|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Коментар
И македонските граѓани можат да бидат оптимистиОва го покажува најновиот извештај за навремено предупредување на УНДП, кој со големо внимание на крајот од јуни беше проследен од медиумите во земјава. Истражувањето е спроведено од страна на „Брима галуп”, во периодот од 30 март до 4 април годинава, преку испитување по пат на репрезентативен примерок на 1.057 испитаници (821 Македонци и претставници на другите етнички заедници и 236 Албанци), од кои дури 45,3 испитаници биле оптимисти во однос правецот по кој се движи Македонија. Резултатите покажале и дека од 2006 година пораснала довербата на граѓаните во безбедносните институции на државата. |  |
Дебата на глобалното граѓанско општество
Отчетност и одговорност за постигнување резултатиКој сe треба да биде одговорен и отчетен? Зошто е потребно тоа? Кон кого првенствено треба да се остварува отчетноста? Дали граѓанските организации го практикуваат тоа што го проповедаат? Ова беа само дел од прашањата на кои повеќе од 1.000 претставници на граѓанското општетсво од над 100 земји од целиот свет дебатираа и бараа одговор од 23 до 27 мај 2006 година во рамките на 7. Светско собрание на ЦИВИКУС, кое се одржа во Глазгов, Шкотска. |  |
Како е регулирано плаќањето данок кога се ангажира странско правно лице?
Даночен третман на задржаниот данок на добивкаСогласно со членот 29-а од Законот на добивка, доколку поинаку не е регулирано со меѓународните договори за одбегнување двојно оданочување, лицата кои вршат исплата на приходи на странско правно лице должни се при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот. |  |
Новина во Македонија
Во Македонска Каменица се произведува првиот домашен биодизелЗдружението на лица со хендикеп „Ѕвезда” од Македонска Каменица веќе неколку години е единствениот производител на биодизел во Македонија. Производството е сe уште во експериментална фаза и е дел од проектот „Одржливо производство на биодозел од отпадно масло за јадење”, финансирано од ГЕФ, а горивото е наменето за Здружението на жени земјоделки „Агро-Винка”. Целокупната технологија според која се произведува еколошкото гориво е на Благој Михаиловски, претседател на „Ѕвезда”, кој заедно со својот брат, уште во средношколските денови се заинтересирал како од различни масла се произведува гориво. |  |
погледи
Волонтеризмот, директно од теренВолонтерски да се работи десет години во НВО - Друштво на родители за грижа за здраво поколение од Велес, е пред сe богато животно искуство, кое треба да се сподели со јавноста, во интерес на подобрување на волонтеризмот во Македонија.
|  |
концепти
Како учат возрасните?Многумина од возрасните преферираат да учат со помош на визуелно претставување на нештата. Еве неколку слајдови кои се користат за да се објасни циклусот на учење кај возрасните. За потребите на оние кои најдобро учат преку анегдоти, вклучени се неколку “приказни”. |  |
ЈУБИЛЕЈ
85 години Стопанска комораС топанската комора на Македонија прослави 85 години од своето основање и активно работење. Комората, која претставува најстара и најбројна асоцијација на бизнис-секторот во нашата држава, својот јубилеј го одбележа под името „Традиција, моќ, бројност” и со свечен собир на кој присуствуваа над 2.000 стопанственици и нивни бројни партнери и гости, меѓу кои највисокиот државен врв. |  |
Соработка
Донациите им помагаат во самостојниот живот на децата без родителиЗдружението на децата без родители од детските домови на Република Македонија „Иднина” од Скопје во соработка со „Т - Мобиле” организира хуманитарна акција за помош на децата без родители, кои ги напуштаат детските домови. Се собираат пари, облека и покуќнина за полнолетните штитеници кои оваа година ќе мораат самостојно да зачекорат во животот, а поради законска обврска по навршувањето на 18 години да ги напуштат домовите за деца без родители |  |
Српско граѓанско општество
Ќорсокак во Србија: Спиралата на радикализмот или основање на нова Србија?Главниот исход од тркалезната маса беше тоа што граѓанските организации го сфатија членството во ЕУ како единствен реалистичен изглед за Србија. Секако, членството целосно зависи од формирањето цврста и стабилна влада, подготвена целосно да соработува со МКТПЈ и да го манифестира потенцијалот на Србија и добрата волја на ЕУ кон земјата. Потоа се одвиваше тркалезната маса, а како резултат на тоа и судирот на српските НВО за кој се станува збор подолу. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|