среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива

Полио плус
ИГРИ НА СРЕЌА ВРЗ НЕСРЕЌНИТЕ – КРУГОТ СЕ ПРОШИРУВА
Како средствата собрани од игрите на среќа и забавните игри се распределуваат беше носечкото прашање на панелот што го организираше Полио плус денес ро рамките на шестиот НВО Саем. Воведничарите се осврнаа на начинот на распределба на средствата, критериумите и висината на средствата.
Жените Ромки во фокус
Образованието - клуч за решавање на потребите на жените Ромки
Во рамките на НВО Саемот се одржа панелот „Афирмативниот пристап кон решавање на специфичните потреби на Ромките“, во организација на мрежата РНВО 2002. Мирдита Салиу на почетокот на панелот напомена дека женското ромско движење се појави во деведесетите години.
Панел: Дали лицата кои употребуваат дроги имаат еднакви шанси?
Зависниците од дрога се маргинализирани и дискриминирани од институциите и од граѓаните
Корисниците на дрога во Македонија немаат можности како сите да се лекуваат, да се вработуваат и да им се почитуваат човековите права е заклучокот од дискусијата на тема Дали лицата кои употребуваат дроги имаат еднакви шанси, организирана од Македонската мрежа за намалување на штети.
Панел:Играј според правилата-почитувај го законот
Политичарите во Македонија не даваат позитивен пример во почитувањето на законите
Овде, играјте според правилата значи играјте според моите правила. Во Македонија, елитата која ги донесува законите, веќе 16 години не ги почитува. Тие се напишани од елитата за елитата. Тоа е војна меѓу политичарите и граѓанството, која во други држави завршува со револуции.
Настан за прибирање на средства: „Помогнете им на децата Роми да одат на училиште“
Првата награда за донација му припадна на Суад Мисини
Под наслов „Помогнете им на децата Роми да одат на училиште“ во рамките на саемот се одвиваше и социо - културниот настан на кој беа презентирани резултатите од двомесечната акција за креирање на фонд за набавка на учебници и школски прибор за децата Роми од РМ водена од страна на ХО „Мир“ и ЦИРа , а истовремено се одржа и јавно извлекување на планираните награди за најголемите донатори, кои донираа парични средства на саемот.
ГАЛЕРИЈА-5 [17.11.2007]
ПАНЕЛ: Мала вклученост на малите заедници
СПОДЕЛУВАЊЕ НА ВЛАСТА
Највпечатливиот наод на извештајот „Споделување на власта “ е ниската вклученост на малите заедници во Македонија
Панел: Колку е инклузивно македонското општество
Општеството ни е дискриминирачко, а не толерантно
Македонското општество е дискриминирачко кон дел од маргинализираните групи, иако неговите граѓани велат дека е толерантно, велат добиените резултати од истражувањето кое на тема „Колку е инклузивно македонското општество“ го спроведе Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, испитувајќи го нивото на толеранција на граѓаните кон Ромите, хомосексуалците, проститутките, лицата зависни од дроги и опојни супстанции, лицата со интелектуална и телесна попреченост, лицата зависни од алхохол.
ГАЛЕРИЈА-3 [16.11.2007]
ГАЛЕРИЈА-4 [17.11.2007]
Панел: Етички кодекс во граѓанското општество
На граѓанските организации им треба етички кодекс
„Етички кодекс во граѓанското општество„ беше насловот на панелот на кој како што забележаа дел од присутните, повторно заинтересираност за оформување на прв кодекс од ваков вид покажаа мал број претставници на граѓанските организации, односно на Граѓанската платформа на Македонија, каде во неколку наврати во изминатата година прашањето, бес голем успех било отворано. 

