|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Здружение на студенти и младинци со хендикеп Излезе првиот број на Сим-Поп ДОСИЕЗдружението на студенти и младинци со хендикеп на 1 јуни го промовираше првиот број на месечникот Сим-Поп ДОСИЕ. На 40 страници во боја, можат да се најдат информации од областите кои ги интересираат младите луѓе. Една од спецификите на списанието се страниците напишани со Браево писмо со што содржините стануваат достапни и за младите со оштетен вид. | |
Движење на екологистите на Македонија 5 ЈУНИ СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАДвижењето на екологистите на Македонија, по повод 5-ти јуни, Светскиот ден заштита на животната средина, испрати пороглас до медиумите за да ги потсети граѓаните на проблемите на животната средина и потребните активности поврзани со нејзината заштита. | |
СОЖМ „Жените тоа го можат„Петтата годишна - Регионална Конференција ,,Жените тоа го можат“ ќе се одржи од 8 до 10 јуни во Охрид, во хотелот Белведере. Организиатори на конференцијата се Сојузот на организациите на жените на Република Македонија во соработка со Норвешката Народна Помош. | |
Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ 12 ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИОТ ТРУДПо повод Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд, „Меѓаши“ потсетува дека, и покрај тоа што Република Македонија пред 6 години ја ратификуваше Конвенцијата против злоупотреба на детскиот труд, состојбата и понатаму е повеќе од алармантна. Над 18.000 деца не се вклучени во системот на образование, а најмалку 1.000 деца го поминуваат своето детство на улица, живеејќи под ведро небо и без родителска грижа и надзор. | |
Покана за семинар НОВИТЕ ОДРЕДБИ ВО ДАНОЧНИТЕ ЗАКОНИ КОИ ГИ ЗАСЕГААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИНа 13 јуни 2007 година (среда), од 11 до 14:45 часот, во ресторанот „Парк“, во Куманово, ќе се одржи семинар на тема: „Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“. Семинарот ќе одговори на прашањата: Кои се новите измени во даночните обврски за непрофитните организации?; Кои видови на приходи се изземени од оданочување?; Дали треба да плаќаме данок на добивка и на приходите од членарина?; Дали на граѓанските организации им е дозволено да вршат трговска дејност? | |
ГПМ, МЦМС и ЦГИ Семинар за новите даночни одредби за Граѓанските организацииВо име на членките на Граѓанската платформа на Македонија, Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) имаат чест и задоволство да ве поканат на семинар на тема “Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“ кој ќе се одржи на 28.06.2007 во периодот од 11:00 до 15:00 часот во Фондација за поддршка и развој – Прилеп. | |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|