Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

   

Кампањата “Учиме за ЕУ”

Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата

Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.

Кампањата, која започна да се реализира при крајот на 2006 година, ќе трае до 2010 година, а во рамките на оваа активност замислено е да се посетат сите основни и средни училишта, како и дел од високообразовните установи во државава. Проектот, кој првично беше замислен да ја доближи идејата за Европската Унија до учениците, поради актуелното прашање со името се прошири и на тоа поле поради љубопитноста на младите да се информираат колку тоа прашање може да влијае на поканата за членство на Македонија во ЕУ. Сепак, на изненадување на сите актери вклучени во проектот, учениците покажаа огромни познавања за структурата и начинот на функционирањето на Европската Унија како организација.

Досега се реализирани посети во над осумдесетина основни и средни училишта, како и 6 факултети. Во основните и во средните училишта, како и на факултетите, на учениците им предаваат министри, амбасадори, како и вработени во Секретаријатот за европски прашања при Владата.  

Во Секретаријатот за европски прашања на Владата објаснуваат дека со проектот сакаат да им дадат основни познавања на учениците за ЕУ, како и да се прошират нивните знаења за процесот на пристапување во ЕУ. Оттаму нагласуваат дека е од особена важност процесот на европска интеграција да се приближи до пошироката популација, посебно младата, со цел да се зголеми нивната свест и сознанието за значењето од пристапувањето кон ЕУ, како еден од најважните приоритети за Македонија.

 

Обединети во различноста!

Како дел од програмата во рамките на проектот “Учиме за ЕУ”, на младите им се презентираат основните податоци за Европската Унија, чие мото гласи: “Обединети во различноста”. Се учи дека Европската Унија е заедница на држави од европскиот континент кои се обединети со цел да остварат заеднички политички, економски, социјални и културни интереси. На учениците им се презентира дека ЕУ од први јануари 2007 година, со приклучувањето на Бугарија и на Романија, има 27 земји-членки, а на децата им се презентираат и знамињата на секоја од членките. Преку презентациите, учениците можат да научат како и кога е создадена Европската Унија и кои се нејзините институции... Во презентациите на учениците им се нагласува дека пристапувањето кон ЕУ и кон НАТО се приоритети на Република Македонија, како и тоа дека од 1996 година државава воспоставила договорни односи со Унијата. Во делот во кој се објаснуваат односите на Македонија со ЕУ се вели дека од 17 декември 2005 година Република Македонија го има статусот земја-кандидат за членство во Унијата. Како придобивки со влезот во Европската Унија се наведуваат пристапот до поголем пазар на стоки, услуги и работни места, зголемување на економската моќ; непречено учење, работа и патување низ Унијата, како и размена на идеи и подобрување на културната комуникација.    

“Со влезот во ЕУ, граѓаните ја добиваат можноста непречено да патуваат, учат и работат во која било друга земја-членка на Унијата. Но, уште поважно е што со влегувањето на Македонија во Унијата, значи дека таа постигнала високо ниво на развој и подобра состојба во земјата. Со тоа бездруго се подобрува и начинот на живеење, бидејќи со влезот во Унијата се создадени подобри услови во сите области кои го засегаат секојдневното живеење и безбедноста. Проширувањето на Европската Унија со нови земји-членки значи и зголемување на културното богатство и разновидноста, како и можност за размена на идеи и подобро разбирање меѓу народите”, се вели во презентацијата во делот каде се објаснуваат причините зошто е важен влезот на Македонија во Унијата. 

Сепак, за учениците посебно интересен е делот во кој се зборува за државјанството на ЕУ и пасошите кои се користат при преминување од една во друга држава. Презентерите од Секретаријатот за европски прашања при Владата им објаснуваат на учениците дека државјанството на ЕУ како категорија е воведена во 1992 година, со што секој граѓанин на земјата-членка на Унијата е и нејзин државјанин.

“Со тоа, граѓаните на земјите-членки на Унијата стануваат и граѓани на ЕУ и имаат определени еднакви и заеднички политички права. Граѓанинот на Европа има право слободно да се движи, да работи и да живее на кое било место, во која било земја во Европската Унија. Во Унијата не постојат граници и ретко кога се користат пасошите - тоа обично граѓаните на ЕУ го прават кога заминуваат кон земји кои не се членки на Унијата”, им се појаснува на учениците.  

 

Што најчесто прашуваат учениците?

Уставното име на земјава деновиве е во фокусот на интересирањето на младите, кои генерално сметаат дека промената на името на државава не смее да биде залог за влез во Европската Унија. Македонија не смее да смени буква од своето уставно име, дури и по цена да не влеземе во ЕУ, коментираат дел од учениците, незадоволни од последните случувања.  Други се интересираат дали условувањето со промена на уставното име на Македонија е дел од критериумите за членство. Но, има и такви кои се нетрпеливи да слушнат поинакви согледувања. Чести се и дилемите од типот: Кога ќе влеземе во ЕУ? Дали младите ке можат да учат каде сакаат во Европа? Кога ќе се укинат визите? Кои се главните придобивки од членството во ЕУ? Како Македонија успеа да стане земја-кандидат за членство?

На списокот на училишта кои беа посетени од висока делегација беше и Земјоделско-шумарското средно училиште “Ѓорче Петров” од Кавадарци, каде предавачи беа вицепремиерот Живко Јанкуловски и францускиот амбасадор, Бернард Валеро. Учениците од ова училиште се интересираа за визниот режим и какви се шансите на Македонија за влез во ЕУ. 

“Учениците ја покажаа зрелоста и познавањата за оваа проблематика. Би било позитивно доколку се вметнат вакви предавања како дел од наставата на учениците. Во тој случај би им било полесно на учениците да се едуцираат што би требало да направат како поединци за да придонесат за влезот во ЕУ” вели Жана Минова, директорка на училиштето “Ѓорче Петров” од Кавадарци.

Според францускиот амбасадор, Бернар Валеро, оваа кампања е извонредна иницијатива во која безрезервно учествувал, бидејќи се работи за фундаментална тема за нашата земја. “Чинам дека е важно да се запознаат младите за европските прашања, предизвици и влогови, да се објасни историјата на Европа, тоа што таа претставува денес во светот, да се потсети на правата, но истовремено и на обврските кои произлегуваат од тоа да си Европеец - тоа се точките за кои зборувам со младите за Европа”, вели францускиот амбасадор, и продолжува: “Нивниот капацитет за слушање, интерес и разбирање е извонредно висок. Тоа е мошне охрабрувачки сигнал кој предочува желба и надеж за Европа, за кои сите заедно, и Европејци и Македонци, треба да одговориме. Ни едните ни другите немаме право на грешка наспроти овие млади. Францускиот амбасадор смета дека овие средби имаат уште поголема важност, имајќи ги предвид целите на европските перспективи на Македонија за 2008 г., а поради наближувањето на француското претседавање со ЕУ кое ќе почне на 1 јули”.

Во Министерството за образование и наука се задоволни од реализирањето на проектот. “Целта на проектот е на учениците да им се објасни целата историја на создавање на Европската Унија, нашите аспирации за членство во ЕУ, како и задачите кои ќе треба да ги завршиме до нашата зацртана цел”, вели Дрита Мамути, портпаролка во Министерството за образование. Според нивното искуство, децата се добро информирани за Европската Унија, за која учат и преку предметот Граѓанска култура.

“Учениците, освен тоа што учат, имаат и пошироки знаења за Европа. Се има впечаток дека учениците уште од мали нозе имаат желба да бидат дел од европското семејство”, потенцира Мамути. Таа објаснува дека на крајот од предавањата, на осмоодделенците им организираат квиз, со прашања од типот колку земји членки има ЕУ, кој ја дал идејата за формирање на Европската Унија и слично.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA