среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Октомври

   

15 Октомври – Меѓународен ден на „белиот стап“ 

Светски ден на слепите лица

Под мотото „Во образованието и работата ќе ја најдеш светлината“, Сојузот на слепите на Република Македонија, на 15 октомври годинава, во своите простории во Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“– 15 Октомври, светски ден на слепите лица.

15 октомври се одбележува како „Ден на белиот стап“ од 1964 г. На иницијатива на многубројни здруженија за рехабилитација во Америка, Конгресот во 1964 година го овластил председателот Линдон Б. Џонсон, да го прогласи овој ден за ден на белиот стап и тој да се одбелжува во целиот свет. Белиот стап како симбол на слепите лица е воведен во 1921 година за да им го олесни движењето на слепите лица меѓу автомобилите, а тој како симбол на слепилото постоел уште во древниот живот на народите. Луѓето без вид го користеле како корисно помагало за снаоѓање и движење во просторот. Од година во година постојано се зголемува автомобилскиот сообраќај, а тој факт подразбира многу опасности при самостојното движење на луѓето без вид, па се зголемуваат барањата за сегашната улога на стапот и тој мора да ја преоформи својата суштина во јасно говорлив симбол.

„Порано ’Денот на белиот стап‘ беше одбележуван со културно-уметничка програма, а сега тој ден попримил сосема други димензии.  Наместо славење, радост и веселба, тој ден се одбележува со барање права за слепите кај државните институции. Се’ повеќе се крева гласот на слепите и чукање по вратите на разни институции“, рече Чедомир Шопкиќ, член на Сојузот.

Понатаму тој продолжи: „Уставот на Република Македонија претпоставува еднаквост за сите -  во политички, економски и социјален  поглед и освен тоа и предвидува посебна заштита, односно дека инвалидизираните лица имаат право на достоинствен живот. Уставните одредби повеќе ги сфаќаме како формула  за развивање културни човечки односи што  ја надминуваат секојдневната пракса и како  средство да се постигне подобро разбирање  на вредностите на животот. Преку начинот на кој се постапува спрема слепото лице на улица, во училиште итн., се демонстрира способноста на едно општество  да ја оствари интеграцијата на слепите на смислен начин“.

Крум Митковски, исто така член на Сојузот на слепите на Република Македонија, додаде: „Малку или воопшто нема слепи вработени лица. Работодавците избегнуваат да вработат вакви лица, а оние малкуте вработени воопшто не ни земаат плата. Затоа, упатувам апел до претставниците од Владата и од Интерпарламентарната лоби-група, кои се денес присутна тука со нас, да се заложат за интервенции во предлог-законот за вработување каде што подобро ќе се регулираат овие прашања“.

На одбележувањето присуствуваа домашни и странски НВО, преставници на Владата и на владини институции, претставници од бизнис-секторот и граѓани. На крајот Сојузот им додели благодарници на организации, институции и граѓани за долгогодишна соработка со Сојузот.                                                                 

Даниел Медароски


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA