|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ЦЕНТАР ЗА ЕТИКА
Асоцијација за етички истражувања и етичко образование
“ЦЕНТАР ЗА ЕТИКА” како асоцијација за етички истражувања и етичко образование е невладина организација основана во април 2004 година од страна на проф. д-р Кирил Темков како нејзин претседател, проф. д-р Стојан Пржовски, проф. д-р Олга Пешевска-Заревска, доц. д-р Иванчо Атанасовски, доц. д-р Јован Лозановски и м-р Дејан Донев, како секретар на истата. Во Центарот членуваат личности кои водат етички истражувања и кои предаваат етика, но во исто време член може да стане и секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој ги прифаќа целите и Статутот на центарот за етика.
Со основањето на овој Центар за етика се настојува да се надополни недостигот од научни и културни активности на полето на етиката, а кои се неопходни во современата епоха. Целта на Центарот за етика е ширење и унапредување на етичката култура, етичките истражувања и етичкото образование во Република Македонија, унапредување на комуникациите со етичка содржина, соработката со етичките центри при УНЕСКО и другите интернационални етички организации, како и соработката со другите невладини организации во ширењето на етичката култура, унапредување на етичката свест на граѓаните, особено младите, како и унапредувањето на професионалната етика и на идејата и практиката на деонтологијата во сите области. Во тој контекст, Центарот за етика дејствува во насока на ширење на етичките сознанија, дава информации за научните и социјалните тенденции на полето на етиката, поттикнува и организира научни средби и други форми на етички истражувања, објавува етички публикации, помага во создавањето и ширењето на вредностите на универзалната етика, ја истражува биоетиката и нејзините блиски форми - еколошката етика, етиката на здравјето и етиката на зависностите, ја истражува етиката на науките (последните три задачи поставена од УНЕСКО), изработува аудио и видеоматеријали за ширење на етичката култура и за етичкото образование, покренува иницијативи за етички кампањи..., а организира и разни форми на етичко образование на младите, јавни предавање, семинари и други форми на јавна комуникација за ширење на етичката култура и етичкото образование.
Истовремено му стоиме на располагање секому за сите видови соработка и информации од областа на етиката. Центарот е сместен во кабинетот по етика на Филозофскиот факултет. Можете да контактирате со нас на 02/3116-520 локал бр. 123 секој работен ден од 10 до 15 часот или на 070/517-318, како и електронски преку etika1894@yahoo.com.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|