Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 66

   

Меѓународен ден на човековите права

Искоренувањето на сиромаштијата е човеково право

По повод овогодинешниот Меѓународен ден на човековите права 10 декември, Обединетите нации ги повикаа владите во светот итно да се заложат за решвање на проблемот со сиромаштијата и да застанат на патот на дискриминацијата која на сиромашните луѓе во светот им ги скратува темелните човекови права. ОН сиромаштијата ја прогласи за мотив на овогодинешниот ден на човековите права, бидејќи ја сметаат за причина и последица од кршењето на човековите права.

Во оваа прилика е укажано и на појавата дека на сиромашните луѓе многу почесто им се скратени правата, а најчесто тие се  жртви и на дискриминацијата и на прогонот. Мак Дероу, од Канцеларијата за човековите права при ОН, истакна дека во последните десет години сиромаштијата почна да се смета за прашање поврзано со човековите права, а не да се разгледува како економски проблем. Таа е причина за недоволен пристап за соодветно школување, за недоволна лична сигурност, за недоволна способност за учество во јавниот живот и во управувачките структури на општеството... 

Истражувањата ги наведоа меѓународните развојни агенции сиромаштијата да ја сфатат подеднакво како општествена исклученост и дискриминација, како и исклученост од политичката и економската моќ. Мек Дероу, кој е и координатор на програмата за Милениумските цели на ОН, вели дека на  луѓето не им е лесно да ја разберат сиромаштијата од аспект на кршење на човековите права. Најчсто, за сирмомаштијата се зборува како за трагичен, но неизбежен факт. Дероу истакнува дека сиромашните најчесто се осудуваат за нивната состојба и се обвинуваат дека се мрзеливи, но и дека не заслужиле подобро.

Во рамките на Милениумските цели на ОН, земјите од светот се обврзаа дека ќе ја искоренат екстремната сиромаштија до 2015 година. За ова оптимистичко ветување, времето веќе истекува. Затоа, ОН ги повикуваат земјите да го забрзаат процесот. Искоренувањето на сиромаштијата е човеково право.

Општата декларација за човековите права во ОН беше усвоена на 10 декември 1948 година. Во 1966 година беа прогласени и Меѓународната конвенција за граѓанските и политичките права, како и Меѓународната конвенција за економски, општествени и културни права. Заедно, тие три спогодби ја сочинуваат Меѓународната повелба за правата. Меѓународниот ден на човековите права ги слави токму тие достигнувања.

А.Т.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA