Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 67

   

СП маркет стана достапен и за граѓаните со оштетен слух

Јазикот на глувите лица ги премостува бариерите

Секојдневната меѓу­себна комуникација на граѓаните на Скоп­је неопходна за за­вршување на навидум најба­налните обврски, како што е пазарењето во маркетите, и за глувите лица веќе не претставува голем проблем. И оваа група граѓани, бла­годарение на обучените ше­фови и нивните заменици кои секојдневно работат во четирите СП маркети, единаесетте дисконти Макси Д, вклучувајќи го и Центарот за убавина Уник (Униљуе) во центарот на градот, за прв пат од втората половина на минатата година имаат можност да бидат услужени на својот гестовен јазик. Со тоа е надмината уште една од многуте  комуникациски бариери кои им го отежнуваат секојдневното живеење на глувите лица, а самиот пример на нивна поддршка од страна на бизнис-секторот во земјава претставува значаен цивилизациски чекор, кој денес е својствен за многу поразвиени земји од Македонија.

А, иницијативата за обука на вработените во маркетите потекнала токму од Скопски пазар, иако, како што потенцира Марија Ѓеорѓиевска, одговорна во фирмата за односи со јавноста, претходно и не постоеле проблеми со глувите и наглувите купувачи.

„Сакавме комплетно да се прилагодиме на потребите на потрошувачите, да направиме чекор кон поголемо социјално интегрирање на лицата со оштетен слух. Со обуката на 24 вработени во нашите маркети, засега сме единствената ваква фирма прилагодена за лицата со оштетен слух.

Сите наши маркети на влезовите се обележани со ознаци дека во нив потрошувачите можат да би­дат услужени со гестовен говор” - посочува Ѓеорѓиевска. 

Двајца од обучените шефови, Зорче Ширговска и Адем Сма­јовиќ кои работат во дисконтот Макси Д, односно СП маркетот, во населбите Ки­села Вода и Драчево, за обу­ката, реализирана од стра­на на Сојузот на глувите и на­глу­вите лица на Македонија, единствена организација што во земјава поседува лиценца за гестовен говор, говорат како за многу пријатно и корисно искуство.

„Како продавачи, ние воопшто сме обучени за одредени начини на комуникација со купувачите за да им помогнеме кога имаат проблеми при купувањето. Но, сега, по одржаната обука, на корисниците на нашите услуги кои имаат проблеми со слухот, можеме да им објасниме сe за што се заинтересирани од областа на малопродажбата, бидејќи научивме да ги користиме секојдневните термини. Имаме и прирачник за гестовен говор, а од Сојузот на глувите и наглувите лица ни подарија и речник, така што комуникацијата може да биде поширока. Обучените шефови и замениците им го пренесуваат своето знаење на вработените во продавниците за основните термини поврзани со производите: цената, начинот на плаќање, за термини што се однесуваат на боите, деновите, термини поврзани со сите детали кои се однесуваат на малопродажбата” - вели Зорче Ширговска. 

Адем Смајовиќ, пак, посочува: „Суштината на оваа комуникација е уште од почетокот да покажете  дека ги разбирате лицата со оштетен слух, вие да им пријдете први, а потоа е лесно, тие ве следат како ги движите  рацете, ви читаат од усните. Претходно овие корисници на услуги имаа голем проблем кога требаше да земат производи од фрижидерите, а сега и детално ми кажуваат што сакаат”.

Викторија Волак, дефектолог во Центарот за образование и рехабилитација  „Партение Зографски”, ги обучуваше продавачите. Таа е член на Сојузот на глувите и наглувите лица и за неа обуката за знаковен јазик со кој се користат  глувите лица е од голема важност. Самата вели дека била пријатно изненадена од иницијативата на Скопски пазар, која до Сојузот дошла преку агенцијата Креатива нова.

„Ние, во Сојузот, имаме многу поголеми проблеми во однос на комуникацијата на глувите лица на шалтерите, при комуникацијата со медицинските лица, во болниците,

но не се откажуваме од никакви иницијативи. Скопски пазар ја финансира обуката која се одвиваше во нивните  простории,  а јас сум многу задоволна од начинот на којшто се одвиваше таа , од заинтересираноста на учесниците. Уште на почетокот им посочив дека нема да можат да комуницираат непречено со глувите лица, туку дека треба да научат поими поврзани со нивното работно место, но тие самите покажаа интерес да научат што повеќе.

Ги запознав со светот на глувите лица, пренесувајќи им ги своите досегашни искуства како дете на глуви родители. Им посочив на што треба да внимаваат во комуникаците, работев на подигање на нивната свест” - вели Викторија Волак, која по завршувањето на студиите започнала и да преведува. „Како деца на глуви лица, ние преведувачите имаме добра смисла за разбирање на знаковиот јазик. Преведуваме во секакви ситуации, при лекарски прегледи, при учество на телевизија и на други места. Минатото лето, истовремено со споменатата  обука, во Скопје се одвиваше и обука на шалтерски службеници, организирана од Сојузот на глувите и наглувите лица и Полио плус. Беа обучени дел од шалтерските службеници во МВР, од службата за социјално и пензиско осигурување, а и таа обука наиде на добар прием. Презадоволна сум од досега реализираните обуки, бидејќи наученото потоа се шири меѓу другите вработени, во семејствата. Сакам да го постигнам потребното ниво на сознание дека и глувите лица се рамноправни граѓани кои зборуваат на друг јазик, но на тоа поле кај нас треба уште многу да се работи. Не верувам дека државата не би сакала  да се обучат сите  шалтерски работници, но проблем секогаш се парите. Се надевам дека шалтерската обука ќе продолжи и во текот на оваа година” - вели Волак.

Претседателот на Сојузот на глувите и наглувите лица, Никола Огненовски, кој присуствувал на последниот час од обуката на продавачите од СП маркетите и дисконтите Макси Д, нагласува дека обуката е од голема корист за глувите  лица.

 „Сега полесно комуницираме во маркетите, но обучени лица ни се потребни на многу места во земјава, особено во болниците. Пред неколку години реализиравме и обука за неколку стоматолози во Гостивар, во Тетово, во Велес и во Скопје, но по барање на  Про кредит банка, тоа го направивме и  кај нивните вработени. Како Сојуз навистина немаме финансии да ги реализираме сите неопходни  обуки, но им благодариме на сите што иницираат обуки кои ги реализираме ние . Сојузот има 19 општински здруженија во Македонија, имаме преведувачи, но, за жал, средствата ни се ограничени. На вестите на МТВ секојдневно имаме тројца презентери на кои ние им ги покриваме трошоците за презентирање” - вели Никола Огненовски, потенцирајќи дека од сите хендикепирани лица, лицата со оштетен слух имаат најголеми проблеми во комуникацијата, а тоа не е видливо на прв поглед. „Без преведувачи, не можеме да  комуницираме со другите луѓе на вистински начин. Преведувачите се нашиот слух”  - вели тој.

За членовите на Сојузот е од особена важност што минатата година за првпат глувите лица беа ослободени од плаќање на радио-дифузна такса, но и што на 26 јануари годинава на промоцијата на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидност во Скопје учествуваше и премиерот Никола Груевски, кој меѓудругото истакна дека Владата го поддржува донесувањето на законот за заштита на лицата со хендикеп, но и дека оваа група граѓани ќе ја стави во фокусот на своите активности.

„Про кредит банка и Скопски пазар се пример за покажан интерес од страна на бизнис-секторот и за успешна соработка во надминување на проблемите при комуникацијата. Се надеваме дека и други приватни лица ќе покажат иницијатива за обуки на вработените во други сектори. Добивам информации од нашите членови дека се задоволни од комуникацијата со продавачите во Скопски пазар. Потребно е понатаму обуките да продолжат, особено во здравствените установи, на гинекологија, кардиологија. Ние имаме идеи за различни проекти, но потребно е обезбедување финансии. Во изминатиот период сакавме да направиме обука за родителите на глувите деца, за да се подобри нивната меѓусебна комуникација, но сe уште не сме обезбедиле средства за реализација. Реализиравме и компјутерска обука, оформивме компјутерски центар со поддршка на ИТЗ, Светска банка обезбеди  компјутери , го испечативме речникот на знаковен јазик, кој сега треба и да се дополни со  нови поими, а постои интерес тој и да се препечати. Побаравме во новиот закон за социјална заштита, кој треба да претрпи измени, да се внесе и гестовниот јазик на глувите лица, се залагаме да има повеќе толкувачи, предавачи, а постои и голем интерес за учење на нашиот јазик” - вели претседателот на Сојузот на глувите и наглувите лица, Никола Огненовски. 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA