|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот. Ова е посебно потребно ако кодексот воведува стандарди на однесување кои треба да се реплицираат во самите организации. Доброволноста и саморегулирањето како вредности значат дека и спроведувањето е на волја на организациите и затоа во него мора да се инвестира однапред. Иако се воведуваат мерки кои ќе бидат спроведени доколку не се почитува кодексот, нагласокот треба да биде на тоа како да се обезебеди негово прифаќање и спроведување од што поголем број на членови, како да се обезбеди негово успешно интегрирање и промовирање.
Со цел да бидат успешно спроведени, кодексите генерално подразбираат исполнување на следниве фактори:
создадена е “критична маса”, односно група на организации кои се подготвени да го започнат процесот, кои се поттикнати од заеднички мотив, се согласуваат за тоа што е целта и колку треба да се инвестира за да се постигне истата;
процесот на нивно донесување мора да биде отворен, партиципативен и транспарентен за да може да се обезбеди успешно прифаќање на одредбите и нивно спроведување;
постои верување во групата дека кодексот може да помогне во решавање на проблемот и постигнување на целта;
постои доверба во идејата, темата што ја поврзува групата;
членовите на групата имаат чувство на сопственост врз процесот и текстот на кодексот;
постои план и средства, не само да се креира, туку и да се спроведе кодексот.
Зошто се носат кодекси?
Прашањето “зошто ни треба кодекс” е особено важно да се одговори и разјасни на самиот почеток. Бидејќи групата која го носи кодексот е најчесто создадена од повеќе членови, сите тие може да имаат свои мотиви и очекувања од процесот и кодексот. Поради тоа, потребно е да се постигне согласност околу заедничката цел. Одговорот на прашањето „зошто” понатаму го дефинира видот на кодексот (дали ќе биде декларативен или со појаки стандарди)[2], начинот на кој ќе се донесе тој и како ќе се спроведува истиот.
Најчесто кодексите се креираат со цел да се зголеми отчетноста, транспарентноста и да се подобри внатрешното управување на самите организации. Кодексите придонесуваат кон подобар имиџ пред јавноста, поголема доверба кај донаторите и намалување на злоупотреби во секторот. Ако граѓанските организации ја преземат одговорноста за добро раководење, тогаш тие можат да елиминираат некои иницијативи на владата да го регулира внатрешното раководење на организациите преку закони кои задираат во најситни детали.
На што треба да се обрне внимание во процесот?
Процесот е поважен од самиот кодекс. Во текот на процесот организациите подобро ја разбираат важноста на документот и целта, појасно се дефинираат придобивките, се постигнува согласност за принципите и стандардите, како и за начинот на нивното инвестирање. Ако се инвестира во процесот, ако организациите се едуцираат, ако процесот е отворен и транспарентен, тогаш членките го чувствуваат како „свој” и постои поголема гаранција дека ќе се заложат истиот успешно да се спроведе.
Исто така важно е да се согледаат и надворешните и внатрешните фактори кои ќе влијаат за негово успешно креирање и спроведување. Во Кипар постоеше иницијатива да се донесе кодекс за сите граѓански организации на целиот остров. Но кога започна планирањето на процесот, се увиде дека целта е амбициозна. Организациите од двата дела на островот ретко се сретнуваат и соработуваат, не постои познавање на нивните специфични потреби, не постоеше ниту критична маса на организации кои ќе можеа да ја дефинираат целта на кодексот или да го водат процесот. Се увиде дека е потребно напорите да се фокусираат на други цели, кои и претходат на идејата да се донесе кодекс. Паралелно со тоа, организации на двете страни со слични активности и цели, започнаа процеси на донесување кодекси за нивните специфични потреби, во помали групи.
По донесување на кодексот
Она што најчесто се заборава и занемарува е потребата процесот да трае сe додека кодексот не почне да се спроведува без големи пречки во практиката. Потребно е да се продолжи со едукација за принципите и стандардите кои се донесени, да се одредат средства за нивно спроведување од членките кои го потпишале (обуки, едукациски сесии). Исто така, потребно е да се одредат начини на кои ќе се промовира тој кај други организации, или пак кон јавноста, кон владата и донаторите, зависно од целта.
Во светот постојат многу успешни, но и неуспешни примери на донесени и спроведени кодекси, зависно кој критериум го земаме да ја мериме успешноста. Мислам дека е значајно да се нагласи дека покрај сите фактори набројани погоре, најважно е секој кодекс и секој процес да одговараат на локалните услови и потреби на групата која ги донесува и низ него да се изрази креативноста на самата група за да биде истиот успешен. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|