|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Повик за партнерство и соработка Убиј ги пиштолитеГраѓанската организација “Цивил” упати отворен повик за партнерство и соработка во кампањата за организирање на “Глобалната недела на акција против оруженото насилство” во Македонија која ќе се одржи од 2 до 9 јуни 2008 година. | |
Доделени годишните награди на МИМ Борис Георгиевски ја имаше најдобрата истражувачка сторијаНовинарот Борис Георгиевски од дневниот Утрински весник ја доби највисоката награда на распишаниот конкурс „Најдобра истражувачка сторија - 2007”, на Македонскиот институт за медиуми. Наградата му е доделена за текстот „Случајот Ибраим Сулејмани”. | |
Семинар во Охрид Влијанието на процесите на ЕУ врз човековите праваФондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот на човековите права од Загреб, Хрватска, на 15 март во Охрид одржаа работна средба со наслов „Влијанието на пристапувањето кон ЕУ врз човековите права – македонски и хрватски искуства”. | |
Дебар Отворен едукативно-образовен центар на РомитеСо скромна свеченост, на 18 март во Дебар беше отворен првиот едукативно-образовен и информативен центар за младите Роми, со помош на општинската и на Републичката организација на Црвениот крст. | |
Промоција во Битола “Како се трошат буџетските пари”Неколку невладини организации од Македонија во Битола на 4 март ја промовираа публикацијата „Како се трошат буџетските пари”, проект поддржан од меѓународните организации УСАИД и УНИФЕМ. | |
Одбележување Светски ден на заштита на потрошувачите - 15 мартМинистерството за економија, во интерес на поттикнување на правото на потрошувачите и во насока на воспоставување успешен и ефикасен систем за нивна заштита, и годинава го одбележа 15 март - Светскиот ден на заштита на правата на потрошувачите, под мотото „Влијанието на брзата храна врз здравјето на помладите генерации и безбедноста на производите, како важен предуслов за сигурноста на потрошувачите”. | |
Истражување Како се трошат парите на граѓаните?Резултатите од истражувањата на националната мрежа на организации “Чувари на јавното ќесе”, објавени во форма на прирачник, беа промовирани на 21 март 2008 г. во хотелот “Холидеј ин”, во Скопје. | |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|