|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Беким Абдуллаи
Би ја променил свеста дека за се треба да се грижи некој друг
Професионално искуство
Целото мое искуство се поврзува со работата во граѓанскиот сектор.
Ангажирање во граѓанскиот сектор
Ангажманот во граѓанскиот сектор е од мојата 17-та година како волонтер во разни младински програми и подоцна како кординатор на проект, така што со времето ги развивав моите професионални значења и искуството во овој сектор. Од 2002 г. во Асоцијацијата за демократски иницијативи во Гостивар ги координирам програмите финансирани од Европската комисија.
Од 2005 г. ја вршам функцијата административен директор во АДИ.
Хоби и интереси
Коли, патувања.
Најтешка одлука
Кога требаше да одлучам дали да останам во граѓанскиот сектор или да се определам за друг. Сепак, по долги размислувања, одлучив да останам таму каде што сум и да продолжам да го давам мојот придонес во понатамошниот развој на граѓанскиот сектор.
Амбиции
Еден ден да станам стручно лице во работата што ја работам, да инвестирам во моето понатамошно образование.
Во слободното време чита
„Зошто сум за демократија” од Џорџ Сорос.
Каде оди во слободното време
На кафе со другарите.
За време на викендите
Поминувам многу време со мојата едногодишна ќерка Тара.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Стапката на невработеност која има високи размери и одливот на професионален кадар.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Несоодветниот однос кон зголемувањето на сиромаштијата во разни делови на светот, зголемувањето на јазот помеѓу сиромашните и богатите.
Што би променил/а во Македонија и во светот?
Концептот на граѓанскиот сектор, концептот на политичкото ангажирање (кој не е со нас, тој е против нас), свеста на граѓаните дека за си треба да се грижи некој друг (владата, државата) и би ја зајакнал свеста дека моќта е кај граѓаните.
Во светот да се трошат помалку пари за оружје, повеќе за храна, за вода и за развој во земјите од третиот свет.
Совет/порака
Не постојат причини за сиромаштија, тоа е состојба која се случува кога не правиш ништо.
Никогаш не би можел/а
Без мојот лаптоп и без мојот мобилен телефон. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|