среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Октомври

   

 НВО Саем - 3 форум на граѓанското општество во Македонија

-Информација за настан-

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) имаат чест да ве поканат да учествувате на 3 НВО Саем – форум на граѓанското општество во Македонија (НВО Саем).

 

   

На НВО Саемот можат да учествуваат:

-  здруженија на граѓани и фондации регистрирани во Македонија (домашни и странски);

- домашни агенции и странски и меѓународни организации.

На НВО Саемот ќе бидат поканети и гости од соседните земји.

Целта на овој настан е да создаде простор за размена на искуства и да го поттикне меѓусебното разбирање и почитување на граѓанските организации, да поттикне поголем дијалог меѓу граѓанските организации, да го зголеми нивото на нивната комуникација, координација и соработка, да ја зголеми информираноста на јавноста и другите актери за активностите на граѓанските организации, како и да придонесе кон размената на информации со организации од регионот. 

НВО Саемот ќе се одржи во периодот од 20 до 22 ноември 2003 година во Скопскиот саем.

НВО Саемот се состои од три компоненти:

- Форумски активности;

- Изложбен дел;

- Социо-културни настани.

1. ФОРУМСКИ АКТИВНОСТИ

 
а) Јавни дебати (форумски расправи)

Форумскиот дел ќе се состои од отворени јавни дебати (панели, тркалезни маси) каде ќе бидат дискутирани повеќе прашања, од кои неколку ќе бидат клучни (главни, носечки) теми кои го засегаат целиот сектор, но и општата јавност. Клучните теми за дискусија ќе ги определи Програмскиот одбор кој е составен од претставници од граѓанските организации од Македонија. 

б) Едукативни сесии

Составен дел на форумските активности ќе бидат едукативните сесии на кои ќе се дискутира на теми поврзани со јакнењето на институционалниот капацитет на граѓанските органзиации. Сесиите во основа ќе имаат информативен карактер.
 

- Самоорганизација на настаните
Во рамките на НВО Саемот ќе има можност за самоорганизирање на форумски расправи и едукативните сесии од страна на граѓанските организации. Самоорганизацијата за форумските расправи и едукативните сесии подразбира определување на тема, обезбедување воведничари за соодветната тема и фацилитатор (како и сместување, надомест и др., доколку е потребно). Организаторите на НВО Саемот го обезбедуваат просторот, терминот и техничката опрема (озвучување, проектор ЛЦД и сл.). 

За таа цел, се повикуваат сите заинтереситани граѓански организации, најдоцна до 30 октомври 2003 година да пријават тема за дискусија и за едукативна сесија.

Формуларот за пријавување на теми може да се добие по електорнска пошта или да се подигне во просториите на МЦМС. 

Доколку има пријавени теми кои не се во согласност со целите на НВО Саемот или има пријавено повеќе од можниот капацитет за одржување, Програмскиот одбор ќе направи селекција на пријавените теми.

2. ИЗЛОЖБЕН ДЕЛ

НВО Саемот овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови, постери и аудио-визуелни презентации). 
 

Штандови

а)      Основен изложбен простор

Основниот изложбен простор за презентација изнесува 9 m2 и се состои од: изработка на штандови од систем октанорам; панел-табли дуплекс, покривање со теписон, инфопулт 100/100 или 2 од 50/50, испишување име на учесник со блок-букви, маса со 4 столици, осветлување со рефлектор, довод за електрична енергија. 

Секоја потреба од дополнителна опрема (пр. пристап до интернет на штандот и сл.) се наплаќа, додека комуникацијата за истото ја прават самите организации учеснички на настанот со Скопски саем.

Доколку организациите имаат поинаква замисла за изгледот на својот штанд, можат самите да го уредат, со претходна најава и комуникација со Скопски саем. 

Цената на чинење е 1000 денари за m2 или 9.000 денари вкупно.

- Организациите кои имаат годишен буџет за 2002 година помал од 500.000 денари, имаат можност да користат бесплатен штанд доколку заедно настапат три организации. Овие организации ќе треба во рокот предвиден за уплата да достават депозит во вредност од 3.600 денари, кој ќе биде вратен последниот ден од траењето на НВО Саемот. Депозитот ќе биде гаранција за постојаното присуство на организациите  на штандовите во текот на траењето на настанот. 

- Организациите кои имаат буџет за 2002 година меѓу 500.000 и 5.000.000 денари, покриваат 40% од вкупната сума на чинење или 3.600 денари за основниот штанд од 9 m2

- Организациите кои имаат годишен буџет над 5.000.000 денари и меѓународните организации и агенции плаќаат полн износ на чинење (1000 денари за m2).


б)      Дополнителен изложбен простор

Секоја организација ќе има можност да закупи поголем простор од основниот. Во тој случај организациите плаќаат полн износ на чинење (1.000 денари за m2). 

 
Постер-презентација

- Организациите кои имаат годишен буџет за 2002 година помал од 500.000 денари, имаат можност да користат бесплатна постер-презентација.

- Цената на чинење на постер-презентацијата за организациите кои имаат годишен буџет за 2002 година, поголем од 500.000 денари изнесува 500 денари.


„Галерија на постери“ и  „Галерија на книги“

Организациите кои имаат мал обем на активности (или активностите се состојат во објавување еден постер или публикација) имаат можност за бесплатна презентација на истите во рамките на заедничка „Галерија на постери“ и „Галерија на публикации“.

Публикациите и постерите треба да бидат доставени најдоцна до 7 ноември 2003 година. 

 
АВ (аудио-визуелна) презентација

 АВ презентацијата подразбира компјутерско претставување кое е бесплатно, но само во случај ако организациите избрале друг начин за презентација. Презентацијата треба да биде подготвена во комјутерската програма „MS Power Point“ од страна на самите организации од максимум 20 страници. АВ презентацијата треба да биде доставена најдоцна до 7 ноември 2003 година. 

 

3. СОЦИО-КУЛТУРНИ НАСТАНИ

За време на НВО Саемот ќе бидат организирани неколку социо-културни настани кои ќе бидат базирани на сопствената креативност на граѓанските организации и ќе значат промоција на културното  наследство и вредности. 

Исто како и форумските расправи и едукативните сесии, ќе постои можност за самоорганизација на социо-културните настани. За потребите на настанот ќе бидат доделени и финансиски средства (мали грантови).

Доколку има пријавени настани кои не се во согласност со целите на НВО Саемот или има пријавено повеќе од можниот капацитет за одржување, Програмскиот одбор ќе направи селекција на пријавените настани.

 

Можност за покривање на трошоците за сместување

За граѓанските организации кои имаат седиште надвор од Скопје и околните градови Куманово, Тетово, Гостивар и Велес ќе постои можност за делумно покривање на трошоците за сместување за едно лице од организацијата. Предност ќе имаат организациите кои ќе организираат форумска расправа или едукативна сесија и организациите кои според висината на годишниот буџет припаѓаат на првите две категории (под 500.000 мкд и меѓу 500.000 и 5.000.000 мкд).

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето за 3 НВО Саемот – форум на граѓанското општество во Македонија е до 30 октомври, 2003 година, во МЦМС на адресата:
Никола Парапунов бб,
поштенски фах 55,
1060 Скопје.

Пријавите ќе бидат достапни и на: www.graganskisvet.org.mk  и www.mango.org.mk.  

[ Пријавата во Ворд формат ]

Лице за контакт е Кренар Кука,
тел. 02/3065-381 лок. 134 (во периодот од 11 до 15 часот, секој работен ден),
факс 02/3065-298,  
e-mail: nvosaem@mcms.org.mk.

Влезот на НВО Саемот за учесниците е слободен.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA