|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ПДАС „Меѓаши“
Децата ќе стекнуваат вештини и знаења за изведба на циркус
Летните работилници ќе се одржуваат од 28 јули до 1 август во дворот на „Меѓаши“. Работилниците ќе ги водат волонтери од циркуската школа на Националниот центар за циркуска уметност од Франција. Работилниците се без надомест. Право на учество и набљудување на Циркусот имаа сите деца на возраст од 5 до 16 години и нивните родители како публика.
Отворена е летна работилница за стекнување на вештини и знаења за изведба на циркус. Работилницата ќе се одржи во периодот од 28 јули (понеделник) до 1 август (петок). Целиот проект ќе биде во рамките на активностите на Детската амбасада.
Циркуската школа - Национален центар за циркуска уметност - од Франција (www.cnac.fr) доаѓа во Скопје. Целта е да им ја приближи работата на циркуските дисциплини и уметноста на циркусот, на децата членови на Амбасадата.
Програмата вклучува пет категории на учење циркуски техники: жонглирање, акробација, рамнотежа, игра на актерот, доверба во својот партнер-другар.
Децата ќе се запознаат и со животот на луѓето во циркус, со нивните патувања, ќе цртаат и ќе се дружат.
Работилниците ќе се одвиваат во претпладневните часови, поделени во две групи. Првата работилница со почеток од 10:00 до 12:00 часот, ќе работи со деца на возраст од 5 до 10 години. Втората работилница со термин од 12:00 до 14: 00 часот, ќе работи со деца на возраст од 11 до 16 години.
Работилниците се без надомест. Право на учество и набљудување на Циркусот, освен децата членови на Детската амбасада имаа сите деца на возраст од 5 до 16 години и нивните родители како публика.
Воедно ве информираме дека работилниците ќе се одвиваат во дворот на Амбасадата. Секое заинтересирано дете, и/или возрасен, кое сака да гледа како се одвиваат работилниците (а не сака да учествува во нив), може да биде дел од публиката секој ден, во термините предвидени за работа на работилниците.
Последниот ден, 1 август, децата што редовно ќе доаѓаат на работилниците, заедно со своите волонтери - циркузанти, за сите присутни ќе организираат циркуска претстава.
Повеќе детали околу пријавувањето може да се добијат на телефоните: 2463 900 и 2465 316.
Лице за контакт - Татјана Јаневска, координаторка на Детските работилници при Амбасадата. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|