среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Мај

   

Нов проект за подобри мали и средни претпријатија

Поддршка на претприемништвото во Македонија

Без успешни мали и средни претпријатија, не може да има ни успешни големи прептријатија

 Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), Штедилница Можности, во соорганизација со Единицата за координација на проектите ИФАД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), СЕЕД и Фондот за кредитирање на мали и средни претпријатија (Фонд МСП), на 11 мај, годинава, во Скопје, во х. Холидеј ин, ги презентираа активностите предвидени со проектот „Поддршка на претпремништвото во Македонија“.

„Досега постоеше значителен географскиот дисбаланс на употреба на заеми за малите и средните претпријатија. Многу поактивен беше вардарскиот регион, отколку пелагонискиот, охридскиот или полошкиот регион. Со спроведувањето на овој проект планираме да се доближиме до претриемачите од сите региони во Македонија и да видиме со кои проблема се соочуваат тие при барањето или користењето на заеми“, истакна Сашо Клековски, застапник на МРФП.
Проектот ги доближува информациите до крајните корисници за изворите на средства за поддршка на претприемништвото во Р. Македонија и дава придонес во формирање соодветни услови за развој на МСП.

„И министерството за економија е активно вклучено во овој проект. Развојот на малите и средните претпријатија е многу битен за секое општество. Во западните земји тие учествуваат со 60 проценти во целокупното стопанство на земјата. Без успешни мали и средни претпријатија не може да има ни успешни големи прептријатија“, рече министерот за економија, Стевче Јакимовски.
Во рамките на проектот, во 13 градови низ Македонија, организаторите ќе го промовираат проектот „Поддршка на претпремништвото во Македонија“, започнувајќи од Битола, веќе од наредниот ден, на 12 мај. Потоа ќе следуваат Кавадарци, Струмица, Куманово, Велес, Кочани, Тетово, Гостивар, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Штип, со завршна презентација во Скопје. Ваквиот пристап е само мал придонес во намалувањето на дебалансот кој постои во регионалната дистрибуција на кредитите и другата поддршка на претприемништвото во Македонија. Организаторите, за таа цел, подготвија публикација, која го носи истиот наслов на проектот - „Поддршка на претпремништвото во Македонија“, во која се презентирани  кредитни линии и други финансиски услуги, финансиски институции преку кои се спроведуваат кредитните линии, програми и проекти во делот на нефинансиски услуги  и  вклучени консултанти во одделни кредитни линии. Публикацијата ќе биде дистрибуирана за време на презентациите и има за цел да им го олесни пристапот на претприемачите до сите извори кои значат поддршка на претприемништвото во Македонија.


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA