Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Интервју

Владимир Тодоровиќ и Јосиф Таневски

Оскарот ја потврди нашата општествена одговорност 

 
Владимир Тодоровиќ

ТИНЕКС МТ во оваа прилика е  награден како најоп­ште­ствено одговорна компанија за вработување на штитеници од Домот за децата без родители “11 Октомври” од Скопје. Од кога датираат Вашите ангажмани на ова поле? 

- Мислам дека сите луѓе во себе имаат потреба да помагаат, но таа се разликува од  можностите. Потребата доаѓа генетски и од воспитанието од родителите. Јас дојдов во ситуација да можам да помагам, имам услови и ја задоволувам таа потреба. Секако дека по здравјето најважен ми е успехот на фирмата, но дополнително сум задоволен и кога помагам. Во образложението за наградата видов дека не се земени во обзир и нашите донации со кои помагаме во поединечни случаи при болест, опожарување на куќа и др., туку само помошта за штитениците на Домот на децата без родители. Тие по завршувањето на средното училиште нема каде да одат, на кого да се потпрат. Најчесто немаат ни браќа ни сестри и јас сакав да им дадеме шанса, да имаат загарантирана понуда за вработување. Дечињата се малку специфични заради сплетот на околностите, се јавуваат проблеми кога доаѓаат кај нас, но во најголем број случаи самите ги надминуваат, доаѓаат  до одредена  зрелост.

За жал, одредени деца не успеваат да го сторат тоа, но тој процент не е толку голем.

Како комуницирате на ова поле со вашите партнери стопанственици во земјава?  

Честитки сум добивал но бизнис-заедницата која ја познавам и со која комуницирам, главно е свртена со енергијата кон своите проблеми. Притисокот од конкуренцијата е страшен.

Дали општествената одговорност треба да  стане законска обврска?

Мислам дека државата не може со закон да ги обврзе фирмите да бидат  општествено одговорни, но треба да се работи повеќе на развој на свеста за таквиот ангажман. Можеби треба да се направи некаква кампања, некаков престиж за сето тоа, да даде одредени привилегии за општествено одговорните фирми, за нивните управители. На пример, да им даде еден бесплатен паркинг-простор во центарот на градот. Треба да се забрза подигањето на свеста за помагање.          

Што значи за фирмата наградата на полето на промоција на нејзините вредности?

Тоа & дава голем углед на фирмата. Мене, како на првонаграден, од страна на организаторот ми е понудено во логото на фирмата да стои дека е општествено одговорна. 

Правите ли одредени годишни планови за активности на ова поле?

Не, не правам планови однапред. Идеите ми доаѓаат спонтано од соочувањето со секојдневната реалност, со моќта на државата. За вработувањето на децата од Домот на децата без родители, идејата произлезе од средбата со министерот за труд и социјална политика кој гостуваше во Ротари клубот каде сум член. Тој го изнесе проблемот на децата, јас прашав за колкав број деца се работи, бидејќи сме фирма во развој, и потпишавме договор со нив на пет години. Ние сме една од фирмите каде се обраќаат голем број луѓе за донации од областа на спортот, културата, за индивидуална помош. С$ додека фир­мата е успешна, тоа нема да запре, но не можеме да одговориме на сите барања. Во секој случај, се очекува од оние  кои имаат услови и можност за тоа да го поделат своето. Тоа го велат и религиите преку кои сме  воспитани да помагаме.  


Јосиф Таневски

 
Кои ваши општествени активности беа наградени со „Оскарот”?

Коректното работење во поглед на законите, обврските кон вработените и државата, беа предуслов ФАРМАХЕМ да биде разгледувана како кандидат за наградата. Односот на фирмата кон заедницата, она што го прави таа надвор од своите деловни активности, помошта за непосредната околина, за општеството во целина или за одделни сегменти од социјалниот живот на државата, беа најважните критериуми. Најголеми поени добивме за формирањето на асоцијацијата на фирми кои работат на еколошки консалтинг. Асоцијацијата, која беше наша иницијатива, ја водев три години, но уште поважно беше што се наметнавме во рамките на Стопанската комора и го поттикнавме „позеленувањето на бизнисот”, прилагодувањето на фирмите да работат во рамките на законите за животна средина. За прв пат деловните субјекти се вклучија како актери во заштитата на животната средина.

Како тоа изгледа во македонски услови на работење? 

Постојат многу законски обврски за фирмите, но с$ уште не постојат и реални услови за нивна примена. Тоа значи дека одделни фирми се соочија со ригорозноста на законите, негодуваа во Министерството за животна средина кое ги наметна тие закони. Во самата Стопанска комора се создадоа тензии и потреба да им се помогне на фирмите да се прилагодуваат на новите закони. Со нашето формирање, во Комората се исполни една голема празнина, бидејќи таа нема служби кои можат да помогнат како да се решаваат тие проблеми, да ги интерпретираат законите и др. Мислам дека направивме голема чекор и на сите фирми кои имаат такви потреби им се понудивме да им ги интерпретираме обврските. Позеленувањето на стопанството е битна работа за да може некоја фирма утре да добие дозвола за извоз во Европската Унија и да не биде санкционирана  за пречекорување на одредени емисии коишто се  загадувачки за површинските води, за воздухот итн.

Таа работа во Македонија е многу актуелна и е голема обврска пред нашето зачленување во ЕУ. Мислам дека нашата мисија преку таа асоцијација вроди со плод, за да се наметне заштитата на животната средина како деловна активност. Се создаваат с$ повеќе деловни субјекти кои ќе знаат да го прават тоа и коишто на некој начин ќе ја пополнат таа празнина на еколошки консалтинг.

Ве изненади ли интересот што го покажаа фирмите во натпреварот за добивање на наградата?

Мој впечаток е дека фирмите, вклучувајќи ја и нашата, не веруваат во коректноста на изборот кога станува збор за награди. Се научивме дека тие се доделуваат по партиски стандарди, со семејни врски коишто на некој начин доведуваат до сомнеж во коректноста на изборот. Во овој случај,  бидејќи беше вклучен и странски  консултант и донатор, сметав дека изборот ќе биде покоректен и мислам дека за секоја фирма е предизвик да се соочи со конкуренција од кој било аспект. Ни се допадна начинот на кој се врешеше изборот.

Мислам дека ако ова се повтори неколку пати, кај фирмите ќе се создаде амбиција да учествуваат и да се натпреваруваат, односно да прават работи за заедницата кои се прифатливи и многу корисни.

Верувате ли во законска обврска за општествена одговорност?

Мислам дека солидните фирми сами го изградуваат имиџот со вакви активности.

Општествената одговорност не може да се прави заради даночно олеснување, затоа што тогаш ќе дојде до напуштање на принципите, сите ќе се борат да даруваат заради даночни олеснувања. На ваков начин, со натпревар се истакнуваат фирмите кои имаат поголема општествена свест, одговорност, каде се работи со повисоки стандарди, како што е тоа и во развиените земји. Со наградата на нашата фирма & следува бесплатно претставување во една од соседните земји, како и претставување пред бизнис-секторот во Германија. Тоа е доволно, бидејќи  е нешто што не може да се постигне со пари. Наградата не е парична, што е во ред, бидејќи ние сме потрошиле пари за општеството.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA