насочен пред с$ кон прашањето како Македонија во 2005 година да стане земја кандидат за Европ­ската Унија, затоа што сметаме дека  членството во ЕУ е иднина на нашата зем­ја”, рече Сашо Келковски, из­вршен директор на МЦМС на свеченото отво­рање.  “Се разбира дека членството во Европ­ска Унија не зависи само од решавањето на политичките прашања, туку и од економскиот развој на земјата , а ма­лите и средните претпријатија се и тоа како влијателен фактор за брзиот економ­ски развој”, истакна Венко Глигоров, дирек­тор на “Логин системи” кој на отво­рањето беше претставник на приватниот сектор.

Отворањето на четвртиот НВО саем се поклопи со светскиот ден на лицата со посебни потреби. Не смееме да веруваме дека ние како единки не можеме ништо да направиме. Мораме да веруваме и да се здружуваме, само така ќе успееме’’, истакна Звонко Шаврески од Здружението за лицата со посебни потреби “Полио плус”.

Најмногу досега, 244 граѓански организации, дојдоа на Скопскиот саем со намера да им ги покажат своите активности на колегите од граѓанскиот сектор, на заинте­реси­раните посетители од приватниот сек­­тор, на преставниците на др­жавниот сектор, на медиумите, на сите оние кои за тоа ќе покажат интерес. Дојдоа не само да се видат, туку и да разговараат. Да разменат искуства за она што добро им оди, но и за она што не им оди толку добро. Да дебатираат за она за што имаат различни мислења, да ги изнесат своите аргументи обидувајќи се притоа да добијат што повеќе при­врзаници.

А тоа всушност и беше намерата на орга­низаторите: да се подобри информирањето, комуникацијата и координацијата помеѓу граѓанските организации, да се промовира граѓанскиот сектор во јавноста и меѓу другите актери и да се иницира и подобри регионалната соработка на граѓанските организации.

И оваа година на увид на јавноста беа ставени минатото и иднината. Минатото, преку активностите презентирани во из­лож­бениот дел, а иднината преку диску­сиите за тоа каде сакаме да стигнеме и што сакаме да направиме што беше пред­мет на дискусиите во форумскиот дел.

Новини

Оваа година прв пат беше одредена но­сечка тема и фокус-земја. Но­сечката тема беше дефинирана ка­ко “Европ­ската интеграција на Македонија”, а фокус-земја беше Словенија. Покрај ова, посебно внимание му се даде и на одбе­лежување на 3 декември – свет­скиот ден на лицата со посеб­ни потреби, и на трите прашања кои според повеќе истражувања прет­ставуваат ос­новни оп­штес­твени про­бле­ми кои­што ги засегаат гра­ѓаните, односно сиромаш­ти­ја­та, неврабо­те­носта и коруп­цијата и стра­тегиите за одрж­ливос­та на гра­ѓанскиот сектор како тема која ќе се занимава со граѓанскиот сек­тор.

Уште една новина беше завршната пленарна сесија која беше орга­низирана како дебата и на која се диску­тираа заклучоците од де­сет панели коишто опфатија значајни теми за граѓанското орга­ни­зи­рање.

Изложбен дел

Вкупно 244 граѓански организации ја пре­зентираа својата работа на 98 штандови. Орга­низациите беа групирани во сек­торите во кои работат. Така посе­тителите мо­жеа да ги видат организациите кои работат на животна средина; здравство; вра­­ботување и мали и средни прет­при­јатија; демократија и владеење на пра­вото; лица со посебни потреби; социо-хума­нитарни работи; културни раз­лич­ности и дијалог; етнички заедници; чове­кови права; жени; информации; струкови организации; култура и уметност; деца и млади; образование. На четвртиот НВО саем имаше една владина институција. Посебно беа групирани организациите од регионот што оваа година ги имаше 16 од четири држави и меѓународните кои беа застапени преку пет организации.

На овој начин посетителите и заинте­ре­сираните полесно можеа да се ориентираат во изложбениот дел.

Изложбниот дел и оваа година ја покажа целата инвентивност на активистите на граѓанските организации. Освен печа­тените материјали на кои беа презен­тирани активностите на организациите, посетителите можеа да се информираат и од самите активисти за она што го направиле тие во претходниот период или за она што го планираат во иднина.

Најмногу организации имаше во групата “етнички заедници”, дури 61, а најмногу штандови имаше во групата “демократија и владеење на правото”, 12.

Форумски дел

Четвртиот форум на граѓанското општество во Македонија понуди 66 форум­ски настани, и тоа две пленарни сесии, 29 панели, пет промоции, 18 презентации и 12 едукативни сесии.

Настаните ги организираа 34 домашни граѓански организации, една организација од Словенија, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Секторот за европ­ска интеграција при Владата на Република Македонија.

Форумскиот дел на Саемот не ги третираше само прашањата важни за граѓанскиот сектор, туку генерално и прашањата кои се од особен интерес за целото општество. Учесниците понудија повеќе различни теми, како на пример: Улогата на гра­ѓанското општество во процесот на приб­лижување кон ЕУ, Влијанието на гра­ѓан­скиот сектор врз економскиот развој во Македонија, Декада на Ромите, Младите и развојот, Улогата на меѓународните сту­дентски организации во процесот на евро­интеграцијата на високото обра­зо­вание во Македонија, Заштита на потро­шувачите и процесот на евро­интеграции итн.

Дел од граѓанските организации Саемот го искористија за промоција на своите нови програми, новите публикации или за доделување награди.

Социо-културни настани

За време на НВО саемот се одржаа 14 социо-културни настани. Беше пре­зен­ти­ран најмалиот ет­номузеј од Џеп­чиште, бе­ше изведена поемата “Незабо­рав” од Пас­кал Гилевски, беше органи­зи­рана из­лож­ба и кратка програма на децата со оштетен слух и говор од училиштето “Кочо Рацин” од Битола, се одржа концерт на мистична му­­зика, а свој настап имаше и хорот на Здружението на македонско-словенечко при­јателство “Фран­це Пре­шерн” од Скоп­је.

Посетители

НВО саемот - 4 форум на граѓанското оп­штестово во Македонија го по­­­се­тија 9.798 граѓани на Ма­кедонија. Од нив 3.440 дој­доа од градовите над­вор од Скопје.

Еве што кажаа за Саемот дел од нив:

Адем Шарафи, наставник по македонски јазик во основното училиште “Са­ит Најдени” во Дебар. “Дебар е слепо црево во Македонија и поради тоа посебно ја це­ниме прили­ката што ни е укажана да го посетиме овој настан. Јас и моите колеги денес доне­совме педесетина деца од основните и од средното училиште во Дебар. На Саемов има што да се види, зедовме од пре­зентираните материјали. Дел од рабо­тењето на граѓанските орга­низации ми е познат преку актив­ностите на орга­ни­зацијата “Месечина” која е една од нај­активните во Дебар”.


Албана, 12 години, Дебар: „Многу ми се допадна НВО Саемот, видов интересни работи и зедов некои материјали кои ќе ги прочитам дома. Не сум била активна досега во ниту една граѓанска орга­низација, но би сакала, мислам дека тоа е нешто добро”.


Ивана, 14 години, Куманово: “Првпат сум на овој саем, дојдов заедно со другар ми, неговиот татко н$ донесе. Не е лошо, ги посетив штандовите на организациите што работат со деца, зедов некои прос­пекти. Не сум имала прилика да разговарам со активисти на граѓански орга­низации, но би била волонтер во граѓанска организација ако тоа што го работат е добро и инте­ресно”.

 Адријана, 18 години, Скопје: “Минатата година учествував во подготовките на штандот на Соју­зот на извидниците, а оваа година сум само посетител. До­сега успеав да ја видам само третата хала и бев на панелот “Улогата на меѓународните студен­тски органи­зации во процесот на евро­ин­теграцијата на високото обра­зование во Македонија. Со оглед на тоа какви ни се можностите, мислам дека Саемов е о.к. Имам некои забелешки, но тоа се идивидуални размислувања. Мене и на моите пријатели ни е блиска идејата на граѓанско организирање. Разговараме за тоа, посебно на часовите по филозофија н$ поттикнуваат да размислуваме и да разговараме за таквите идеи. Мислам дека би можеле да се вклучиме активно во некоја граѓанска организација”.

Медиумите известуваа повеќе од лани

“Медиумите покриле 21,6% од настаните на НВО саемот што е за 9,9% повеќе од минатогодишното медиумско покривање”, изјави Билјана Бејкова од НВО инфоцентарот којшто го правеше набљудувањето на националните концесори, јавниот сервис и дневните печатени медиуми на мекедонски јазик. Најинтересни за медиумите, според НВО инфоцентарот, биле темите поврзани со процесите на евроинтеграција, корупција во владините структури и високото образование, активностите на Координативното тело за заштита на локалитетот Градиште-Кале и Меѓународниот ден на хендикепираните.


Улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон Европската Унија

Приближувањето кон Европската Унија е приближување кон принципите на „европ­ското владеење”: отвореност, пар­тици­­пативност, демократски пристап, кохе­рентност, институционални форми на дија­лог, Комитет на региони, Економско-соци­јален комитет.

· Македонија, во процесот на прибли­жу­вање кон ЕУ треба да ги искористи сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги и луѓето (кадрите) од граѓанскиот сектор.

· Граѓанското општество, вклучувајќи ги и медиумите, треба да покаже визионерство и храброст во менување на свеста и однесувањето на јавноста во насока на приближување кон ЕУ.

· Седум од осум прашања кои беа пос­та­вени се однесуваа на што може да на­пра­ви Владата за европската интеграција и што може да направи Владата за гра­ѓанските организации.

“Во граѓанскиот сектор гледам некој кој ќе менаџира со процесот на евроинтеграции, кој ќе им објасни на граѓаните што значи самиот процес, сектор кој ќе биде храбар да им поставува прашања од суштинска важност на политичарите, како пред изборите, така и за време на изборите, сектор кој ќе следи кој што ветил, а што остварил.” - Радмила Шеќеринска


Федор Черне, влада на Република Словенија за улогата на невладиниот сектор во евроинтеграциите 
Невладин сектор како едукатор на граѓаните

Федор Черне кој во владата на Словенија е во делот задолжен за евроинтеграциите бе­ше еден од учесниците на презентацијата за  членството  на Словенија во ЕУ како фактор за јакнење на граѓанските организации.

Која беше улогата на невладиниот сектор во Словенија за време на аплицирањето на Вашата земја за членство  во ЕУ и подоцна кога Словенија стана  земја кандидат ?

Морам да нагласам дека невладините организации беа дел од преговорите за членство на Словенија во Европска Унија. Тие придонесоа многу на две полиња. Прво невладините организации одлично ја следеа и имаа одлични познавања од об­ласта на европската легислатива и нејзиното имплементирање во Словенија. Импле­ментацијата бараше многу промени и при имплементирањето на новите закон­ски одредби соработката со граѓанскиот сектор беше од особена важност. Гра­ѓанскиот сектор на моменти беше и евро­скептичен во една позитивна смисла. Што мислам со тоа? Добро е да се укаже и на некои неправилности и како да се надмине тоа, добро е да се совладаат и некои стравови….

Какви стравови имаа граѓаните на Словенија во однос на влегувањето во Европска Унија?

Стравовите беа за и околу економските прашања, можеби и околу националниот иден­титет, но тука уште еднаш голема улога одигра граѓанскиот сектор со одржување на многубројните форуми на кои граѓаните поставуваа прашања во врска со своите стравови. Тие форуми допринесоа во многу да се разбијат одредени фами и стравови.  

Која е улогата на граѓанскиот сектор сега кога Словенија е веќе членка на ЕУ?

Тие и понатаму се многу активни, дел се од вла­дата на Словенија, нивната активност никако не престана со влегувањето на Сло­венија во ЕУ. Напротив, таа доби едни нови димензии. Сега нашите граѓански организации имаат пристап кон грантови за кои порано не можеа да конкурираат, соработуваат со граѓански асоцијации од други европски земји, така што  поле на нивното дејствување се прошири. 


Намалување на невработеноста преку подобрување на пристапот до финансиски услуги

· Во Република Македонија особено недоста­суваат финан­сис­ки услуги за почетници на бизнис. 75 % од невработените се заинте­ресирани за мал бизнис, но истовремено истите имаат нај­мали шанси за добивање кредит.

· Во Република Македонија посто­јат повеќе институции што обез­бедуваат микрокредити, а дел од комерцијалните банки имаат и од­деленија за микрокре­дити­ра­ње.

· Потребна е институционална поддршка на приватниот сектор и поголема координација меѓу актерите за поддршка на развојот (Влада, развојни агенции, гарантни фондови).


Дали граѓанскиот сектор може да биде одржлив без надворешно финансирање?

· Само 4% од средствата доаѓаат од донации од индивидуалци, од бизнис-секторот исто така 4%, од централната или локалната власт 8%, од сопствени извори 10%, а 74% се финан­сираат од грантови.

· Граѓанските организации не се залагаат во мобилизацијата на средствата на локално ни­во и не се доволно промовирани во јавноста.

· Потребни се амандмани во Законот за здруженија на граѓани и фондации (еко­номските активности на граѓанските орга­низации, статус на организации од јавен инте­рес, бенефиции на данокот за индивидуални и корпоративни донатори, волонтеризам).

· Владата на Република Македонија во Генералниот секретаријат формира канце­ла­рија за соработка на граѓанските органи­зации.

 

Децентрализација – департизацијата како формула за успешна локална демократија

· Децентрализацијата треба да води кон зголемена партиципативност. Во Македонија тоа е среднорочен приоритет и еден од битните критериуми за статус на земја-кандидат за ЕУ.

· Партизацијата во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) е еден од клучните недостатоци што го попречува процесот на децентрализација и го блокира процесот на одлучување во ЕЛС.

· Односите на ЕЛС и граѓанските организации се карак­теризираат со недоверба: граѓанските организации иста­кнуваат нетранспарентност, не­потизам и корумпираност на партиска основа на ЕЛС, а од друга страна – ЕЛС иста­кнува непрофесионализам и зголемен интерес за децен­тра­лизацијата поради зголемената алокација на финан­сиски средства кај граѓанските организации.


Високото образование, корупцијата и студентските права

· Корумпираноста во ви­сокото образование ја „поттикнуваат” некои сту­денти, на кои им е полес­но да платат отколку да научат.

· Студентскиот право­бра­нител во две и пол години работа примил 160 при­јави, од кои ниедна не се однесува на корупција.

· Ниеден случај на коруп­ција во високото образо­ва­ние не завр­шил со пра­восилна пре­суда.

 

10 години граѓанско општество во Југоисточна Европа: Што успеавме да постигнеме, а што тргна на лошо?

· Развојот на граѓанските организации во ЈИЕ, како и во другите пост­кому­нистички др­жави, многу зависеше од надворешната помош од Западна Европа и од САД и е насочена кон граѓанските орга­низации, кои дејствуваат во полето на демократијата. Засновани на таков концепт, значителен дел од граѓанските организации с$ уште се антивладино расположени.

· Граѓанските организации и Владата треба да одлучат за меѓусебните односи, врз основа на тоа какво општество сака­ат да градат.

· Најголем предизвик е корупцијата на довербата на луѓето во Владата.


Модели на изготвување национални стратегии

· Во процес е креирање на Националната програма за развој на обра­зованието и Стратегијата за развој на информатичко општество, додека Националната стратегија за млади е во завршна фаза.

· Во сите три национални стратегии сора­ботката со граѓанските орга­низации и експертските тимови е клучна, а посебно во Националната стратегија за млади е обезбедена значајна вклученост на младинските орга­низации.

· Во процесот на креирање на националните стратегии се вклу­чу­ваат претставниците од поли­тич­ките партии, со што се овозможува спро­ведувањето на овие долгорочни документи.

 

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA