|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
7 април
Светски ден на здравјето
Овој датум е посветен на најважното нешто - здравјето. Болестите на модерниот свет, меѓу кои покрај СИДА-та се вбројуваат и оние предизвикани од стрес-факторот, однесуваат илјадници животи. За жал, причина за нарушување на здравјето, дури и во 21. век, се и гладта, сиромаштијата, недостигот на чиста вода за пиење...
8 април
Светски ден на Ромите
Ромите од целиот свет го одбележуваат овој ден. Тоа е повод да се проговори за правата на овој народ без држава, распространет низ целиот свет, а особено во Европа и во Азија.
18 април
Почит кон спомениците
Меѓународниот ден на спомениците и споменичните места е повод да се покаже почит кон овие обележја на историските настани, области и личности.
22 април
Ден на планетата Земја
Востановен во САД, а прифатен од речиси целиот свет, денот на планетата Земја има цел да потсети дека таа е нашиот заеднички дом и дека мораме заедно да работиме за да го сочуваме во здрава состојба.
23 април
Читајте, и само читајте!
Светскиот ден на книгата и на авторските права се прославува како контрапункт на с$ подлабоко распространетата култура на ИТ-технологии која ја потиснува културата на читањето. Читајте, и само читајте, и почитувајте ги правата на авторите, е една од пораките по повод овој ден.
24 април
И лабораториските животни имаат права
Светскиот ден на заштита на лабораториските животни има цел да ги промовира правата на животните кои се осудени да бидат лабораториски заморчиња.
25 април
Ден на дрвото
Неодамнешната акција за пошумување покажа дека граѓаните на Македонија ја знаат и вреднуваат вредноста на дрвото. Денот на дрвото нека биде повод да се засадат уште повеќе садници, или да се излезе во природа и да се полијат и поткопаат дрвцата што сме ги засадиле. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|