|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Пленарна сесија: „КАКО ДО МОБИЛИЗАЦИЈА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“
Воведно излагање: Ѓунер Исмаил
Сосема е евидентно дека Граѓанското општество навлегува во нова фаза. Ако во изминатите десетина и повеќе години, се занимававме со градење на свеста за потребата од поинаков ангажман, освен политичкиот, сметам дека веќе сме во фаза во која што: свеста за потребата од граѓански ангажман е изградена; базичните капацитети се формирани и се развиваат; мапата на организации во глобала е воспоставена; воспоставени се основните релации помеѓу организациите; па дури и Политиката стана свесна за тоа дека Граѓанското општество е присутно во вкупните случувања во општеството;
Проблеми и можни решенија:
- градење на динамична структура на организациите заради нивно брзо прилагодување на динамиката на општествените случувања, кое ќе бара перманентен процес на обука и инструменти за брзо усвојување на знаења и познавања на состојбите;
- воспоставување на механизам на интензивна комуникација помеѓу организациите (без разлика на разнородноста на мотивите и ангажманите) заради формирање и формулирање на една специфична јавност која на одреден веќе постои и ќе биде потребно да се доразвива и пронајдат и други форми(веб страни, дискусиони групи, подлистоцо о др.)
- Јакненње на релациите помеѓу организациите преку тнр. формула:"Граѓанска Платформа" која што како модел може да се разработи во различни насоки;
Заклучок и препораки:
Граѓанскиот ангажман не може и не смее да биде замена на политичкиот и во таа смисла треба постојано треба да се нагласува дека "ТОА НЕ Е ПОЛИТИКА ВОДЕНА НА ПОИНАКОВ НАЧИН И СО ПОИНАКВИ СРЕДСТВА";
Но, и на Политиката треба да и се дава постојано на знаење дека Граѓанското Општетство нема да ја цени и оценува според Програмите, туку според искажаните намери и дела;
Граѓанското општество ќе мора многу брзо да се подготви за предизвиците на најавуваната нова територијална организација на државата, како и на процесите на децентрализација, заради воспоставување на ефикасни модели на комуникација со Властите на сите нивоа, па затоа мобилизацијата во насока на прегрупирање, обука, учење мора да бидат чекор пред Властите;
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|