|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Оглас
МЦМС бара ко-модератор за Ресен
Ко-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Ресен. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 17 октомври 2008 година.
Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk ).
Во периодот ноември 2008 – април 2010, Форумскиот процес во општина Ресен ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КOМОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 8 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање со Оперативната група;
- Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
- Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
- Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
- Помош на модераторот при водењето на сесиите;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование
- познавање на aнглиски јазик
- активно користење на компјутер (WORD, ECXELL, OUTLOOK)
- познавање на процесот на децентрализација
- искуство во работа со невладни организации
- да е жител на општината
- искуство во фасилитација, координација и известување
- наклонетост кон тимска работа
- одлични комуникациски вештини
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 17 октомври, на следната адреса:
ул."Никола Парапунов", бб, 1060 Скопје
или на електронска пошта: dmt@mcms.org.mk |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|