|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Македонија како бренд - колку и како се претставува во светот
Не се работи доволно на промена на сликата за МакедонијаВалентин Николовски: “На негативните искуства со брендот Македонија влијаат недоволно искористеното античко наследство и случувањата поврзани со Рамковниот договор и настаните од 2001 година“ |  |
Македонско - словачка експедиција Солуунска Глава 2005
Откриена јама длабока 300 метриСпелеолошкото друштво “Пеони” од Скопје, кое имаше и свој штанд на НВО саемот, ги промовираше активностите и добиените сознанија од реализираната македонско - словачка експедиција на Солунска Глава во 2005 година, каде освен гостите од Словачка, учествувале и дел од неговите членови. |  |
Презентација
Твојот потпис е законВо кампањата за законот за хендикеп досега се собрани околу 6 000 потписи Под наслов “Твојот потпис е закон”, во Македонија е во тек кампањата на граѓанската организација Полио плус, за донесување на Закон за заштита на прават и достоинството на лицата со хендикеп, презентирана и пред полна саемска сала на Меѓународниот ден за почитување на човековите права 10 декември.
|  |
За студентската стручна пракса и скратено работно време
Сите сакаат работници со искуство, а никој не сака студенти на пракса- Потребни се промени во Законот за работни односи каде што би се додал акт со кој се уредуваат правата на студентите на скратено работно време, како и правото за стручна пракса, која по углед на сите европски земји, би била платена |  |
Улога на граѓанскиот сектор во обезбедување здравствени услуги
Да се овозможи лекување на маргинализираните општествени групиНевладиниот сектор одигра круцијална улога во обезбедување на пристапот до здравствените услуги на маргинализираните општествени групи. Кога невладините организации пред десетина години почнаа да обезбедуваат дел од здравствените услуги, пред се, за вулнерабилните групи, многумина тоа го протолкуваа како почеток на паралелен здравствен систем во државата. |  |
Подигнување на свеста кај жените за рано откривање на ракот на дојката - можности за промена на законската регулатива
За бесплатни прегледи за сите жениОд 1989 до 2004 година со помош на скрининг биле прегледани 37.000 пациентки, а кај 6.000 од нив биле констатирани малигни промени на дојката. Во Македонија најмалку 14 медицински центри низ целата земја мораат да го имаат ехо апаратот За една жена која е заболена од рак на дојка се издвојуваат 15.000 евра за нејзин третман, а еден ехо апарат чини 25.000 евра |  |
Политички менаџмент и инструменти за применета политика во земјите во развој и транзиција - случај Македонија
Дали навистина сакаме да ги спроведеме реформите?Слабо квалификуван кадар и недостаток на волја – замки поради кои не можеме да одиме напред |  |
Панел: Децентрализацијата во Македонија : До каде сме?
Градоначалниците главно задоволни од стартотГрадоначалниците на Струга, Кичево, Гостивар, Чаир, Куманово и Карпош ги изнесоа негативните и позитивните аспекти на новиот процес во земјата |  |
НВО Саем - 5 Форум на граѓанското општество во македонија
Информација за настанНВО Саемот- 5 Форум на граѓанското општество во Македонија ќе се одржи од 9 до 11 декември 2005 година на Скопски саем. На НВО Саемот можат да учествуваат: - здруженија на граѓани и фондации регистрирани во Македонија; - странски и меѓународни организации и агенции со седиште во Македонија; - Владини институции (министерства, агенции). На НВО Саемот ќе бидат поканети и гости од регионот. |  |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|