Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Настани  Студенти

Во организација на БЕСТ од Скопје

Се одржа Саемот за вработување и кариера 2008

Над 700 студенти го посетија овогодинешниот четврти по ред Саем за вработување и кариера Џоб фаир 2008 кој од 18 до 21 март се одржа на Машинскиот факултет, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и на Градежниот и на Архитектонскиот факултет.

Саемската манифестација ја организира Одборот на европските студенти по технологија-БЕСТ од Скопје, а на него се претставија  повеќе компании, меѓу кои ОН НЕТ, Адинг, Македонски телекомуникации, Неоком, Бато  дивајн и други. За разлика од 2005 година, кога за првпат беше одржан саемот и  се претставија само пет фирми, сега бројката на компании заинтересирани да вработат студенти се искачи на 24. Според организаторите, од година во година расте бројот на студенти кои изразуваат интерес да бидат ангажирани од некоја од компаните, но генерален е заклучокот дека им недостасува надградување во искуството со кое располагаат тие.

“Целта на саемот е да се оствари директна комуникација меѓу студентите и компаниите. Студентите се запознаваат со процесот на вработување и можноста за напредување во кариерата, а компаниите со потенцијалот што излегува од факултетските клупи”, изјави Васил Крстевски, претседател на Одборот на европските студенти по технологија од Скопје. Неговиот колега, Томислав Загарски, апсолвент на ЕТФ и член на БЕСТ Скопје, смета дека фирмите не бараат само студенти кои ќе завршат факултет, туку и да го покажат она што го знаат. Тој тврди дека процесот на одлив на мозоци во последно време стагнира, а студентите сакаат да останат тука, бидејќи копманиите не им нудат само вработување, туку и можност да напредуваат во кариерата. “Не е проблем електроинженери во Македонија да најдат работа, проблемот е да се најде квалитетно вработување и пракса” - вели Загарски. Фирмата “Раде Кончар” нуди пет стипендии за апсолвенти, три за електро и две за машински факултет. По завршувањето на студиите, на студентите им е загарантрано вработување. ЕВН ЕСМ веќе втора година по ред учествуваат на Саемот за вработување и кариера, а лани вработиле дел од апликантите. 

Ж.Ѓ. 
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA