Нова регионална мрежа
Зелена акцијаЗелена акција е регионална мрежа на еколошки организации за промоција на биолошката и културна разновидност во насока на одржлив рурален развој. Идејата за мрежно поврзување произлегла од потребата за координација на работата на еколошките организации од Битола, од Прилеп, од Демир Хисар, од Крушево, од Ресен, од Охрид и од Струга и од јакнењето на капацитетот за нивно дејствување. |  |
Коментар
Деца! Деца! Деца!Многу чуствителна тема. Не би можел да ги сфатам тие кои ги злоупотребуваат децата. Од злоупотреба на детскиот труд, па до разните дефилирања за одредени цели. За првото мислам дека се согласуваме сите, а за второто зависи кој како го чуствува тоа. Но и за едното и за другото постојат конвенции, прописи и закони со што тоа се регулира. Употребата на децата во различни цели е меч со две острици. За едните може да е правилно, а за другите не. Дали некој тоа го направил со скриени намери или со други чисти мисли. Затоа постојат конвенции за правата на децата и нашите закони.
|  |
Српско граѓанско општество
Ќорсокак во Србија: Спиралата на радикализмот или основање на нова Србија?Во случајот на Србија, основната поделба е поради тврдењето на есенцијалистите - “прво Младиќ во Хаг, потоа евроинтеграција”, на кој прагматистите гледаат како на кратковид и штетен за долгорочните интереси на српската демократија и граѓанското општество. Интересно е да се забележи и дека овој конфликт исто така ги одразува и постоечките разлики помеѓу земјите членки на ЕУ во рамките на Европскиот совет за тоа како да се справат со Србија. |  |
Средба на мрежата- Наследството на југоисточна Европа
Културното наследство се злоупотребува во политички и идеолошки целиПретставниците на регионалната мрежа СЕЕ Херитиџ (СЕЕ Херитаге) - Наследство на југоисточна Европа, летово (од 2 до 4 јули) имаа работна средба во Македонија, во рамките на која во Скопје се одржа јавна дебата на темата „Културното наследство и неговата злоупотреба во политички и идеолошки цели”, а во Охрид претставниците на вмрежните организации ги презентираа новините од регионот, како и содржината на интернет-страницата на СЕЕ Херитиџ (СЕЕ Херитаге).
|  |
Балканските земји во глобалната анкета за состојбата на граѓанското општество
Граѓанското општество на Балканот со мало учество на граѓаните и умерено влијаниеНа 23-ти мај на седмото собрание на Светската алијанса за граѓанско учество – ЦИВИКУС во Глазгов, Шкотска, беше промовиран првиот том од „Глобалната анкета за состојбата на граѓанското општество”. Ова издание има за цел да ја подигне свеста на глобално ниво за улогата, јаките страни и слабостите на граѓанското општество низ светот. Во ова издание се вклучени резимеа од извештаите од Индексот за граѓанско општество за 44 земји. Индексот за граѓанско општесво е истражувачки проект кој во земјите кои учествуваа беше спроведен по единствена методологија од страна на национални партнери на ЦИВИКУС. |  |
Како е регулирано плаќањето данок кога се ангажира странско правно лице?
Даночен третман на задржаниот данок на добивкаСогласно со членовите 5 и 6 од Правилникот, приход од вршење услуги на истражување и развој е приходот остварен од базни и технички истражувања, лабораториски и други услуги, проекти и елаборати (освен оние кои се однесуваат за инвестиции чија реализација е во тек), котизации и семинари, услуги на пропаганда, истражување на пазарот, огласување во медиуми, саемски приредби, промоција на производи во странство, анкетирање на јавното мислење |  |
Мозаик - успешен модел за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание
Билингвалните групи ја потврдија моќта на комуникацијатаВо седум градинки во пет града во Македонија се одвива мошне впечатливиот модел за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание на деца од 3 до 6-годишна возраст наречен „Мозаик”. За него најмногу знаат дел од родителите кои се одлучуваат наместо во класична група во градинка, своето дете да го пратат во македонско-албанска, македонско-српска или македонско-турска група, но знаат и нивните роднини, пријатели. Од пред една година стекнатите позитивни искуства се пренесуваат и на Косово |  |
|