Панел: Поглед од друг агол: Ромите и ромските населби, решение а не проблем
Ромите имаат капацитет да го решат проблемот со супстандардното домување
Решавањето на домувањето на ромската популација треба да се гледа низ капацитетите на таа заедница, низ нејзиниот потенцијал кој во тој процес треба да се цени повеќе и врз него да се изгради стратегија за иднината, а не од аспект на проблемите со кои се соочуваме, беше истакнато на панелот Поглед од друг агол: Ромите и ромските населби, решение а не проблем, во организација на Хабитат Макдонија, посветен на решавањето на проблемот со супстандардното домување на ромската заедница.
Панел: Спроведување на законот за волонтерство
Волонтерството е корисна дејност за волонтерот, општеството и за организациите
Законот за волонтерство кој е донесен во јули годинава е уште едно приближување на Македонија до Европската унија, беше истакнато на панелот посветен на Законот за волонтерство организиран од Младинската алијанса, Тетово И ПДАС Меѓаши. Како што истакна Златко Талески, од Младинскиот културен центар од Битола, законот предвидува дека волонтерската работа е општествено корисна дејност и со своите одредби ги стимулира волонтерските активности
ТРКАЛЕЗНА МАСА: Даночни закони и граѓанските организации
Македонија е земја со најмалку даночни олеснувања
Според Индексот на граѓанското општество во Македонија, нашата земја е со најмалку даночни олеснувања. Македонија има неповолна околина за дејствување на граѓанските организации, поради малите даночни олеснувања и поради намалувањето на донациите од странските организации.
Панел: „Заедно за едНаквост – стратешка рамка за заедничка акцијA за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“
И во Македонија и во Бугарија дискриминацијата треба да се препознае
Панелот „Заедно за еднаквост – стратешка рамка за заедничка акција за борба против дискриминацијата/ Бугарски искуства за антидискриминација“, одржан во организација на Куќата на човековите права на Македонија, пред мал број присутни слушатели и учесници, на површина ги изнесе актуелните состојби со дискриминацијата во Македонија и Бугарија, чиј заеднички именител беше потребата од поголема едукација на граѓаните, подигање на свесноста за постоење на проблемите, работа на правните рамки.
Започна НВО Саемот - 6 Форум на граѓанското општество во Македонија
Еднакви можности за сите
Годинава на НВО Саемот своите активности ќе ги презентираат 128 граѓански организации, цркви и верски заедници, владини и меѓувладини организации. Фокус-земја на годинешниот НВО Саем е Република Бугарија.
ГАЛЕРИЈА-1 [16.11.2007]
ГАЛЕРИЈА-2 [16.11.2007]
6 НВО САЕМ
РАЗЛИЧНИ, А ЕДНАКВИ
Шестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество се одржува денес и утре (16 и 17 ноември 2007 година) на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“, а фокус земја Бугарија.

На 16 и 17 ноември

НВО САЕМ 6 ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО 

 Шестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Пријавувањето за овој најголем настан на граѓанското општество во Македонија веќе започна. Сите детали и формулари за пријавување можете да ги најдете во оваа информација

НВО Саемот - Форум на граѓанското општество во Македонија за прв пат се организираше во 2001 година. Првите две години, оваа најголема манифестација на граѓанското општество во Македонија се одржуваше во хотелот Александар палас. Од 2003 година, НВО Саемот се организира на Скопски саем.

На претходните пет манифестации учествуваа вкупно 1.030 организации, беа организирани 243 форумски настани, а Саемот го посетија 37.931 граѓани.

НВО Саемот им овозможува на граѓанските организации да ги покажат своите достигнувања, да разговараат за сегашните и идните приоритети на организирањето, да разменуваат искуства, да се координираат и комуницираат меѓусебно. Во трите дена, додека трае НВО Саемот, сe е подредено на работата на граѓанските организации, на нивните потреби, забелешки, идеи, планови...

Така ќе биде и оваа година, и на овој шести по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество. 

Затоа пријавете се, или само посетете го Саемот. Погледнете ги постигнувањата на организациите на нивните штандови во изложбениот дел или бидете дел од некој од форумските настани. 

Се гледаме на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопски саем! 

Целосна информација за 6 НВО Саем

Програма за форумскиот дел за 6-тиот НВО Саем
Распоред на изложбен дел за 6-тиот НВО Саем



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA