Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 34 Јануари 2004

   

Интервју: ИГОР ВељковиЌ, претседател на здруЖението на граЃаниТЕ Х.Е.Р.А

Официјалните податоци за ХИВ/СИДА не ја реалната состојба во отсликуваат Македонија
 

Катерина Богоева

Крајот на минатата година, поточно првата половина на месец декември, меѓу другото, помина и во знакот на борбата против ХИВ/СИДА. Здружението на граѓани Х.Е.Р.А со своите активности станува се повидлив сегмент во граѓанската борба за акту­елизирање на проблемите поврзани со болеста на минатиот, но за жал, по се изгледа и на овој век.


За Х.Е.Р.А во оваа прилика говори Иор Вељковиќ, сегашен претседател, еден од  нејзините основачи, апсолвент на Меди­цинскиот факулет во Скопје, кој  од 1998 година е вклучен во граѓанскиот сектор. Досега работел и како волонтер на граѓанската асо­цијација ХОПС - Опции за здрав живот во реали­зацијата на нацио­налната и регио­нална кампања за борба против ХИВ/СИДА.


Г.С. Што се содржи кратенката Х.Е.Р.А.?

И.В. Х.Е.Р.А - Асоцијацијата за здрав­ствена едукација и истражување е здру­жение  на граѓани со основна мисија за промоција на навики  за здрав живот меѓу младите луѓе, со посебен акцент кон уна­пре­дување на нивното сексуално и репродуктивно здравје. Во овие рамки, здружението реализира едукативни часови за сексуално образование во средните училишта во Република Маке­донија, про­мотивни активности поврзани со превен­ција на ХИВ/СИДА и полово преносливи инфекции, како и советување, здравствена едукација и поддршка на лицата што живеат со ХИВ/СИДА.

Здружението на граѓаните е формирано во 1999 год. и во него активно се вклучени педесетина млади луѓе со различна про­фесионална ориентација.


Г.С. Проблемот со болеста ХИВ/СИДА е глобален, планетарен проблем. Кои се спецификите на граѓанскиот пристап во неговото решавање, во регионот каде се наоѓа Македонија?

И.В. 
Официјалните податоци за проблемот ХИВ/СИДА во Република Македонија воопшто не ја отсликуваат реалната состојба на овој проблем во државата. Тоа е, пред с$, резултат на неефикасниот систем на следење на ХИВ- инфекцијата, посебно во однос на социјално маргинализираните групи, како и на слабо развиената мрежа на здравствени и социјални услуги за оваа проблематика, подеднакво  и во јавниот и во граѓанскиот сектор. Од друга страна, повеќе од очигледно е дека Република Македонија веќе неколку години се соочува со социјални и економски состојби кои само го „фацилитираат“ ширењето на ХИВ-инфек­цијата во земјата. Рапидно зголемениот број на нови интравенски корисници на дрога, нагорниот тренд на ширење на полово преносливите инфекции, порастот нелегалната прости­туција и трговијата со жени, присуството на вна­трешно и надворешно раселени лица, како и на странски воени сили, само го „надопол­нуваат“ мозаикот на ризични фак­тори. Според укажувањата на Светската здравствена орга­низација, во наредните години е можна епидемија на ХИВ/СИДА од големи размери во регинот на Југоисточна и Источна Европа, каде, за жал, во последниве години е присутен тренд на забрзано ширење на ХИВ инфекцијата. Само како илустрација и споредба, Естонија, земја која по многу демографски и социјални трендови е блиска на Македонија, до 1999 год. имаше речиси идентичен број на ХИВ/СИДА случаи со нашата земја. Буквално преку ноќ, Естонија стана „рекордер“ во светски рамки по бројот на новорегистрирани случаи на ХИВ/СИДА?! Речиси 1.700 нови случаи за само една година, во земја која има само 1.5 милиони жители.

Иако е нескромно да се каже, единствено граѓанскиот сектор во Република Македонија во изминатите години активно работеше на промоција на превентивни активности во однос на проблемот ХИВ/СИДА. При тоа, мислам дека е особено важно што граѓанските асоцијации во земјава се исклучително фокусирани во своите активности, посебно во однос на превенцијата на ХИВ/СИДА кај најризичните групи: млади, интравенски корисници на дрога, хомосексуалци и проститутки. Како пример, граѓанските асоцијации ХОПС - Скопје, Доверба - Скопје, Здружение на социјални работници на град Скопје, Избор - Струмица и Х.Е.Р.А. - Скопје имаат основано сервиси за советување за ХИВ/СИДА и полово преносливи инфекции (теле­фон­ски линии за помош и советувалишта), имаат развиено теренска работа меѓу целните групи, едукација во средните учи­лишта, програми за намалување на штетите од интравенската упо­треба на дроги, како и овоз­можување социјални услуги и правна помош. Сепак, мој личен впечаток е дека досегашната работа на граѓанските асоцијации е премногу фокусирана во главниот град, а постоечките сервиси нудат услуги на релативно мал број на лица. Оттука произлегува потребата од зајакнување на капа­цитетите на постоечките орга­низа­ции и децен­трализација на нивните актив­ности низ државата.                       


Г.С. Со кои возрасни групи и на кој начин работите?

И.В.
Нашите активности, пред се, се фокусирани кон младата популација преку организирани активности на сексуална еду­кација во средните училишта, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. Меѓутоа, би сакал да појаснам дека не станува збор за „класични“ предавања во средните училишта, од причина што пре­носот на информациите и знаењата оди по метод на „Едукација меѓу врсници“. Тоа значи дека претходно едуцирани и обучени млади луѓе од нашата организација стануваат едукатори меѓу своите врсници, соученици или пријатели. Начинот на кој тие млади луѓе го пренесуваат знаењето зависи од нивната креативност и се разбира од вештините за комуникација кои ги стекнале за време на нивната обука. Во секој случај, станува збор за најприфатлив и најсоодветен начин на комуникација меѓу младите луѓе, за теми и прашања кои ја засегаат нивната интима или се се уште „табу“-теми во семејството.


Г.С. Како се одвиива соработката со обра­зовните и здравствените институции во земјава?

И.В.
Во 2000-та година започнавме соработка со Републичкиот завод за здравствена заштита за промовирање на бесплатното и доверливо советување и тестирање за ХИВ. Иницијативата произлезе од многуте јавувања на инфо телефонската линија на Х.Е.Р.А. поврзани со ХИВ-тестирањето, поради што се јави потреба од афирмирање во јавноста на постоечките можности за ХИВ-тестирање во Македонија, пред с$ на можноста за бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Преку оваа соработка, значително се зголеми бројот на лица кој на доброволна основа прават ХИВ-тест во Република Македонија, и според податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита, годишно, таа бројка изнесува 800-1000 лица.

Како член на Националната меѓуресорска комисија за ХИВ/СИДА, невладината органи­зација Х.Е.Р.А. беше вклучена и во изработката на Националната стратегија за ХИВ/СИДА, која беше официјално промовирана на 1 декември, минатата година. Во неа, од аспект на гра­ѓанскиот сектор, најзначајно е неговото прифаќање за еден од најважните партнери на владата во однос на проблемот ХИВ/СИДА, и уште поважно, во Националната стратегија се вклучени и признаени сите досегашни и постоечки програмски активности на гра­ѓанскиот сектор во Македонија. Во таа смисла, сакам да посочам на фактот дека многу земји во светот имаат изградено силно рестриктивна политика кон дел од активностите на гра­ѓанскиот сектор.  Пред се кон програмите за превенција на ХИВ/СИДА кои се однесуваат на намалување на штетните последици од интра­венска употреба на дроги, како што е во Русија, на пример.

Во делот на финансиската поддршка на програмите предвидени со Националната стратегија, Република Македонија изминатата година успешно аплицира до Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија. Тоа претставува извршно и координативно тело на најразвиените земји во светот, основано на иницијатива на Организацијата на Обединетите нации, кое во изминатите две години одобри преку 2 милијарди долари, средства наменети за спречување на епидемијата на ХИВ/СИДА во светски рамки. Предлог-проектот на нашата земја е со временска рамка од две години и е одобрен во вкупна сума од 4.3 милиони долари, со можност за едногодишно продолжување во вкупна сума од 6,3 милиони долари. Покрај граѓанските асоцијации и претставници на министерствата за здравство, образование, одбрана и финансии, во подготвувањето на предлог-проектот до Глоблниот фонд за ХИВ/СИДА, од извонредно значење беше под­дршката на Американската агенција за развој (УСАИД) и Институтот за трајни заедници од Скопје, кои дадоа стручна и финансиска поддршка на овој процес. Реализацијата на активностите предвидени со овој проект се очекува да започне кон крајот на оваа година.


Г.С. Во кој правец треба да се движат превентивните активности во Македонија и кои инструменти се потребни за побрзи и потемелни резултати?

И.В.
Можеби ќе се повторам во одговорот на Вашето второ прашање, но лично мислам дека постоечките активности на граѓанските асо­цијации треба да добијат на интензитет, со истовремено подобрување на нивните про­фесионални капацитети и можности за работа, како и со децентрализација на нивните активности. Треба да се промовира директниот пристап во работата со целните групи, посебно со социјално најзагрозените групи, како и нивно директно вклучување во креирањето и реализирањето на програмите кои се одне­суваат на нив. Притоа, не би сакал да ги заборавам ниту периодичните кампањи за подигање на јавната свест во однос на проблемот ХИВ/СИДА, но, повторно во контекст на фаворизирање на директниот пристап на работа, мислам дека најголем приоритет треба да биде отворање нови и зајакнување на постоечките здравствено-социјални центри кои нудат советување и едукација за превенција на ХИВ/СИДА, како и грижа за лицата кои живеат со овој проблем. Во исто време, потребно е „регрутирање“ и на многу нови луѓе кои ќе бидат вклучени во овие превентивни активности.  


Г.С. Кои се досегашните искуства во регио­налното решавање на проблемот со ХИВ/СИДА?

И.В.
Поради сличниот аспект на проблемот ХИВ/СИДА во регионот, потребата од споде­лување искуства со организации од југо­источна Европа е неопходна. Од тие причини, минатата година, заедно со нашите партнерски орга­низации од Србија и Црна Гора (Југо­сло­венската асоцијација за борба против СИДА-та) и Босна и Херцеговина (Асоцијација за борба против СИДА-та) ја реализиравме Регионалната кампања против дискриминација на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, под мотото „Вклучи ги сите“. Кампањата имаше заеднич­ки визуелен идентитет во сите три земји, кој подоцна беше прифатен и во Романија и на Косово. 

Инаку, најголем дел од организациите со кои воопшто соработуваме во регионот имаат речиси идентичен пристап во работата, така што многу често се организираат регионални семинари за размена на искуства меѓу орга­низациите, а со некои од нив имаме развиено и програма за размена на волонтери.    

 

СОС-телефонот за информации и превенција на ХИВ/СИДА и полово преносливи инфекции е проект кој започна со работа во месец април, 2000 год. Најчесто поставувани прашања се начините на пренос и заштита од инфекциите, правилната употреба на кондомот, симптоми на ХИВ-инфекцијата и на другите полово преносливи инфекции, како и советите поврзани со ХИВ-тестирањето.

Телефонската линија е 02/3128-067, работи секој ден од 13 до 21 ч., со преку 4.500 јавувања во досегашниот период на работа.  

 
 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA