луѓе: Кочо Андоновски
НАШИТЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ СЕ МЕНТАЛИТЕТОТ И ПРЕДРАСУДИТЕ
Професионално искуство: Copywriter и сценарист на повеќе advertising кампањи, сценарист на серијалот документарни видеа “Луѓе, време, љубов” Арт медија, сценарист и режисер на кампањата “Одблиску” на ОБСЕ и МВР за приближување на полицијата до граѓаните, промоција на “Полицијата на заедницата” и др.
Ангажирање во граѓански сектор: Еден од основачите на Арт медиа, претседател на македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација – МАССО.
Хоби и интереси: Пишување и фотографија/видео.
Најтешка одлука: Отворање пред семејството за мојот интимен живот, да признаам дека сум геј.
Амбиции: Да го создадам тоа што е засега само внатре.
Во слободното време чита: Различен вид литература, во мометов се воодушевувам од јапонецот Харуки Мураками и неговата “Спутник љубов”.
Каде оди во слободното време: Најчесто во ресторанчиња, на кафе низ кафулиња, сакам и добра хоусе или транце-журка.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто: Менталитетот и предрасудите се најважни проблеми кај нас. Менталитетот н$ прави нетолерантни за различностите со кои неизбежно живееме. Кога се правиме дека ги прифаќаме, забораваме дека не е поентата да ги прифатиме само тие што нам ни се “прифатливи”.
Предрасудите дека работиме како што треба, ама ете немаме пари, па затоа е вака. Немаме стандард, немаме стандарди во ништо, затоа што не работиме како што треба, а и за да можеме да продолжиме така. Ние сме нација која сака да ги избегне “ако се може” одговорноста и работата. Тоа н$ прави тесногради и н$ одвлекува од вистинските вредности. Работиме половично и с$ останува половично во нашите животи.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто: Филозофијата на беспомошни и спасители. Филозофија потребна на агресивното/материјално општество за да освојува/опстане, непочитувајќи ги стандардите за кои декларативно се залага.
Што би променил/а во Македонија и во светот: Секој да го исполни тоа што го ветил, би било доволно светот да стане подносливо место за живеење.
Совет/порака: Одлучив да живеам!
Никогаш не би можел/а: Да кажам никогаш.
|