|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Соработка
Донациите им помагаат во самостојниот живот на децата без родители
Здружението на децата без родители од детските домови на Република Македонија „Иднина” од Скопје во соработка со „Т - Мобиле” организира хуманитарна акција за помош на децата без родители, кои ги напуштаат детските домови. Се собираат пари, облека и покуќнина за полнолетните штитеници кои оваа година ќе мораат самостојно да зачекорат во животот, а поради законска обврска по навршувањето на 18 години да ги напуштат домовите за деца без родители. Годишно во просек излегуваат по дваесетина штитеници, а Здружението „Иднина” за нив, од 1 јуни започна хуманитарна акција сe со цел да им го олесни осамостојувањето во животот што им претстои надвор од институциите на системот.
Акцијата ќе трае и наредниот месец до кога ќе бидат отворени двата мобилни телефони 070 143-123 и 070 655-489 на кои со едно јавување граѓаните ќе можат да донираат по 100 денари. Од „Иднина” велат дека најмногу им се донира облека. Од Куманово и Тетово добиле 24 душеци, а од средствата што ги обезбедиле адвокати и нотари од Македонија, биле купени пет машини за перење и пет мини шпорети.
„За младинците кои ќе мораат понатаму сами да се снаоѓаат во животот обезбедивме и 60 правосмукалки, 40 пегли и 50 електрични чајници. Купивме и еден фрижидер за потребите на здружението. Испративме 150 илјади писма низ Македонија до фирми и претпријатија, кои евентуално би можеле да ни донираат нешто, вели Илија Јовановиќ, претседател на „Иднина”.
Јовановиќ додава дека премиерот Никола Груевски им доделил 10 илјади евра, а за потребите на Здружението, особено за преселба на младинците од него добиле и користено комбе „рено трафик” од 1991 година. Акцијата, велат, е отворена и очекуваат дека ќе обезбедат кревети, душеци, плакари, постелнина, како и други неопходни делови од покуќнина.
Дел од донираните предмети и средства ќе им бидат поделени и на младите кои по 26 година, законот ги обврзува да ги напуштат становите во кои ги смести државата.
С.К.
Донација на Холандската амбасада во Македонија
За поддршка на културата во општините,194.000 евра
Холандската амбасада во Македонија им додели 194.000 евра на општините Битола, Дебар, Велес, Кратово и Маврово и Ростуше, корисници на средствата од Програмата за култура и развој на Амбасадата за 2007-2008 година.
Средствата се наменети за кофинансирање на нивните двегодишни програми за култура, во согласност со големата важност што Холандија му ја придава на процесот на децентрализација во Македонија, во најширока смисла.
Во текот на двете години, тргнувајќи од некои од целите на Националната културна програма на Македонија (децентрализација на културата, користење на културата како средство за развој, и заштита и (пре)создавање на културното наследство), а особено земајќи ги предвид принципите на локалната сопственост, кофинансирање и одржливост, како што потенцира во своето соопштение до јавноста, Холандската амбасада решила својата поддршка да ја насочи преку избраните пет општини. Општините веќе ја имаат идентификувано културата како еден од своите ресурси, имаат историјат на спроведени проекти во областа на културата и подготвиле двегодишни планови за понатамошна промоција на културата како алатка за својот развој. Секоја општина вложува и свои средства во спроведувањето на овие планови.
Програмата е уште еден сегмент во поддршката на Холандија на целокупниот процес на децентрализација, заедно со поддршката за ЗЕЛС (преку збратимување со организацијата на холандските општини ВНГ) и децентрализацијата во областа на образованието.
К.Б.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|