Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 72

   

концепти

Како учат возрасните?
                                                                                                                                албански
Многумина од возрасните пре­ферираат да учат со помош на визуелно претставување на неш­тата. Еве неколку слајдови кои се користат за да се објасни циклусот на учење кај возрасните. За потребите на оние кои најдобро учат преку анегдоти, вклучени се неколку “приказни”.

Еден сопственик на мелница имал проблеми со својот бојлер. Повикал некој искусен инженер кој се повлекол од работата на терен по четириесет години служба. Инженерот се занимавал по малку и со консултантска работа. Сопственикот му кажал на инженерот за проблемот, а овој веднаш отишол кај бојлерот и двапати го удрил силно со чекан. По таа „операција”, отишол кај сопственикот на мелницата со фактура од 200 долари, на што сопственикот се побунил. –„Како може толку да вреди работа која одзема само десет минути? Зарем еден удар со чеканот чини 100 долари?” На тоа, инженерот ја зел назад фактурата и допишал: за секој удар со чеканот – 1 долар. За тоа што знаев каде да удрам – 198 долари.

Едно мало момче се вратило дома од училиште и му рекло на татка си: „Тато, денес на училиште разговаравме нешто и мене ме интересира од каде сум јас?” Таткото се плашел дека овој момент кога тогаш ќе дојде, но знаел и дека во истиот тој момент ќе постои само еден одговор, па затоа најдобро што можел му ја објаснил со факти вистината на својот осумгодишен син. Синот зачудено слушал, но дури и по исцрпното објаснување не делувал задоволен. „Тоа што го велиш е навистина и интересно, тато, одговорило детето, „бидејќи Џими рече дека е од Англија,  а Мари од Аргентина. Но, од каде да им кажам дека сум јас?”

За да не се наруши стандардниот декор во еден трговски центар, на сопствениците на дуќаните им било дозволено да закачат натпис од само два збора над вратите. Во трговскиот центар имало три продавници една до друга кои продавале алишта. Едната од нив, таа од лево, закачила натпис „Најниски цени”. Таа од десно се решила за „Највисок квалитет”. А онаа во средината – „Влезете тука!”

Еден обложувач на коњи објаснувал како неговата голема добивка била финалниот систем дека неговиот систем е отпорен на глупави. Тој се обложил на коњот со број 14 во трката број 9 во 5 часот попладне на 8 мај. Тој објаснил како го сторил тоа. Биле 14 наспрема 1; трката број 9 и времето на одржување, 5 часот, даваат збир 14, а денот 8 од петтиот месец – 8 и 5, исто така даваат збир 14.

Еден менаџер сакал да го поттикне својот тим прв да се зафати со некоја важна работа. Тој пристигнал на состанокот со кофа полна тениски топчиња. „Верувате ли дека оваа кофа е полна?” Сите одговориле потврдно. Тој потоа извадил една кеса полна бисери и ги истурил во кофата. Бисерите го исполниле просторот помеѓу топчињата. „Дали е сега полна?”, запрашал повторно. Речиси сите се согласиле дека овојпат е навистина полна. Но, тој потоа извадил едно шише вода и го истурил во кофата. „Мислам дека сега е полна”, им кажал на луѓето од тимот, „но што ви кажува ова?” Дискусијата што следела во фокусот ја имала способноста на луѓето да дадат уште малку од себе, дури и кога мислат дека се преоптоварени. Но менаџерот не се согласил со тоа објаснување и рекол: „Она што сакав да ви го кажам е дека ако не започнете со големи нешта, тогаш никогаш нема да најдете простор да ги вклопите”.

Разликата помеѓу врвен голф играч и обичен играч е тоа што врвниот играч сфаќа дека целта на секој удар е да се донесе топчето поблиску до дупката. Обичниот играч со секој удар се обидува да ја внесе топката во дупчето.

Така е и со менаџерите. Кога е соочен со намалување на буџетот, просечниот менаџер ќе изнајде безброј причини да каже дека е невозможно да се стори нешто во тие услови. Врвниот менаџер ќе започне да постапува во согласност со изменетите услови.

 

Животните од фармата биле задоволни од начинот на кој фармерот се однесувл со нив и се договориле да сторат нешто за да ја искажат својата благодарност. „Јас би се чувствувала почестена да учествувам во тоа”, рекла кокошката. „Ајде да му приготвиме вкусен оброк од јајце и сланина”. „Не се согласувам. Секако дека и ти ќе учествуваш во приготвувањето на тој оброк, но од мене тоа ќе бара целосна посветеност”, рекло прасето.

По 25 години поминати како наставник во училниците на колеџи и универзите­ти, на почетокот на секој семестар морам да се потсетам и самиот што всушност претставува учењето.  Кога имав 12 години ги открив коњите. Ја прочитав секоја книга до која стигнав, ветеринарски текстови, ги научив сите сорти и историјата на коњите од Перчерон до понито Канамара. Му додевав на татко ми, им додевав на тренери, џокеи, одгледувачи на коњи и јавачи за часови и информации. Кога сето тоа заврши, не постоеше ништо за кое не знаев, ги знаев резултатите од секоја поголема трка од 1840 наваму, знаев за касачки коњи, предводници, тркачи на рамни патеки. Можев да јавам брз коњ, коњ на дресура, да препознаам свиткана тетива или фистула, да го наместам подопашникот на седлото, да го затегнам ременот од уздата. А немав наставник, програма, тестови. Постоеше единствено мојот непресушен интерес на таа тема. И се прашувам, дали воопшто се одвива некој друг „вистински” начин на учење?

Отсекогаш се сомневав дека на оние кои некоја активност ја гледаат како необрзовна и недостасува доволен интерес за неа. Што се однесува до мене, тоа е сосема во ред. Не можете да го структуирате учењето. Единствено можете да обезбедите алатки и можност. На тој начин го учиме она за кое имаме страст. А останатото – само го меморизираме.

 

 

Параболата за рибарот вели:

„Ако некому дадете риба, сте го нахра­ниле за тој ден. Ако го научите како да лови риба, сте го нахранила засекогаш”. (Се разбира, откако некој ќе научи да лови, ќе мора тоа и да го прави за да се нахрани.)

Оваа парабола може да се продолжи со тоа што и наредните генерации ќе научат да ловат и ќе можат да се прехранат.

За да станете организација на луѓе кои знаат како да учат и како да создаваат средина за учење во која другите ќе можат да учат, луѓето треба да поминат пет нивоа на развој (проширената пара­бола за рибарот):

1. Учам како да ловам риба – можам да те нахранам и тебе и себе;

2. Учам како да подучам некого да лови. Те подучувам како да ловиш за да можеш самиот да се нахраниш;

3. Те подучувам тебе како да подучиш некого друг да лови риба;

4. Ти ги подучуваш другите како да ловат риба и можеш да ја нахраниш заедницата; и

5. Ти ги подучуваш другите како да подучат други да ловат риба и заедно ќе можеме да го нахраниме светот.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA