|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
19 ноември 2008
Светски ден за превенција од злоупотреба на децата и Светски ден на детето
Денес, 19 ноември, се одбележува Светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата, додека на 20 ноември, Светскиот ден на детето.
Во прес соопштението на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, потстетува дека „секоја година, над 1 милион деца се вовлечени во трговија со деца, детска проституција. Скоро секој ден слушаме за злоупотреба на деца. Дури и вработени во почитувани меѓународни организации се најдени виновни што биле инволвирани во сексуална злоупотреба. Очигледно е дека е потребно да се изгради ефикасен и ефективен систем што содржи зголемени културолошки мерки и зголемување на јавната свест, како и поттик за помасовна акција за спречување на злоупотребата.“
Во Македонија секоја година над 1.000 деца стануваат жртви на полови напади. Жртвите најчесто се на возраст меѓу 11 и 18 години. Извршители на овие кривични дела најчесто се родители, пријатели или соседи.
Понатаму во соопштението се вели дека „во Република Македонија има 18.500 деца на возраст од 7 до 18 години кои не се вклучени во училиштата иако школувањето како задолжително е загаранитирано со Уставот. Околу 2000 деца се на улица. Најчесто овие деца се и жртви на најлошите форми на залоупотреба. Тие се исклучени од воспитно образовниот процес и се најчести жртви на сексуална злоупотреба, на педофилија, трговија со деца, деца на улица и деца чиј труд се злоупотребува“.
Република Македонија во 1993 ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето и со тоа се обврза да направи напори за успешно спроведување на обврските од истата. Исто така, Република Македонија во 2002 година стана потписник и на Конвенцијата за забрана и за елиминација на најлошите видови на детски труд донесена од страна на Меѓународната организација на трудот МОТ во која беа потенцирани најлошите видови на детски труд и обврските за државите потписнички што треба да ги преземат за спречување на злоупотреба на детскиот труд.
Првата детска амбасада во светот - Меѓаши укажува на неопходност од синхронизирано дејствување на сите релевантни институции, преземање на обврските и одговорностите предвидени со Уставот и овие Конвенции. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|