|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
коментар
Граѓанскиот сектор во визијата на премиеротВо времето на предизборната кампања па уште и пред официјално да започне, дел од граѓанските организации се прашуваа каде, во помпезно најавуваните и промовирани програми на политичките партии, се наоѓа граѓанскиот сектор? Третиот столб, како што некои политичари порано го нарекуваа, исчезна. |  |
Меѓуверски летен камп
Меѓуверската и меѓунационалната соработка основа за подобар животОд 13 до 17 јули, годинава, во х. Бисер, Калишта, се одржа вториот меѓуверски летен камп, каде учествуваа претставници од Македонската православна црква, од Исламската заедница во Македонија, од Католичката црква, од Евангелско-методистичката црква и од Еврејската заедница во земјава. Кога пристигнав во хотелот, учесниците веќе се подготвуваа за утринското предавање. |  |
погледи
Проблемите при имплементација на програмата за гинеколошки прегледиОрганизацијата на жените на општина Свети Николе, во соработка со 17 женски НВО од Македонија, успеа да излобира промена во Законот за здравствена заштита и воведување програма за редовни гинеколошки прегледи за жените со цел рано дијагностицирање на ракот на грлото на матката.Во 2005 и во 2006 г. Владата ја донесе Програмата за рано откривање и спречување болести на репродуктивните органи кај жената во Република Македонија. |  |
Светски совет на црквите
Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферацијаВо признавањето на правото на Иран за нуклеарна технологија и материјал за мирољубиви цели меѓународната заедница треба да воспостави средство со коешто ќе му обезбеди одговорен пристап на Иран до гориво за нуклеарните реактори за генерирање енергија. |  |
Партнерство за рурална Европа
Чешки искуства во руралниот развојНаголемо најавуваниот и многу актуелен Инструмент за претпристапна помош ИПА (ИПА) од 1 јануари 2007 година ќе ги замени досегашните европски финансиски фондови ФАРЕ, САПАРД, ИСПА, КАРДС (Пхаре, САПАРД, ИСПА, ЦАРДС) и слични и треба да овозможи единство во програмирањето, финансирањето, мониторингот и евалуцијата на европската развојна помош наменета за државите кандидати за членство во Европската Унија (Хрватска, Македонија и Турција) и за потенцијалните држави кандидати за членство во ЕУ (Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Црна Гора). |  |
Центар за психосоцијална поддршка и грижа за менталното здравје - Скопје
Компјутерите ја подобрија работата на социјалниот клубЦентарот за психосоцијална поддршка и грижа за менталното здравје од Скопје како непрофитна и невладина организација е основан во 1998 година со дејствување фокусирано на пронаоѓање начини за превенција и унапредување на состојбата на менталното здравје кај човекот како биолошка, психолошка и социјална индивидуа. |  |
Развој на граѓанскиот сектор
Од организациска поддршка кон градење на капацитетНиз низата изминати години на развој на граѓанскиот сектор во Македонија многу се говореше и многу се вложуваше во градење на капацитетите на организациите, при што првиот синоним - она што главно се практикуваше - беа обуки за членовите и активистите на организациите. Многу поретко практикуван беше пристапот на организациска поддршка. |  |
Пет години МИМ и www.culture.in.mk
Осовременување на културата и новинарствтоНа 12 јули 2006 година Здружението на граѓаните „Јунона” од Скопје го прослави петгодишното функционирање на веб-страницата њњњ.цултуре.ин.мк, прв и единствен дневен електронски информатор, кој нуди информации за настаните од културата во Република Македонија и за претставувањата на македонската култура во странство. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|