|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Како е регулирано плаќањето данок кога се ангажира странско правно лице?
Даночен третман на задржаниот данок на добивка
Согласно со членот 29-а од Законот на добивка, доколку поинаку не е регулирано со меѓународните договори за одбегнување двојно оданочување, лицата кои вршат исплата на приходи на странско правно лице должни се при исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот на соодветната уплатна сметка истовремено со исплатата на приходот.
1. Согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот, приход од авторски хонорари (права) и други права на интелектуална сопственост подразбира плаќање за употреба или право на користење авторско право за книжевно, уметничко или научно дело, вклучувајќи ги кинематографиските филмови, софтвер, патенти, трговски марки и заштитни знаци, дизајни или модели, планови, тајни формули или постапка, или за информација во врска со индустриските, комерцијалните или научните искуства, кои права се заштитени со правните прописи и обичаи, со кои се регулира нивното стекнување и употреба. Доколку со договорите за одбегнување на двојното оданочување во одредбите каде се дефинирани авторските права е внесен софтверот како авторско право, во тој случај ќе се задржува и данок за користење авторско право согласно одредбите од договорите. Доколку во договорите во истите одредби не е наведен софтверот, во тој случај немате обврска да задржите данок, а истите приходи имаат третман на други приходи и се оданочуваат во државата на странскиот примател на приходи. Доколку Република Македонија нема склучено Договор за одбегнување двојно оданочување со државата на странскиот примател на приход, во тој случај ќе се задржува данок за користење на заштитено авторско право на софтверот. Под користење авторско право се подразбира право кое на корисникот му дозволува да прави и копии за јавна дистрибуција и права за умножување, со цел комерцијално користење на истата. Доколку за користење компјутерска опрема се добива лиценца, набавувачот ја користи таа програма, но притоа нема право на репродукција на програмата, ниту на користење на заштитените авторски права, па според тоа, не се предмет на задржување. Со лиценцата можни се и дозволи за ограничено копирање на програмите кое се смета за нужно при извршување на дејноста. Доколку со договорот се продава софтверот, односно авторските права на софтверот, оваа трансакција се смета за продажба и не подлежи на задружување данок. Доколку набавениот софтвер набавувачот го користи за негови деловни активности, не го репродуцира, доработува, не го објавува, во тој случај не се задржува данок. Доколку во еден ист договор се содржани набавки кои подлежат на задржан данок, истите треба да се одвојат. Меѓутоа, ако од договорот главниот предмет на договорот е ослободен од задржување данок, а другите елементи се значителни, тогаш за целиот договорен износ на приход ќе се примени даночниот третман на главниот предмет.
Според дефиницијата, приход од технички услуги е приходот што се остварува од одржување и примена на средствата на трудот, алати, машини, инструменти, уреди, апарати, транспортни средства и опрема за вршење производни и други активности.
Доколку примелот на приходот е странско правно лице и имаме договор за одбегнување на двојно оданочување, овие услуги имаат третман на други услуги и данокот се плаќа во другата држава.
2. Согласно со членот 5-а став 3 од Парвилникот, доколку постојаната деловна единица на странското правно лице регистрирана во Република Македонија му плаќа на основачот (матично странско правно лице) приходи од членот 29-б од Законот, на истите се плаќа данок по задршка.
3. Согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот, приход од осигурителни премии од осигурување или реосигурување од ризици во Република Македонија се сметаат приходите на странското правно лице остварени од: 1) премија врз основа на осигурување на живот; 2) премија врз основа на неживотно осигурување; и, 3) премија врз основа на реосигурување, освен премија врз основа на реосигурување што друштвата за осигурување и реосигурување на Република Македонија се должни да ги извршат во согласност со закон.
Во конкретниот случај на приходите што странското лице ги остварува врз основа на осигурувањето на кредитот, треба да се здржи и уплати данок согласно наведената одредба.
4. Согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот, приход од услуги за консалтинг подразбира приход остварен од вршење услуги на служби или организации што се занимаваат со давање совети и интелектуални услуги во стопански финансиски и технички проекти, односно упатства или проект за определен надомест. Под услуги за консалтинг се подразбираат и: правни, даночни, сметководствени и ревизорски услуги коишто странските правни лица ги вршат со надомест за домашните субјекти. Под услуги за консалтинг на деловно советување се смета секој облик на деловно советување или консултација. По исклучок, не се смета за услуга на деловно советување: одржувањето предавања, семинари, работилници и слични методи на подучување, потоа услуги на инженери, архитекти и слични услуги кои како резултат имаат пишани документи за постапување (идејни и изведбени проекти, нацрти, упатства и други документи за постапување). За услуги на деловно советување не се сметаат и услугите на посредување и застапување во некоја зделка, како и услугите на користењето на различните бази на податоци.
Според наведеното, приходите што ги остварува странското адвокатско друштво врз основа на извршените услуги за застапување и посредување во судски спорови и други настани се третираат како приходи од извршени правни услуги на кои треба да се пресмета и задржи данок.
5. Приходите што странското правно лице ги остварува од извршените услуги врз основа на тренинзи, обуки, предавања на вработените, семинари, работилници и слични методи на подучување, кои се исклучиво од едукативен карактер, не се сметаат за услуги на деловно советување на коишто треба да се задржи и уплати данок.
Втор дел
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|